Словата и Словото
Свечена сала на Факултетот,
05.12.2019, 09:15 часот
Третиот Светиклиментов научен собир, на тема „Словата и Словото“, ќе се сосредоточи врз темата за словесноста, разбрана како основна карактеристика на човековото битие. Оваа фундаментална антрополошка претпоставка на европската мисла е присутна уште во антиката, каде примарно укажувала на човечката разумна, т.е. рационална способност. Но, полисемантичκиот философски поим „слово“ (λόγος), во христијанската антропологија добива една суштински нова димензија – личносната. Човекот е уникатно создание поради тоа што го носи образот и подобието Божјо во себеси, т.е. поради тоа што негов архетип и парадигма е самото Слово на Бога, втората ипостас на Света Троица. Човекот е „словесен“ не само затоа што е „рационално суштество“, туку заради тоа што тој во себе го носи самото Слово Божјо. Тоа, пак, ги опфаќа во себеси останатите „слова“, т.е. останатите значења и димензии на поимот „слово“.
Научниот собир „Словата и Словото“ има за цел да ја визира многуслојноста на прашањето за словесноста во контекст на философијата, филологијата, лингвистиката, книжевноста, психологијата, историјата, правото, социологијата, уметноста и архитектурата – и да ги постави во релација со православното богословие и да ги лоцира можните точки на нивно взаемно проникнување и синтетизирање.
Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ –СкопјеПравославен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ –Скопје
ТРЕТ СВЕТИКЛИМЕНТОВ НАУЧЕН СОБИР
на тема:
СЛОВАТА И СЛОВОТО
Свечена сала на Факултетот, 05.12.2019, 09:15часот
П Р О Г Р А М А
09:15Отворање на научниот собир
Јован Белчовски
КУЛТОТ НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ИЗРАЗЕН ВО ФРЕСКОПИСОТ
10:00Прва работна сесија(Работно претседателство: Милан Ѓорѓевиќ, Кирче Трајанов)
Венко Андоновски
ЗОШТО ЛИНГВИСТИКАТА И НАУКАТА НУЖНО ВОДАТ КОН БОГА
Ѓоко Ѓорѓевски
СЛОВОТО БОЖЈО ВО СТАРИОТ ЗАВЕТ
Ратомир Грозданоски
ВО ПОЧЕТОКОТ БЕШЕ СЛОВОТО...
Цане Мојаноски
ВЕРСКИОТ ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ И ПОЛИТИЧКИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ -СОВРЕМЕНИ СОСТОЈБИ, СЛИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ
Марија Гиревска
ХРИСТИЈАНСКАТА КУЛТУРА КАКО ИЗВОР НА РЕАЛНОСТА НА ЕВРОПСКАТА КНИЖЕВНОСТ
10:50Дискусија
11:10 Втораработна сесија
Катица Ќулавкова
ПОЕТИКАТА НА МОЛИТВАТА И НА АЗБУЧНАТА МОЛИТВА
Ристо Солунчев
ТРАНСЦЕНДЕНТНОТО И ИМАНЕНТНОТО ВО ЦРКОВНАТА МУЗИКА
Димитри Кумбароски
ЗА ДУХОВНИТЕ И СЕТИЛНИТЕ АСПЕКТИ НА ЦРКОВНОТО ПЕЕЊЕ (за божествените логоси и за човечките елементи во црковното пеење)
Марија Тодоровска
ЛОГОСОТ КАЈ АЛЕКСАНДРИЈЦИТЕ (Филон, св. Климент и Ориген)
Виктор Недески
„ЕДНАТА ВОПЛОТЕНА ПРИРОДА НА БОГА СЛОВОТО“ –ОД АПОЛИНАРИЈ ЛАОДИКИСКИ ДО СВЕТИ КИРИЛ АЛЕКСАНДРИСКИ
Калистрат Санџакоски
ПАТОЛОШКАТА ИДЕЈА ЗАУБИВАЊЕ КАКО ФИКСАЦИЈА И ПСИХОЗА
12:10Дискусија12:30 Пауза
12:50Третаработна сесија(Работно претседателство: Ѓоко Ѓорѓевски и Дејан Борисов)
Емилија Црвенковска
МНОГУЗНАЧНОСТА НА ЛЕКСЕМАТА СЛОВО ВО ЦРКОВНОСЛОВЕНСКАТА ТРАДИЦИЈА
Димитар Пандев
СЛОВОТО И СЛОВЕСНОТО ВО СЛОВАТА НА КРЧОВСКИ И ПЕЈЧИНОВИЌ
Бобан Карапејовски, Марија Пандева
ЗА НЕКОИ ОСОБЕНОСТИ НА ЈАЗИКОТ НА КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ
Милан Ѓорѓевиќ
ЗА ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТО И СВЕТОСТА НА ПРЕПОДОБЕН КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ
Емил Ниами
ДОМОСТРОЈ: ПРАВИЛАТАИ НОРМИТЕ НА СЕМЕЈНИОТ ЖИВОТ ВО РУСИЈА
Кирче Трајанов
ДИЈАЛОШКИОТ КАРАКТЕРНА ЦРКОВНАТА ПРОПОВЕД
13:50Дискусија
14:10Четвртаработна сесија
Драган Зајковски
ЖИТИЕТО НА 15-ТЕ ТИВЕРИОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ КАКО ИЗВОР ЗА ЕПИСКОПИЈАТА НА БРЕГАЛНИЦА ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА IX ВЕК
Метин Изети
КУРАНОТ-БОЖЈА РЕЧ И УНИВЕРЗАЛНА ВРЕДНОСТ
Анета Јовковска
БОЖЈОТО СЛОВО –ОСНОВА НА ПРАВОСЛАВНАТА ХРИСТИЈАНСКА ПЕДАГОГИЈА КАКО НАУКА
Илче Мицевски-Игнат
ЧОВЕЧКИОТ УМ И НЕГОВАТА РЕАЛНОСТ -КОНВЕРГЕНЦИИ И ДИВЕРГЕНЦИИ ПОМЕЃУ НЕВРОНАУКИТЕ И ЦРКОВНИТЕ ОТЦИ
Стефан Гоговски
СЛОВОТО БОЖЈО И СВЕТОТО ПИСМО. БОГОСЛОВИЕТО КАКО ПАТ КОН ОХРИСТОВУВАЊЕ НА ЧОВЕКОТ
15:00Дискусија15:20 Завршен збор
Извор: