Културната установа „Блесок“ в недела, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, во 20 часот ќе го промовира 35. издание на „Transcript“- eвропска е-ревија“ за меѓународна книжевност, посветено на македонската книжевност со поезија, проза и есеи од деветнаесет автори. Ова е-списание го издава „Книжевност преку граници“ (Literature across frontiers), европска платформа за книжевна размена која ја промовира современата книжевност на англиски, германски и француски.
Македонското издание на „Транскрипт“, уредено од Игор Исаковски, е резултат на соработката помеѓу „Блесок" и „Книжевност преку граници". На промоцијата во Градска библиотека освен обраќањата на Франческа Рутерх, уредничка на „Транскрипт“ и Игор Исаковски, ќе се одржи книжевна вечер со дел од авторите застапени во изборот. (Н.П.)
Извор: http://www.time.mk/read/d33931b1c4/db70ab602f/index.html