Премин Портал

Кожувчанка

Плаошник

Неодамна го прославивме патронот на градот – светиот Климент Охридски. За него многумина не знаат дека всушност бил епископ Велички – област за која денес не се знае со сигурност каде точно се наоѓала, но сигурно не станува збор за Охрид. Веројатно е област на јужното крајбрежје на езерото. Но, каде и да епископствувал свети Климент, со сигурност овоземниот живот го завршил на Плаошник, во манастирот што сам го изградил надвор од својата епархија, на локација која ја добил како подарок од цар Борис Михаил.

Поголемиот дел од неговите мошти почиваат таму до денес. Го прославивме со богослужби, со церемонии и манифестации од секаков карактер, како што и доликува достоинствено да биде прославена личноста со која градот се идентификува. Поминаа прославувањата, а градот продолжи со својот живот во „летен ритам“. Мене, пак, ми остана една мисла која решив да ја споделам. Ако се идентификуваш со некого, значи дека го почитуваш и подражаваш неговиот живот и дело. Целосната негова личност, а не одредени сегменти. Можеби не знаеме каде се родил и каде епископствувал нашиов патрон, но со сигурност знаеме дека во неговото училиште за веронаука денес наречено Охридска книжевна школа поминале околу 3500 ученици. Некој ќе ми забележи што го нареков училиште за веронаука, а не „училиште за калемење“, но фактите говорат дека богословието било основната цел на дејноста на свети Климент – „духовна просвета на народите мизиски“, а останатите науки и вештини кои се изучувале биле „придружни членки на универзитетот“.

Токму овие неколку илјади перспективни светиклиментови ученици се темел на културата со која Охрид се гордее. Не знам кога започнувала и кога завршувала образовната година во светиклиментовото училиште, но наскоро ќе започне нова учебна година – и овој пат без ниту една паралелка во Охрид која ќе изучува Веронаука (т.н. Етика на религиите).

Официјалните законски одредби велат дека за изборот одлучуваат родителите заедно со своите деца. Немам ништо против тоа уште еден социолог кој ќе предава „Историја на религиите“ да обезбеди гола егзистенција. Но, очигледно за црковните вредности на кои свети Климент ја засновал својата дејност, веќе нема место во образованието.

Последиците од ваквата дезориентираност веќе се насетуваат. Но, за да не зборуваме пристрасно да видиме што велат светски познатите социолози за пропагирањето на ваквата палета на микс-вредности на синкретистичката „Историја на религиите“. Образование значи „формирање на образот“, градење на личноста, а секако еден сегмент од образованието е и стекнување на знаење.

Значи примарно во образованието е градењето на личноста преку стекнување на одредени вредности. Социолозите и психолозите велат дека од мигот на раѓањето, па сѐ до смртта човекот прифаќа одредени вредности, стекнува знаења, развива способности и на тој начин се интегрира во општеството – се социјализира. Еден од најстудиозните истражувачи кои се занимавале со феноменот на социјализацијата – Емил Диркем, како најголема пречка во овој процес го истакнува беззаконието. Во последно време беззаконијата се сѐ побројни, па да навлеземе малку во значењето на овој збор. Многумина мислат дека „беззаконие“ е недостаток на закон. Спротивно на тоа! Колку повеќе закони имаме, толку побројни се беззаконијата. Зошто? Според Диркем беззаконието е индикатор за недостиг на заеднички вредности, општествени норми, кои го одредуваат изборот и одот на поединецот, а со тоа и на општеството во целост. Кога едно општество нема систем на заеднички вредности, тогаш постои конфузија на идеи, збрка на вредности и токму од тука потекнува беззаконието. Така, луѓето кои немаат вакви заеднички вредности имаат потреба од закони според кои ќе се управуваат и кои со сила ќе им наложуваат што треба, а што не треба да прават. Еден услов за да постојат вакви заеднички вредности кои ќе создадат здраво општество е развивањето на општествената и културна свест. Што е општествената свест? Секако таа е акумулација од личната свест на поединците, зашто надвор од човекот нема свест. Кога нема здрава општествена свест, честа е појава на душевни пореметувања, зашто внатрешниот живот на човекот нема здрав темел, нема сигурна котва. Ете зошто се потребни многу закони – за да се реши оваа конфузија на вредности. А, кога има многу закони – неизбежно е нивно непознавање и следствено прекршување на истите, што се изразува со зборот „беззаконие“. Па како сакаме да имаме здрави личности ако го немаме „Архимедовиот лост“ на здрави вредности, кој ќе биде клучен општествен двигател од најраната возраст. Ако на едно дете му кажеме дека „Постои и Христос, постои и Конфучиј, постои и Буда и сите тие кажале по нешто убаво, и сето тоа е религија…“ – создаваме само конфузија во детската глава. Додека очекува да научи нешто, ние му даваме послужавник со сите овие нешта: „Повели, избери“. Врз основа на кои вредности да избере? Според кој критериум?! Ако личноста не почне да се гради од една здрава основа, да знае каде е и што е, како ќе може да застане и да дискутира и расудува, подоцна во пубертетот и во возраста на негирањето, критиката, сомнежот и преиспитувањето? Како аргумент против изучувањето на верските вредности (Веронаука) е ставот дека тие „осудуваат и ограничуваат“, и дека во мултиетнички општества како нашево, лесно може да доведе до разгорување на страстите помеѓу различните вредности. Нема да одам предалеку. Ќе кажам само дека христијанството (на пример), другиот – различниот го нарекува „ближен“, а љубовта кон него ја истакнува како највозвишена добродетел. Зарем е штетно едно дете да го знае ова и да го негува? Но, за да го прифатиш различниот, и ти треба да знаеш каде си и што си. Во спротивно ќе бидеш отворена шуплина во која влегува и излегува сешто. Така, апсурдно е верско образование кое едвај се изучува во една година од основното образование да биде компаративно, зашто ќе создаде психолошки проблеми, а утре овие личности нема да можат да создадат едно здраво општество, чии членови ќе го негуваат сегментот „ние“. Тоа е основата на здравиот идентитет. Различноста не значи непријателство. Теоријата на општествениот поредок вели дека не може да се одржи едно општество ако не ги одреди границите на вредностите според кои се резликува од другите општествени целини со кои доаѓа во контакт. Некој ќе рече: „Зарем предметот на синкретистичката ’Историја на религиите’ ќе ни го уништи општеството?“ Клучот е во тоа што религијата е основен елемент на заедницата. Верата е одговор на битовото прашање, според кое човекот си го уредува секојдневието, го гради животот и односот кон другите. Вредностите се градежни материјали на општеството. Кога не постојат овие материјали, постои ризик градбата да се сруши во секој миг. Ете каде е проблемот на микс-вредностите што ги дава предметот „Историја на религиите“. Дури и кога едно општество од политички причини ќе биде уништено, или расцепкано, клучот кој може да доведе до обединување е неговите чинители да се стремат кон исти вредности. Во 2004 година во САД излезе од печат книга на познатиот социолог Самјуел Хантингтон со наслов „Who are we?“ (Кои сме ние?), која го анализира токму овој проблем на мешање и губење на вредностите на територијата на САД, а со тоа и на идентитетот. САД се изградени на основа на вредности поставени од Џорџ Вашингтон – „белиот англосаксонски протестант“. Со изместувањето на овие вредности се создаде проблемот кој го третира Хантингтон. Еве што велат социолозите, дури и оние од релативно новите општества како што се САД. Па, зарем имаме потреба од други аргументи? Овие ќе бидат последиците од компаративното вероучение на возраст на која се градат основните вредности на човекот. Ќе се случи едно невешто оштетување на младите генерации. Затоа да се вратиме на коренот на светиклименотвото слово, кое декларативно сите го почитуваме и со кое се фалиме. Да го направиме тоа додека сѐ уште има време и да ги сочуваме вредностите врз кои со векови се градело нешето општество и кои станале генетски код на нашиот човек, зашто ако не го негуваме своето, ќе знаеме ли да го почитуваме и вреднуваме туѓото?!

Виктор Недески
Извор: http://agapi.mk/obrazot-na-obrazovanieto/



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1816
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2132
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3737
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3981
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная