логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Многу новинари и многу луѓе кои ги следат новинарите, кои критикуваат и обвинуваат, не разбираат дека новинарската дејност не е судска дејност. Првите често обвинуваат и пресудуваат, вторите или не знаат, или не сакаат да знаат дека новинарот по дефиниција мора да критикува. За судот, некој е невин се додека не се докаже дека е виновен, но за новинар кој се води според правилото дека каде што има чад има и оган, некој (над кого се дига чад) е виновен се додека не се докаже спротивното. За новинарот но и за многу други, некој може да биде виновен иако судот никогаш не докажал вина и не го осудил
 
Ослобоѓење - Сараево

15 февруари 2011

За важната и одговорна улога на медиумите, печатени и електронски, јавни радио-телевизиски сервиси, приватни телевизии, интернет новинарство, т.е. разни интернет социјални мрежи, за важната улога на новинарите во јавниот, општествен, политички и демократски живот на нашата земја често се говори, расправа, полемизира. Во тие расправи многу малку се занимаваме со вистински прашања. Малкумина се тие кои во слободните медиуми гледаат еден од најважните столбови на демократското општество.

Нашите јавни медиумски сервиси се наоѓаат во катастрофална состојба. Новинарите водат партиска и своја приватна политика, дури и во јавните радио-телевизиски сервиси. Медиумите се корумпирани бидејќи мораат да ги заведуваат гледачите. Затоа константно и континуирано се случува со години да критикуваат одредени политички партии, т.е. нивните лидери, избегнувајќи да ги критикуваат тие кои со години ги избираат на власт.

Кога гледате како нашите медиуми со години стравично прикажуваат некои политички лидери, „мудро“ молчејќи за тие кои ги избираат, може да помислите дека политичките лидери на власт доаѓаат од некоја друга планета. Како што политичките партии се додворуваат на гласачите, како што производителите се додворуваат на своите потрошувачи, така и медиумите се додворуваат на своите гледачи и читатели. И тие добро знаат дека се се продава, дека се е на продажба.

Посебна приказна е тоа дека некои медиуми со својата уредувачка политика со години придонесуваат за национална-политичка хомогеност на РС и медиумска поделба во БиХ. Кога претставници на медиуми, посебно на јавни сервиси ќе се соочат со нивните сериозни слабости, тие од себе ја отфрлаат одговорноста лаконски одговарајќи дека медиумите се само огледало на општеството. Тие кои не ги сакаат новинарите и не ја разбираат нивната дејност, сакаат на новинарите да го укинат правото на критики, да напаѓаат, да обвинуваат.

Многу новинари и многу луѓе кои ги следат новинарите, кои критикуваат и обвинуваат, не разбираат дека новинарската дејност не е судска дејност. Првите често обвинуваат и пресудуваат, вторите или не знаат, или не сакаат да знаат дека новинарот по дефиниција мора да критикува. За судот, некој е невин се додека не се докаже дека е виновен, но за новинар кој се води според правилото дека каде што има чад има и оган, некој (над кого се дига чад) е виновен се додека не се докаже спротивното. За новинарот но и за многу други, некој може да биде виновен иако судот никогаш не докажал вина и не го осудил. На пример, за многу од нас Милошевиќ е виновен иако неговата вина не е судски докажана, се разбира бидејќи почина пред крајот на судењето.

За медиумите и новинарите, за нивната (не)професионалност, (не)објективност и (не)пристрасност всушност најчесто се зборува или галами; се обвинуваат; се жалат на нив; се демантираат или се тужат; им се додворуваат или од нив се плашат; се пренагласува нивната улога или се игнорираат.

Ми се чини дека прашањето за позицијата, значењето и одговорноста на медиумите и новинарите во нашата општествена стварност, вреди за наше многу поголемо, посериозно и најважно поинакво внимание. Бидејќи на овој начин како што кај нас главно и најчесто се проблематизираат медиумите и новинарите, ништо не се постигнува.

Од една страна, секој реагира само кога тој директно е погоден. Ние не се интересираме за јавниот збор, позицијата на медиумите, нивните проблеми и задачи, правата и обврските, додека самите не дојдеме на ред. Во расправа за доверба во медиумите и веродостојноста на јавниот простор влегуваме главно кога сме „заинтересирана“, „спротивна“, „обвинета“ страна. Тоа е првата причина поради која нашето занимавање со медиумите не дава никакви резултати и не води кон ништо.

Имено, може да се прифати дека некои медиуми, посебно јавните медиумски сервиси, често делуваат како десна рака на некоја партија. Некои политички партии, некои политичари, некои јавни лица се гости во некои телевизии, телевизиски емисии, со изјави во весници кои се неосновано нападнати, навредувани, обвинувани. Но, кога политичките партии возвраќаат на такви напади, навреди и обвинувања, на нив во право се упатуваат критики дека ја загрозуваат медиумската и новинарската слобода. Ако покрај тоа имаме обичај да реагираме само кога нешто се однесува лично на нас, тогаш тоа само по себе е дискредитирачка состојба.

Се работи за тоа дека сите ние, а не само политичките партии, мора да реагираме принципиелно. А да се реагира принципиелно значи бавење со политика во најдобра смисла на зборот. Со други зборови, да се реагира принципиелно, значи да се реагира и тогаш кога нешто директно лично, т.е. приватно се однесува на нас, бидејќи и тоа како се однесува во поглед на општиот интерес, т.е. политичкиот живот. Кај нас за жал често случајот е обратен. Кај нас често политиката е само тоа што директно и лично, т.е. приватно се однесува на нас.

На пример, во таа смисла верувам дека многу е интересно да се направи еден преглед на јавните реакции на босанскохерцеговските интелектуалци во последните на пример десет години и да се установи колку пати изнеле свој став за некое помалку или повеќе важно прашање од нашиот јавен живот, а за тоа свое јавно мислење не биле директно заинтересирани или претходно критикувани.

Од друга страна, наспроти сите големи проблеми, сериозни аномалии и слабости и чести страшни промашувања и пропусти, нашите медиуми и новинари, општо земено, вршат значајна улога во процесот на демократијата во нашето општество, во изградба на каква-таква јавност, во борба против криминалот и корупцијата. Каква и колку значајна улога во нашето општество имаат медиумите, такви какви што се – тоа можеме да си го приближиме низ една имагинарна вежба.

Да замислиме, а како што стојат кај нас работите не мораме ни да замислиме, дека во нашата земја на пример шест месеци ништо не работат тие кои граѓаните ги гласаа на избори: пратениците, советниците, премиерите, министрите. Да биде вежбата добро и точно изведена, работат само државнте службеници, службите, секретари, шефови на кабинети. Избраните политичари шест месеци никаде ги нема. Дали нешто страшно би се случило?

А сега да замислиме друга состојба. Формирани се сите власти, поставени премиери, сите министри, нивни помошници, советници, секретарки, автомобили, мобилни и сите нешто работат, а во Босна и Херцеговина, шест цели месеци ниту еден ден не излегува ниту еден весник, ниту еден ден не работи ниту една телевизија, ниту еден новинар, ниту една вест, извештаи, истражување, репортажа! Дали смееме да замислиме таков информативен мрак и таков молк? вз/



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци
Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1440
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2956
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3089
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1834
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная