логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Дали во тие провокации од скопјани за кои зборува Самарас спаѓа и подвигот на нашите кошаркари, кои ја оставија олимписка Грција далеку назад, во правот на македонските петици, на Европското првенство? Или и тие, ако Самарас се погрижи, ќе станат Грци? Само да не им прочепка по ЕДНОТО и ИСТО родословие на Бо, Антиќ, Самарџиски... Вистинска дисеминација на култури, „обединети бои на Бенетон“. Ама боли, кога играат со едно срце и под едно знаме!
 
 
 

Писма до душевадникот

Грчкиот опозиционер Антонис Самарас пред некој ден упати јасна порака и до неговиот политички опонент Папандреу, но и до „скопјани“ (кои според него упорно провоцираат). Рече: „Македонија е една и грчка“. Поточно, дека „оваа Македонија, наша Македонија, грчка Македонија е една“ и дека нема да се дозволи нејзиното наследство да биде жртва на иредентистичките заложби на скопјани. И, се разбира, побара промена на уставното име на Македонија.

Неколку работи мене, како човек што не е по професија политички аналитичар, во оваа изјава не ми се јасни. Ќе пробам да си ги разјаснам од еден семиотички агол.

Најпрвин, да се задржам на заменките - показната заменка „оваа“ и заменската придавка „наша“ (Македонија). Тие знаци во науката за знаците се викаат деиктици. Тоа се знаци што немаат однапред утврдено речничко значење, туку добиваат смисла во зависност од тоа кој ги изговара. Кога Самарас ќе каже „оваа“ или „наша“ (земја) и кога јас ќе кажам „оваа“ или „наша“ (земја) – тогаш зборовите „оваа“ и „наша“ не значат исто – Самарас веројатно мисли на Грција, а јас на мојата земја, Македонија. Кога Самарас ќе каже „јас“, тоа јас се исполнува со едно значење (грчки опозиционер со цврсти антимакедонски ставови), а кога јас ќе кажам „јас“, тој збор се исполнува со друго значење (македонски писател што нема антигрчки ставови и кој се труди на различните од него да не им го одбива правото на различност). Во својот исказ Самарас неосетно ама перфидно прави едно ПРИСВОЈУВАЊЕ на правото на Другиот да се чувствува како Друг. Почнувајќи од најнеодредениот деиктик - „оваа“ (тука дури и имам шанси да поверувам дека мисли и на некаква моја Македонија), поминува на поопределениот деиктик - „наша“ (а бидејќи беседата е изговорена пред Грци, тоа значи - нивна, па јас и мојата Македонија сме дефинитивно исклучени од неговиот исказ). Конечно, со третиот, целосно определен збор, кој не е деиктик, туку придавка („грчка“), во таа тричлена градација на ПРИСВОЈУВАЊЕ на другиот („оваа“ – „наша“ – „грчка“), тој не само на Грците туку и на сите негрци (и мене) им соопштува дека Македонија е Грција, и дека е тоа чист идентитет. Со тоа јас, како различен од него сум укинат, исклучен и ПОГРЧЕН. До кога Европа ќе толерира вакви шовинистички искази?

Јас, меѓутоа, знам дека сета постмодерна филозофија покажа дека НЕ ПОСТОЈАТ ЧИСТИ ИДЕНТИТЕТИ и дека во секој идентитет постојат впишани траги од Другиот, различниот. Го знам тоа и без да студирам историја или политика. Знам од филологијата, дека во секој текст се впишани, понекогаш и на невидлив начин, траги од други текстови, култури, оставени се отисоци од туѓи писма. Во моите науки тоа се вика интерсубјективност, хетероглосија, интертекст. Зошто тоа Самарас не го знае? Или го знае, ама не сака да го знае?

Значи, Македонија (не само во географска туку и во културна смисла) ниту е една ниту е само грчка. Таа е палимпсест. Тоа е реалноста. Кој се лути на реалноста, ќе се лути и на лекарска дијагноза или метеоролошки извештај. Кога Емануел Левинас, еден од најпознатите светски филозофи на идентитетот, особено поради личната засегнатост од последиците на холокаустот (и самиот Евреин од француско потекло), ќе напише: „Субјективноста е Друго-во-Истото“ и дека „Другото во Истото на субјективноста е вознемиреност на Истото кого го вознемирува Другото“, тој нема да знае дека идеално ја опишал вознемиреноста на Самарас. Самарас сака сé ДРУГО да биде ИСТО – грчко. Но не сфаќа дека, ако ништо друго, има барем нешто македонско што не е ГРЧКО – северно од него. Тоа Друго него го вознемирува, односно му го нарушува поимот на сегрчка ИСТОСТ, а со тоа и поимот на субјективност/идентитет. Па не може Самарас да ми тврди (иако јас не сум Левинас, сепак не сум за потценување) дека сум ИСТ со него, кога не сум (освен во класата „човек“). Јас живеам во држава, која во најмала рака не е ГРЦИЈА. И се вика – Македонија.

Со сето тоа, особено со инсистирањето на ЧИСТ ИДЕНТИТЕТ (Македонија е една и е ЧИСТО грчка), Самарас докажува дека е политичар од предминатите векови. Затоа и е националист, склон кон обопштувања, потчинувања на Различниот и Другиот, агресивен и со милитантна реторика. Тој сигурно нема да помогне за решавање на „проблемот со името“, како што недопустливо погрешно го викаат грчките политичари, а нашиве наседнуваат на тој логички тројански коњ. Тоа воопшто не е проблем со името – тоа е проблем со културниот идентитет на Грците. Тие одбиваат да признаат ноторни факти – дека во секоја култура има наслојки и од други и дека културата не е дворот од дедо ми за кој тој ми оставил тапија дека сум единствениот наследник.

Познати се моите ставови околу нашата „антиквизација“. Би си скокнал самиот во устата ако тврдам дека ние сме единствените и чисти наследници на Александар Македонски, кога веќе го цитирам Левинас и тврдам дека не постојат чисти идентитети. Но, сигурен сум дека никој нема право да му забранува на друг да избере име, како што ниеден народ не може да положи право на сопственост на Исус Христос или Буда. Па и тие имаат место на раѓање, ама припаѓаат на сите што се идентификуваат со нив. Самарас се однесува како да не знае дека културите ги дефинира токму тоа – што се интеркултурални, интердискурзивни. Основниот семиотички (знаковен) принцип на секоја култура е дисеминацијата (расејувањето) на сопствените културни знаци во други култури, како и засејувањето на туѓи културни зрна на сопствената почва. Некои ќе никнат, некои не. За тоа влијание на културите од семиотички аспект пишуваше Јуриј Лотман во својата книга „Семиосфера“.

Да не одиме толку во висока наука за да докажеме прост културен факт – расејување или дисеминација. Да се спуштиме на наједноставно ниво: културите и народите не можат никогаш да бидат чисти и поради еден прост и непредвиден од Самарас факт, а тоа е: воините, освојувачите или гостите во „туѓи“ култури секогаш со себе ги носат и своите полови органи. А тоа значи – расејување, миксање родови, народи, гени. Самарас ме убедува дека секој што поминал низ територијата на неговата Грција (и на неговата грчка Македонија) - си ги оставил тестисите дома! Со ова и со теоријата дека јас не сум различен од него, а дека тој е единствениот Македонец на светот – не можам да се согласам.

Да резимирам: го уловивме Самарас како со засилување придавки недозволиво го претопува Другиот сакајќи да го пороби и да го направи Ист со него. Го уловивме дека верува во чисти идентитети, што е одлика на тоталитарни идеологии. Конечно, има уште еден симптом во неговиот говор – дека скопјани упорно провоцираат. За мене ова е најслаткиот дел од неговата изјава, сладок како губење невиност. Дали во тие провокации од скопјани спаѓа и подвигот на нашите кошаркари, кои ја оставија олимписка Грција далеку назад, во правот на македонските петици, на Европското првенство? Или и тие, ако Самарас се погрижи, ќе станат Грци? Само да не им прочепка по ЕДНОТО и ИСТО родословие на Бо, Антиќ, Самарџиски... Вистинска дисеминација на култури, „обединети бои на Бенетон“. Ама боли, кога играат со едно срце и под едно знаме!

Авторот е универзитетски професор и писател
 
   
Автор: Венко Андоновски

Извор: Нова Македонија

Друго:

Интервју со Венко Андоновски

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци
Мај 08, 2026

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените корени. Не само како средство за комуникација, туку како жива историја. Како сведоштво. Како трага што нè води назад – кон тоа кои сме биле, за подобро да разбереме кои сме…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 1440
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 2956
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3088
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2025 година ја доби д-р Иванка Апостолова Баскар

Окт 12, 2025 Ликовна уметност 1833
Ivanka.A.B
Здружението на ликовни критичари AICA Македонија со задоволство ја објавува одлуката на…

Беседи

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

 Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Архиепископ Охридски и Македонски Стефан: Дали сме достојни наследници на св.Клмент?

Вие смисливте зло за мене, но Бог тоа го сврте на добро. Со други зборови, иако Моравската мисија била прекината,

 Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Митрополит Струмички Наум: ДВА НЕРАЗДЕЛНИ УСЛОВИ

Должни сме - на Христос, да оставиме – позади себе, точно Предание. Посебно, кога веќе има .

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Недефинираното и магловитото поимање на духовниот живот е одлична атмосфера во која може да се сокрие нашата индивидуална 

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

Кој не ве слуша вас, од Мене се откажува

 Посебно инсистирам, при подвигот во познание, на „петте контролни точки“ како сублимиран светоотечки метод 

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Митрополит Струмички Наум: КОГА БИ СЕ ПОМЕШАЛЕ ПРВЕНСТВАТА

Само оној, со првенство по духовен авторитет, не боледува од овие детски болести, затоа што - точно ја препознава Божјата волја за себе, па и за другите. 

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/08/2026 - четврток

Свети Евдоким; Светата маченичка Јулита; Свети Јосиф од Ариматеја;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Тропар на светата Христова преподобномаченица Параскева Римјанка 8 август/ 26 јули 20256

Дојдете верни, заедно да и запееме песна на страдалницата Параскева, бидејќи таа во светот сјае со чудеса, прогонувајќи го

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули  2026

Тропар на светата Богомајка Ана 7 август/ 25 јули 2026

Богомудра Ано,во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка која Го роди Животот.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная