Научници од Универзитетот во Барселона веруваат дека во гробница во Египет која потекнува од 6-от или 7-от век на нашата ера, е пронајден еден од раните ликовни претстави на Исус.
Помеѓу останатите коптски слики, лоцирана е претстава на млад човек со кадрава коса и со рака подигната во благослов.
Д-р Жозеп Падро, професор на Универзитетот во Барселона, овој артефакт го оценува како „исклучителен“, а археолозите работат на тоа да ги преведат натписите околу фреската, насликана во правоаголната гробница.
Претставата на Христос во благослов е опкружена со насликани растенија, претстави за кои се верува дека потекнуваат од коптскиот период..
Подземната просторија во која е најдена фреската е долга околу осум метри, длабока четири и одлична сочувана.
Покрај сликата пронајден е и прибор за пишување – метален лонец полн мастило и две пера. Приборот, според тогашните верувања, му бил потребен на покојникот за задгробниот живот.
Сепак, сè уште, како најстари претстави на Христос се третираат фреската пронајдена на територија на денешна Сирија која датира од околу 235-та година, како и таа во римските катакомби Каликсто, претстава на Христос – Добриот пастир која, исто така, датира од 3-тиот век.
http://libertas.mk/%D0%B3%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%98/