12 јули 2012
Вашингтон пост - Вашингтон
Кинеската супер брза железница е потентниот симбол на одот на земјата кон модернизација. Патниците влегуваат во куршумоликите возови и се возат со брзина поголема од 340 километри на час, додека си работат на своите смартфони и читаат списанија за луксузниот стил на живот. Огромната кинеска средна класа амбициозно надоаѓа и ретко кога не е во тек со настаните; бројот на луѓето кои користат кинески микроблогови, слични на Твитер, се проценува дека надминува 250 милиони.
Но чудно, луѓето кои управуваат со Кина, кои сторија толку многу за ослободување на ова итање кон богатството и модерноста, тврдоглаво се спротивставуваат на брзината и на слободата во информатичкото доба. Во обидот да ја совладаат дигиталната револуција, тие создадоа најголема операција за цензура на интернет на светот, со надеж дека ќе го контролираат сето она што луѓето го гледаат, читаат, слушаат и го кажуваат преку мрежата.
Последниот пример за ова се случи на крајот на јуни. Во текст со 4,245 зборови на основа на податоци објавени во јавноста, Блумберг њуз ја опиша акумулацијата на имот од роднините на Ќи Џинпинг, за кого есенва се очекува да стане новиот лидер на Комунистичката партија, а следната година и претседател на земјата. Во текстот стои дека поширокото семејство на Ќи има инвестиции во компании во вкупен износ од 376 милиони долари. Додека немаше никаква намера да му се припише нешто лошо на Ќи, тексто ги соочи семејните бизнис интереси со предупредувањето на Ќи кон политичарите: „Владејте со вашите сопружници, деца, роднини, пријатели и вработени, и не посегајте кон моќ за лична корист“.
Кога овој текст беше објавен на веб страната на Блумберг њуз, кинеските цензори веднаш ја блокираа страната. Исто беа блокирани пребарувањата на микроблоговите на термините „Блумберг“. „Ќи Џинпинг“, и „крунскиот принц“. Ќи е еден од лидерите на кинеската револуционерна борба, новата генерација која е позната како „крунски принцови“, и кои стремат кон моќ и влијание. Уште еден од нив, Бо Ќилај, беше истеран годинава од местото партиски шеф во Чонгкинг, по основаниот сомнеж за вмешаност во скандал со корупција и убиство. Во Кина се појавува се поголема лутина и отпор кон моќните семејства кои се збогатуваат. Тогаш не е за изненадување што цензорите беа брзи во вклучувањето на прекинувачот за текстот за семејството на Ќи.
Цензурата е заснована на страв. Кинеските лидери не можат да толерираат отворени прашања и немири. Но таквата огромна машина за цензурирање е и знак за слабост. Таа ја поттикнува народната недоверба во лидерите, и е во спротивност со светот кој е заснован на комуникациите. Пред една година, супер брз воз влета во станица во предградието на Венжу во провинцијата Жеџинг, и уби 40 а повреди 191 луѓе. Микроблогерите на ова одговорија со илјадници пораки - милиони корисници - известувајќи од местото на настанот и критикувајќи го справувањето на владата со несреќата. Во ова има лекција за Ќи. Наместо да ги блокира извешаите за финасиите на неговото семејство, тој мора да сфати дека како и опасните брзи возови, слободните и отворени информации се критични за иднината на Кина како модерна суперсила. ат/11:12