логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Отворена изложбата „Словенски рaкописи од Македонија” во Кралскиот музеј Мариемонт во Белгија

Брисел, 10 октомври 2012 (МИА) - Во Кралскиот музеј во Мариемонт во Белгија синоќа беше отворена изложбата „Словенски ракописи од Македонија од 13-ти до 19-ти век”, и покрај сите обиди на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев да ја опструира и спречи.

Во присуство на голем број преставници на дипломатскиот кор во Брисел и други почесни гости, Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” со посредство на Валонија Брисел Интернационал ги престави 39-те оригинални ракописи и ракописни црковни книги од 13-ти до 19-ти век, како и копии од 10-ти, 11-ти и 12-ти век, кои претходно биле изнесени од Македонија и се чуваат во музеите во Ватикан и во Санкт Петербург.

Кралскиот музеј Мариемонт во Белгија е со светско реноме и во својата постојана постановка ги преставува оригиналите на богатото книжевно творештво ширум светот. Словенските ракописи претставени на оваа изложба инаку се чуваат во трезорите на академските и на културните институции во Република Македонија, а повеќето се во НУБ „Свети Климент Охридски” во Скопје. Тие се пишувани и илуминирани на пергаментни и хартиени листови од рацете на опитникалиграфи по макеоднски книжевни и скрипторски центри, а се подврзувани ви вкоричувани всо корици обвиткани во орнаментирана кожа. Овие ракописи се сублимат на историските процеси низ кои се развивала македонската писменост, култура и цивилизација и тие имаат исклучителна вредност.

Поздравен говор на отворањето на изложбата имаше македонската министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Таа на почетокот го изрази своето задоволство што белгискиот кралски музеј овозможил да се презентира „прекрасната духовна и материјална вистина за развојот на цивилизацијата на македонското тло”.

- Вечерва пред вас ја потврдуваме историската и суштинската стварност на нашите исклучително вредни ракописи што го посочуваат илјадагодишниот континуитет на писмениот и јазичен развој во Македонија, како дел од цивилизациските текови низ времињата на Балканот и во Европа. Овие ракописи се наш национален културен влог во актуелниот процес на глобализацијата за културно прелевање на народите на “стариот континент” и пошироко, истакна министерката.

Канческа-Милевска посочи дека Република Македонија има длабоки корени во светското културно наследство. - Таа е земја-музеј, земја на археолошки локалитети, цркви и манастири, фрескоживописи, икони, иконостаси, стара архитектура, тврдини, чаршии и многу други движни и недвижни добра од различен вид и период на настанување, посочи министерката за култура.

Во својот говор, таа потсети дека многуслојната културна стратиграфија на Македонија и она што таа и го подарила на Европа и на човековата цивилизација, оставила неброени артефакти изведени во разновидни материјали и облици, карактеристични за одредени историски епохи и цивилизации. Според министерката, културното богатство што го поседува Македонија, од сите историски периоди, навистина е благослов, но и обврска штоо се поставува пред нас со цел да го истражиме, сочуваме и достојно да го презентираме.

- Токму затоа, кутлурното наследство е врвен приоритет на Владата на Република Македонија, бидејќи со негувањето на богатството што го поседуваме на најдостоинствен начин учествуваме во развојот на универзалните цивилизациски вредности и си обезбедуваме неоспорна културна идентификација и почесно место во големото семејство на народите, рече Елизабета Канческа-Милевска.

Министерката за култура истакна и дека Македонија најрепрезентативно го изложува своето културно наследство по престижните музеи и галерии во Европа и светот, истакнувајќи го сопствениот кутлурно-историски идентитет, презентирајќи го како општа цивилизациска придобивка. Таа посочи дека минатата година во Утрехт, Холандија, е презентирана уникатната збирка на ранохристијански теракотни релјефи, иконите од 11-ти век што ја претставуваат византиската култура и целокупното културно богатство на Македонија од четири илјади години пред Христа па се до крајот на 19-тиот век.

- Во Брисел, вечерва Македонија изложува дел од своето сочувано писмено наследство кое е преставено преку словенските ракописи пишувани и илуминирани по макеоднските средновековни книжевни и препишувачки центри од периодот меѓу 13-ти и 19-ти век. Словенската писменост во Македонија се втемелила уште со почетокот на нејзината стандардизација од страна на Светити браќа Кирил и Методиј во втората половина на Деветтиот век, кога истовремено е афирмирана и Третата христијанска јазична култура во Европса, а тоа е словенската. Овие свети браќа го стандардизирале и првиот книжевен старословенски јазик во чија основа влегле македонските словенски говорни елементи. Континуитетот на словенската писменост во Македонија продолжил преку просветителската дејност на Светите Климент и Наум Охридски, основоположниците на Охридската духовна и книжевна школа преку која се пренеле словенските писмени искуства во другите јужнословенски средини, говореше македонската министерка за култура на отворањето на изложбата.

На крајот од својот говор, Канческа-Милевска истакна дека оваа изложба преставува само мал дел од сочуваното словенско ракописно наследство преку кое се потврдува македонската илјадагодишна писмена традиција, се до современите форми на кодификација на македонскиот јазик и на македонското кирилско писмо.

- Иако многу ракописи од нашите простори се наоѓаат надвор од Македонија, тоа не значи дека нашата земја се наоѓа надвор од реалноста. Музеите чуваат, а генерациите паметат. Од срцето на Европската унија, од крвотокот на европската цивилизација, преку изложбата на словенските ракописи од Македонија велике дека Република Македонија и припаѓа на Европа. Присуството на нашата држава во Европа е писмо од сегашноста испратено до иднината, а не до минатото, порача на крајот македонската министерка за култура.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој на секеков начин се обиде да ја опструира и воопшто да спречи да се оствари оваа изложба, исто така беше присутен на отворањето. Во изјава за МИА, тој остана на своите ставови дека се работи за крадење на бугарската историја и дека се работи за бугарски ракописи: - Имам мешани чувства. Се радувам што во Брисел се преставува културно наследство што сега се наоѓа на територијата на денешна Македонија. Но, од друга страна не сум среќен што тоа се преставува необјективно, оти тоа е наше општо културно наследство. Тука гледаме бугарски средновековни книги. Дојдов на изложбата да покажам европски начин на однесување и тоа треба да го правиме и со историските настани и личности што не обединуваат, оти историјата ни е една, изјави Ковачев за МИА, потенцирајќи дека Македонија и Бугарија треба заедно да бидат во Европа и дека лекарството за раните од минатото е европската интеграција.

- Минатото треба да не обединува и коректно, научно базирано на фактите да се претстави. Ова не е 1000-години македонска ракописна традиција. Словенството не обединува, но министерката за култура во говорот кажа дека се работи за македонски ракописи, што не е точно. Таа направи обид да го аргументира сегашниот македонски идентитет со илјадагодишна културна традиција, што не е така. Тоа што Сталин, Тито и Димитров одлучиле да прават македонска нација и идентитет и култура е од ново време, што ние го прифаќаме и признаваме, ламентираше европратеникот Ковачев, кој на прашањето на дописникот на МИА дали се согласува дека бугарската историја настанала од македонската, се збуни и по мала пауза возбудено одговори дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја до почетокот на 20-ти век.

Д-р Михајло Георгиевски, комесар на оваа изложба, посочи дека ракописите претставуваат канонски црковни книги во кои е одразен и македонскиот јазик. Според Георгиевски, ракописите се голема реткост, од 13 до 19 век, како и копии на ркаописи од 10 до 12 век.

- Словенски е поопшт термин. Тука влегуваат и ракописи кои имаат македонска, српска и бугарска редакција. Но, се со белези од македонските говори. Тие се голема драгоценост, голем извор за јазикот и културата има многу записи кои говорат за историјата во Македонија и се сопственост на Република Македонија и најдени се на наша територија и затоа и ги нарекуваме македонски ракописи, рече Георгиевски.

Во врска со провокацијата на Ковачев и неговите обиди да го спречи одржувањето на изложбата и неговото тврдење дека се фалсификува македонската историја преку презентирање на, според него - бугарски ракописи, министерката Канческа-Милевска со одговор дека сето ова јавноста може да го види и се потврдува со факти.

- Ние како држава не би сакале нешто да презентираме, а истото да не е научно докажано и верифицирано. Сите овие ракописи се прикажани во голем број на книги промовирани во Македонија и во странство. Треба да ги негуваме добрососедските односи. А, со Бугарија имаме многу добра и интензивна културна соработка. Имаме размена на изложби, манифестации, па дури и функционира наш Македонски културен центар во Софија. Убедена сум дека и бугарската страна ги негува и треба да ги негува овие односи и култура која преставува идентитет на секоја држава и преку тоа негување да имаме размена на проекти и културни односи, оти сето тоа е дел од светскиот културен мозаик, одговори министерката Канческа-Милевска.

Изложбата во реномираниот музеј ќе трае до 21 октомври и се очекува голем број на лица да го погледнат ова вредно кутлурно и книжевно богатство што за првпат е изнесено од Македонија со цел да го види и светот. бн/8:43

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная