Премин Портал

Кожувчанка

 01_press-aktivnosti_2013_320

 
Во 2013 година реализирани крупни проекти во сите дејности од културата
Петок, 27 Декември 2013 12:23
Е-пошта Печати PDF

01_press-aktivnosti_2013_320Министерството за култура во 2014 ќе има буџет од 3,9 милијарди денари, што е за 11,6 проценти повеќе од 2013 година. Од вкупниот буџет, 1.009.681.000 денари се за програмските активности во дејностите од културата ...

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го истакна оствареното во културата во оваа година, во која Министерството поддржа над 2500 проекти на национални и локални установи, здруженија, невладин сектор и на поединци.

- Тоа е показател дека проектите не само што се финансираат, туку и се реализираат. Имаме успешна, 100-процентна реализација на тоа што е предвидено во програмата и на приоритетите во сите дејности на културата. Многу е важно што културата зазема значајно место и што Владата има должна почит кон уметничките вредности во нашата држава, а тоа се гледа и од целокупната поддршка, во споредба со минатиот период кога културата беше на маргините - рече Канческа-Милевска во отчетот за 2013 година.

Новиот објект на Македонскиот народен театар е најголема капитална инвестиција промовирана во 2013-та, а наредната година, најави министерката, ќе почне изградбата на уште три театри - Албанскиот, Турскиот и Струмичкиот театар, за кои се избрани изведувачите. Отворање се очекува на Археолошкиот музеј и на театарот во Велес, а ќе заврши изградбата на концертната сала на Филхармонијата, која беше стопирана поради стечај на австриската компанија  „Алпине бау“. Избрани се две фирми за  ентериер и за акустика на салата.

Националната стратегијата за развој на културата за периодот 2013-2017 и Законите за филмска дејност и за поддршка на домашната музичка продукција, кои ќе се применуваат од 1 јануари 2014, се најзначајни документи донесени годинава. Првпат беше распишан Конкурс за откуп на ликовни дела, а во 2014 првпат ќе има и конкурси за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската литература на странски јазици и за стимулирање на класичната музика.

02_press-aktivnosti_2013_640

Во отчетот министерката ги посочи остварувањата во издаваштвото (во кое годинава почна нова едиција - „Врвови на светската филозофја, историја и психологија со психоанализа“), во филмот, театарот, археолошките истражувања, музичко-сценската уметност, меѓународните претставувања (Брисел, Стокхолм, Марсеј, Џакарта, Пекинг, манифестациите Венециско биенале, Франкофонски  игри во Ница, саемите на книга), заживување на киномрежата во 14 градови, вработување стручен и уметнички кадар во институциите, нови 11 национални пензии и уште една (трета) титула - национален уметник, измени и дополнувања на Законот за авторското право и сродните права...

Во врска со исчезнувањето на над 160 вредни експонати од Музејот на Македонија, Канческа-Милевска рече дека Министерството за култура соработува во истрагата што ја спроведува МВР, а паралелно прави и своја  инспекција во сите други музеи.

- Ќе се преземат сериозни мерки. Не би давала какви било коментари додека не заврши истрагата. Пралелно со истрагата во Музејот на Македонија, во завршна фаза е инспекцијата во голем број останати музеи и заводи од инспекциските служби на Министерството за култура и ќе излеземе со целосен извештај -  рече Канческа-Милевска.

На прашањето дали таа ќе понесе одговорност за овој случај, одговори дека директорите и секој вработен имаат голема одговорност за чувањето, евидентирањето и изнесувањето на културното наследство и треба да ги спровдуваат законските процедури и правилници за соодветната дејност.

- Министерството за култура и неговите вработени не се одговорни во однос на нешто што е одговорнст на самата институција - додаде министерката за култура.

За  Законот за филмска дејност, кој националните телевизии бараат да биде повлечен, посочи дека е споредлив со законите во други држави и е во согласност со европската кинематографска дејност.

- Имавме средба на која националните телевизии не дојдоа, туку само  кабелските оператори и Здружението на обложувалниците. Филмската продукција е значајна индустрија за секоја држава и сево ова што го правиме за промоција и поддршка на што поголем број филмови од домашната продукција ќе има огромен бенефит за телевизиите, за збогатување на нивните содржини и подигнување на свеста за македонското филмско творештво. Со измените на Законот за филмска дејност ќе им дадеме силна поддршка на филмските режисери и на збогатувањето на македонската кинематографија - рече Канческа Милевска во отчетот за 2013 година.

 Извор:Министерство за култура на Р. Македонија

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1704
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2117
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3717
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3966
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная