Премин Портал

Кожувчанка

Струшките вечери да останат мултијазични

На фестивалот се зборува на јазици од сите светски меридијани - апсурдно е да се бара тој да биде двојазичен,вели писателотПетре Бакевски

Апсурдно е да биде двојазичен фестивалот Струшките вечери на поезијата, кога речиси пет децении се залага за повеќејазичност, за спојување на поети од целиот свет кои создаваат дела на разни јазици, велат наши писатели. Тие реагираат откако Џеми Хајредини, член на неодамна именуваниот Управен одбор на фестивалот, побара СВП да се одржуваат на македонски и на албански јазик.

Писателот Петре Бакевски вели дека е нелогично за најголемиот европски меѓународен поетски фестивал да се бара двојазичност, бидејќи така фестивалот ќе го изгуби својот интеркултурен сјај.

- Ако во изминатите пет децении создадовме нешто горделиво, нешто што го распославме преку сите меридијани, тоа се Струшките вечери на поезијата. Струга е поим за културно спојување во целиот свет. Тоа е постигнато преку контактите на сите јазици што се случуваат на фестивалот. Поезијата не познава еден или два јазика. Таа е светска. Затоа авторите своите творби ги читаат изворно на јазикот на кој тие се напишани. Идејата за интеркултурна соработка СВП ја почнаа многу одамна. Обидот сето тоа да се смали, да се сведе на два јазика, е пазарење „на ситно“ со кое фестивалот ќе биде набиен во агол во време на обезличување на културниот идентитет - вели Бакевски. Академик Луан Старова апелира во организацијата на фестивалот да се вклучи Советот на Струшките вечери што беше составен пред три години. Тој смета дека на тој начин ќе се избегнат сите проблеми со кои сега се соочува СВП.

- Ова се само споредни и измислени проблеми што само им штетат на Струшките вечери. Во овие моменти е најдобро да му се даде моќ на Советот за да го поведе фестивалот, зашто во тоа тело членуваат автори кои Струшките вечери ги водеа во нивните златни денови. СВП е манифестација на сите и во себе носи обединувачки, а не разединувачки дух - вели Старова. Поетот Михаил Ренџов смета дека величината на СВП е во тоа што постои можност да се чуе творештво и на јазици што ретко се слушаат кај нас. Да се сведе сето тоа на некаква двојазичност, вели Ренџов, е неприфатливо за ниту еден творец што верува во идејата за јазично поврзување на народите и културите од разни меридијани. Струшките вечери со својата полифонија од јазици се како една Вавилонска кула. Убавината на фестивалот е што на едно место можат да се чујат и арапски, украински, шпански јазик како белези на нациите во светот денес - вели Ренџов.Академик Катица Ќулафкова е категорична дека фестивалот е светски, а не локален. Затоа Струга може да си направи своја поетска манифестација, но тоа не може да биде СВП.

- Не треба да се дозволи двојазичност. Тој фестивал треба да биде настрана од политичките превирања и да си премине во рацете на Друштвото на писателите на Македонија - вели Ќулафкова и додава дека на фестивалот треба да му се даде повеќе внимание за промоција на македонскиот јазик и творештвото на нашите автори.

Од Министерството за култура, кои го назначуваат раководството на фестивалот, се категорични дека ќе остане досегашниот концепт на спојување на поети од различни јазични средини од светот.

- Ќе направиме се' за фестивалот да не изгуби ништо од својата величина што ја гради речиси пет децении. Тој во светската култура денес е познат како фестивал што по концептот на повеќејазичност спојува автори од целиот свет. Треба да се задржи концептот на голема поетска манифестација. Не сме тесногради за да ја сведеме повеќејазичноста на само два јазика. Во текот на Струшките вечери, како и досега, треба да се зборува на сите светски јазици зашто на тој начин се креираат културните мостови, кои се основна замисла на фестивалот - велат од ресорното министерство.

Независно од идејата за двојазичност, од Дирекцијата на фестивалот велат дека деновиве забрзано работат на подготовките за избор на нов лауреат на Струшките вечери.

Илјаз Османи нов претседател  на Управниот одбор на СВП

Илјаз Османи, поет кој работи како наставник по албански јазик е назначен за нов претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Тој ќе дојде на местото на поетесата Пунторие Муча-Зиба, која пред само една недела беше поставена на челната позиција во Одборот.  Муча-Зиба е сменета од позицијата зашто една недела по именувањето не свика состанок на членовите на Управниот одбор, кои треба да изберат добитник на наградата „Златен венец“ и да ја подготват програмата за фестивалот. Во мината недела таа беше во приватна посета на САД. Во Одборот остануваат да членуваат авторите Љавдрим Елмази и Бранко Цветковски. Од локалната самоуправа од Струга во Одборот ќе членуваат Џеми Хајредини и поетот Разме Кумбаровски.

Тоше Огњанов



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1707
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2121
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3719
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3969
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная