логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

10.04.2016, 16:42

Видеа во живо и на „Фејсбук“

Социјалната мрежа објави нови можности за да го засили своето емитување во живо, вклучувајќи и филтри слични на „Инстаграм“, како и способноста да најде стриминг од други видеа

Социјалната мрежа во средата обелодени нови можности за својата услуга на стриминг во живо, која ќе им овозможува на луѓето да емитуваат во живо видеозаписи преку интернет со користење на камерата од телефонот. Овие видеостримови можат да бидат видени од други луѓе на „Фејсбук“.

Меѓу новите можности: гледачите ќе може да кликнат на новите „реакции“ на „Фејсбук“ - емотикони за „лајк“, „љубов“, „вау“ и други емоции - во секое време во текот на преносот во живо. (Тоа повеќе личи на алатка на фокус-група.) И ако вие сте тој кој го прави стримингот во живо, ќе бидете во можност да додадете филтри на видеото, како и еднобојни или сепија тонови.

„Влегуваме во оваа нова златна доба на видеото“, изјави извршниот директор Марк Цукерберг за „Базфид“. „Не би бил изненаден, ако ’премотате напред‘ пет години, да увидите дека најголем дел од содржината што луѓето ја гледаат на ’Фејсбук‘ и ја споделуваат на секојдневна основа е видео“.

Ажурирањето на „Фејсбук лајв“ доаѓа како што се зголемува конкуренцијата меѓу стриминг услугите во живо. Најголемиот конкурент на „Фејсбук“ во оваа област е апликацијата „перископ“ на „Твитер“. Исто така, има шпекулации дека „Јутјуб“ на „Гугл“ подготвува сличен производ кој ќе се нарекува „Јутјуб конект“.

Фактот е дека стримингот во живо е преполн пазар. Една компанија, „Мееркат“, веќе беше принудена да се откаже од услугите за стриминг во живо, иако не одлучи со што ќе ги замени. „Фејсбук“, со своите 1,5 милијарди корисници, сака да се осигури дека тоа е најдобар избор.

Новите функции на „Фејсбук“ се дизајнирани да им помогнат на луѓето да се чувствуваат позначајно. Кога повторно ќе пуштите видео кое завршило, исто така, можете повторно да ги погледнете коментарите, кои се појавуваат како што стигнуваат за време на преносот во живо. „Фејсбук“, исто така, ви овозможува да ги поканите вашите пријатели да го гледаат видеото заедно со вас и да создаде дел кој ќе ви помогне да откриете нови видеозаписи.

Се чувствувате уметнички расположени? „Фејсбук“ ги разгледува претстојните функции кои ќе ви овозможат да пишувате на вашите видеозаписи во живо, „а ла ’снапчет‘“. Компанијата очајнички се обидува да го врати „снапчет“ бидејќи тој е многу популарен меѓу тинејџерите и младите луѓе. Оваа функција се' уште не е подготвена, но „Фејсбук“ најави дека „наскоро“ ќе дојде на пазарот.

Социјалната мрежа фрла големи пари во „Лајв“ и наводно се обидува да им се додвори на познатите личности, со нудење пари за да го користат. Најголемиот знак за неговото значење за „Фејсбук“: главната оперативна директорка Шерил Сандберг, и самата позната личност, очигледно ги предводи напорите за регрутирање.

Компанијата, исто така, им плаќа на медиумски компании да ја користат услугата. „Базфид“ и „Вокс медија“ го потврдија партнерството, а се шпекулира дека и други се вклучени. „Си-би-ес интерактив“, матичната компанија на ЦНЕТ, не е партнер.

Немојте да мислите дека ќе бидете во можност да го игнорирате она што „Фејсбук“ го наумил. Компанијата ги реорганизира своите алгоритми, за видеозаписи во живо да се појавуваат на врвот од секоја електронска информација. (ЦНЕТ)

Извор: Утрински весник

Коментари
jovan, 11.04.2016 00:31:17
Se poveke se zivee i ke se zivee vo virtuelen svet.Preku FaceBook i slicni socijalni mrezi ke dokazuvame i sami ke si se ubeduvame kolku ubavo ziveeme.Postirame ubavi sliki, tvrdime kolku ubavo si pominuvame na nekoe mesto, spored brojot na lajkovite si stvarame slika deka site ni se divat na postiranoto, a koga ke se zaprasame, kako vsusnost ziveeme i si go pominuvame zivotot, odgovorot e tragicen.No, toa nosi idninata,novi tehnologii,novi nacini na zivot, za nas postarite mozebi seto ova e glupavo,na za novite generacii toa ke bide nacin na ziveenje.Toa ke bide nivno vreme, i kako ke go organiziraat,toa e i nivno pravo.Toa sto jas,ili nekoj kako mene go kritikuvaat toj virtuelen svet,ne znaci deka sme vo pravo.Moeto vreme i nivnoto vreme koe doaga, ne se isti, a sekoj ima pravo svoeto vreme da si go zivee onaka kako nalagaat uslovite

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2158
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2674
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

31/01/2025 - петок

+Св. Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; +Св. Кирил Александриски; Св. Максим, архиепископ Влахозадпланински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная