29 септември 2016 лето Господово
Министерката за образование и наука на Русија, Олга Василева, изјави дека односите помеѓу родителите и училиштата ќе бидат утврдени според прописи, а не според принципот „укажување на услуга“. „Секој треба да разбере дека работењето на учителот не е давање на услуга. Јас ќе ви забранам да го користите зборот ’услуга‘“, изјави Министерката.
Учител, свештеник и лекар – тоа е особено важна дејност. „Ние не даваме никакви услуги. Ние само воспитуваме и обучуваме“. Министерката додаде и дека на учителите треба да им е јасно дека се повикани на една особено важна мисија и особено важно служење, и затоа тие треба да формираат едно здраво морално јадро.
Според нејзините зборови потребно е „во најкраток можен рок, во секоја организација да се воведе регламент за односите на училиштето со родителите“. Во тој регламент, јасно треба да бидат наведени барањата на „родителите и семејствата до училиштето, и на училиштето до родителите“.
Извор: Православие.ру
Преземено од: Бигорски манастир