СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
СКОПЈЕ, 25.7.2017: Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради претстојниот УЕФА Суперкуп, инспирираше неколку млади луѓе да почнат акција за обелување на образот на Скопје.
Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.
Целта на овој проект е што поголем број на граѓани да бидат домаќини на еден или двајца гости во својот дом, со цел да им овозможат место за преноќување на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
За да му овозможите сместување/кревет на некој од фановите, сѐ што треба да направите е да се логирате на http://supercupskopje.com и да наведете каков тип на сместување може да понудите.
Гостите заинтересирани за сместувањето се најавени со својот Facebook профил на веб сајтот, и преку испраќање на емаил порака, директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување, а вие како домаќини, сами одлучувате кој гостин ќе го примите во својот дом.
Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата, за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови!
Приклучете се на http://supercupskopje.com!
ЗАБЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ
Доколку сте заинтересирани за интервју или гостување во вашата програма на организаторите на овој фестивал, ве молиме да го испратите вашето барање на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефонски на 071 453 252.444444