логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Кристално море; Бог му заповеда на Адам, когошто го беше изгонил од рајот, да живее во Пештерата на богатството.


1 1 На третиот ден Бог ја насади градината на источната страна на земјата, на источната граница на светот зад која, кон изгрејсонцето, нема ништо освен вода којашто го опкружува целиот свет и достига до границите на небото.
2 А на северната страна, отаде градината, има море со проѕирна и чиста вода, со вкус кој е неспоредлив со штогоде друго; водата е толку проѕирна, што низ неа може да се здогледа самото дно на морето.
3 Ако човек се измиеше во неа, стануваше чист поради чистотата нејзина, и невин поради неосквернавеноста нејзина — дури и ако беше нечист.
4 И го создаде Бог ова море со најдобра намера; бидејќи знаел што ќе се случи со човекот кого што Тој го создаде; откако ќе ја напушти градината поради сопствениот престап, човекот ќе се умножува на Земјата. Меѓу луѓето ќе има и праведници коишто ќе умрат, и чии души Бог ќе ги вознесе во последниот ден; тогаш сите тие ќе се вратат во своите тела, измиени во водата од ова море, и искупени од своите гревови.
5 А кога Бог го изгони Адам од градината, не го насели отаде северната граница. Тој стори така за да не можат Адам и Ева да дојдат блиску до морето во чија вода би можеле да се измијат, да се очистат од своите гревови, да го избришат престапот што го беа направиле, и повеќе да не се сеќаваат на него кога ќе мислат на својата казна.
6 Бог не сакаше Адам да живее ниту на јужната страна од градината; бидејќи, кога ветрот ќе дува од север, ќе ги носи на јужната страна прекрасните мириси од дрвјата од градината.
7 Затоа Бог не го насели Адам таму. Тој стори така за тие да не ги мирисаат слатките мириси од дрвјата, за да не го заборават својот престап наоѓајќи утеха во задоволството од мирисите, и да не се очистат предвреме од својот престап.
8 Но, бидејќи Бог е милостив и милосрден, и управува со сите нешта на начин кој само Тој го знае, Тој направи нашиот татко Адам да живее отаде западната граница на градината, зашто од таа страна земјата е многу ширна. 9 И му заповеда Бог да живее таму, во една пештера во карпа -- во Пештерата на богатството, покрај градината.
Адам и Ева ја губат храброста откако ја напуштија Градината. Бог го испраќа својот Збор за да ги ободри.

2 1 Кога нашиот татко Адам и Ева тргнаа за да ја напуштат градината, талкаа по неа не знаејќи каде одат.
2 И кога дојдоа до вратата на Градината и ја здогледаа земјата што се протегаше пред нив, покриена со карпи големи и мали, и со песок, тие се исплашија и затрепереа, и паднаа ничкум поради стравот кој навлезе во нив; и беа како мртви.
3 Зашто - како што до овој час беа во прекрасна градина насадена со сите видови дрвја - сега се најдоа пред чудна земја којашто не ја познаваа, и којашто никогаш порано не ја виделе,
4 и затоа што, додека беа во градината, блескаа со сјајот на чистата природа, и не се грижеа за земните работи.
5 Но Бог се смилува над нив; и кога ги виде паднати пред излезот од градината, Тој го прати својот Збор до нашите родители, Адам и Ева, и ги подигна.
За ветувањето за големите пет и пол дена.
3 1 Бог му рече на Адам: “Јас ги одредив деновите и годините на оваа земја, и ти и твоето потомство ќе живеете и ќе одите по неа додека не се исполнат деновите и годините; тогаш ќе го испратам Зборот којшто те создаде, и против кој ти престапи, Зборот кој направи да излезеш надвор од Градината, и кој те подигна кога падна.
2 Зборот кој повторно ќе те спаси кога ќе изминат пет и пол дена.”
3 Кога Адам ги слушна овие зборови од Бога, за големите пет и пол дена, тој не го разбра нивното значење.
4 Зашто, Адам помисли дека ќе има само уште пет и пол дена до крајот на светот.
5 И Адам заплака, и го молеше Бога да му ги објасни зборовите.
6 Тогаш Бог, поради својата милост кон Адам, кого го создаде според својот сопствен образ и подобие, му објасни дека тие означуваат 5500 години, и дека потоа ќе дојде Еден и ќе го спаси него и неговото потомство.
7 Бог му го даде ова ветување на нашиот татко Адам пред тој да излезе од градината, кога беше покрај дрвото од кое Ева набра плод и му даде да јаде.
8 Бидејќи, кога нашиот татко Адам излегуваше од градината, помина покрај тоа дрво, и виде дека Бог го изменил неговиот изглед, и дека тоа се собрало.
9 И кога поминуваше покрај дрвото, Адам се исплаши и падна ничкум; но Бог во Својата милост го подигна, и тогаш му го даде ветувањето.
10 А кога Адам стаса до вратата од градината и здогледа херувим со огнен меч во раката, кој беше лут и намуртен, се исплашија и тој и Ева од него, и помислија дека наумил да ги усмрти. Тие паднаа ничкум, тресејќи се од страв.
11 Но, тој се нажали над нив и се смилува; и се сврте од нив и се упати кон небото, кадешто го замоли Бога, велејќи:
12 - “Господе, Ти ме испрати да го чувам влезот во градината со огнен меч.
13 Но, кога Твоите слуги, Адам и Ева, ме видоа, паднаа ничкум и останаа како мртви. О мој Господе, што ќе правиме со Твоите слуги?”
14 Тогаш Бог се смилува над нив и го испрати Својот ангел да ја чува градината.
15 И Зборот Божји дојде врз Адам и Ева, и ги подигна.
16 И му рече Господ на Адам: “Јас ти реков дека по истекот на пет и пол дена ќе го испратам својот Збор и ќе те спасам.
17 Затоа, ободри го срцето и остани во Пештерата на богатството за која порано ти зборував.”
18 Кога Адам го слушна овој Збор од Бога, тоа што Бог му го кажа го смири. Зашто, Тој му рече дека ќе го спаси.
Адам жали поради промената. Адам и Ева влегуваат во Пештерата на богатството.
4 1 Адам и Ева плачеа поради тоа што мораа да ја напуштат градината, нивниот прв дом.
2 И навистина, кога Адам го погледна своето тело, коешто беше изменето, уште погорко заплакаа и тој и Ева, поради она што го беа сториле. И тие тргнаа и се упатија кон Пештерата на богатството.
3 А кога дојдоа пред неа, Адам сеуште плачеше над својата судбина и ì рече на Ева: “Погледни ја оваа пештера којашто треба да биде наш затвор во овој свет, и место за казна!
4 Што е таа во споредба со градината? Што е нејзината тесна внатрешност во споредба со пространството на претходното место?
5 Што е оваа карпа наспроти оние шуми? Што е темнината во оваа пештера, споредена со светлината во градината?
6 Што е оваа надвисната карпа која треба да биде наше засолниште, споредена со милоста Божја којашто нè закрилуваше?
7 Што е земјениот под во оваа пештера во однос на земјата во градината? Оваа земја, полна со камења; и онаа, засадена со прекрасни овошни дрвја?
8 И Адам ì рече на Ева: “Погледни ги твоите очи, и моите, очи кои порано ги гледаа ангелите како се издигаат кон небото; и тие исто така нè гледаа, за сето време?
9 Но, сега веќе не можеме да гледаме како порано; нашите очи станаа телесни; тие не можат да гледаат како порано.”
10 Адам повторно ì рече на Ева: “Што е нашето тело денес, споредено со телото што го имавме во деновите кога живеевме во градината?”
11 По ова, Адам не сакаше да влезе во пештерата, под надвиснатата карпа; ниту ќе посака во иднина да влезе во неа.
12 Но тој сепак се покори на Божјата наредба; и си рече: “Доколку не влезам во пештерата, повторно ќе станам престапник.”
Ева посредува благородно и емоционално,
земајќи ја вината врз себе.
51 Адам и Ева влегоа во пештерата и почнаа да се молат, на нивниот сопствен јазик, нам непознат, но кој тие добро го знаеја.
2 И молејќи се така, Адам го крена погледот и го виде карпестиот свод од пештерата, надвиснат над нивните глави. Сводот му попречуваше да го види небото и созданијата Божји. Тој заплака и почна силно да се удира в гради, додека не падна како мртов.
3 А Ева седна плачејќи; зашто помисли дека е мртов.
4 Потоа стана, ги подаде рацете кон Бога, молејќи го да се сожали и да се смилува, и рече: “О, Боже, прости ми го мојот грев, гревот што го сторив, и не спомнувај го против мене.
5 Бидејќи јас самата предизвикав Твојот слуга да отпадне од градината во оваа осудена земја; од светлина — во оваа темнина; и од куќата на радост — во овој затвор.
6 О Боже, погледни кон Твојот слуга, паднат во оваа состојба, и врати го повторно во живот, за да може да плаче и да жали заради неговиот престап што го стори преку мене.
7 Не земај ја неговата душа сега; туку дозволи му да продолжи да живее според мерата на неговото каење, и да ја извршува Твојата волја како што ја извршуваш пред смртта.
8 А доколку не Го вратиш назад во живот, тогаш, о Боже, земи ја и мојава душа, за да бидам со него, и не ме оставај во оваа подземна зандана, една и сама; бидејќи јас не можам да останам сама во овој свет, освен заедно со него.
9 Бидејќи Ти, о Боже, направи тој да заспие, и зеде коска од неговата страна, и го обнови телото на тоа место, со твојата божествена сила.
10 И Ти ме зеде мене, коскава, и ме направи жена, чиста како него, со срце, со разум и со говор; и во тело, како неговото; и Ти ме создаде според неговиот лик, со Твојата милост и сила.
11 О Боже, јас и тој сме едно, а Ти, о Боже, Ти си нашиот Творец, Ти си Тој што нè создаде двајцава во еден ден.
12 Затоа, о Боже, дај му живот за да биде со мене во оваа непозната земја, додека трае нашиот живот во неа за сметка на нашиот престап.
13 А ако не му Го вратиш животот, тогаш земи ме и мене; како би можеле да умреме во ист ден.”
14 И Ева плачеше горко, и падна врз нашиот татко Адам, поради нејзината голема жалост.
Божјиот укор до Адам и Ева, во кој Тој укажува
како и зошто тие згрешиле.
6 1 И Бог погледна на нив; оти тие си го беа одзеле животот заради голема жалост.
2 И одлучи да ги поврати во живот и да ги утеши.
3 Затоа го испрати Својот Збор при нив; така што тие веднаш оживеаја и станаа.
4 И им рече Господ на Адам и Ева: “Вие згрешивте по ваша сопствена, слободна волја, додека бевте во градината во која Јас ве населив.
5 По ваша сопствена, слободна волја згрешивте, посакувајќи ја божественоста, славата и возвишеноста какви што Јас ги имам; затоа Јас ве лишив од светлата природа којашто дотогаш ја имавте, и направив да излезете од градината и да дојдете во оваа земја, сурова и полна со страдања.
6 Да не ја прекршевте Мојата заповед и да го пазевте Мојот закон, и да не јадевте од плодот на дрвото за кое ви реков да не му се доближувате! Имаше овошни дрвја во градината подобри од тоа дрво.
7 И безбожниот Сатана не ја одржа својата верност и немаше добри намери спрема Мене и, иако Јас го создадов, тој сметал дека не сум му потребен и сакал самиот да стане Бог; поради тоа Јас го соборив од небото така што тој не можеше повеќе да остане во неговата првобитна состојба -- тој беше оној кој направи дрвото да ви изгледа пријатно во вашите очи додека јадевте од него, верувајќи во неговите зборови.
8 Така ја прекршивте Мојата заповед, и затоа дозволив да ве снајдат сиве овие маки.
9 Оти Јас сум Бог Создател, и кога ги создавав Моите созданија немав намера да ги уништам. Но, откако тие силно ја предизвикаа Мојата лутина, Јас ги казнив со тешки страдања, додека не се покајат.
10 Но, доколку тие и понатаму продолжат да се закоравуваат во своите престапи, ќе бидат прогонети засекогаш.
Животните се смирија.
7 1 Кога Адам и Ева ги слушнаа овие зборови од Бога, плачеа и липаа уште повеќе; но, сепак ги зацврстија своите срца во Бога, бидејќи сега чувствуваа дека Господ за нив беше како татко и мајка; поради ова сознание тие плачеа пред Него и бараа милост од Него.
2 Тогаш Бог се сожали на нив, и рече: “О, Адаме, Јас ти го дадов Моето ветување, и нема да се свртам од тебе; но, исто така нема да ти дозволам да се вратиш во градината додека Моето ветување за големите пет и пол дена не се исполни.”
3 Тогаш Адам му рече на Бога: “О Господе, Ти нè создаде, и нè направи долични за да бидеме во градината; и пред да згрешам, Ти направи сите животни да дојдат при мене, за да им дадам име.
4 Твојата милост тогаш беше врз мене; и јас му дадов име на секое животно, согласно Твојата желба; и Ти направи да господарам над нив.
5 Но сега, о Господе Боже, кога ја прекршив Твојата заповед, сите животни ќе посегнат против мене и ќе нè изедат мене и Ева, којашто Ти ја направи моја помошничка; и ќе го прекинат нашиот живот на земјава.
6 Затоа те преколнувам, о Боже, откако нареди да ја напуштиме градината и да одиме во непозната земја, да не им дозволиш на ѕверовите да се нафрлат врз нас.”
7 Кога Господ ги слушна овие зборови од Адам, се сожали над него и почувствува дека тој ја кажа вистината кога рече дека полските ѕверови ќе ги досегнат и ќе го изедат него и Ева, бидејќи Тој, Господ, беше лут на нив двајцата поради нивниот престап.
8 Тогаш Бог им заповеда на животните, и на птиците, и на сè што се движеше на земјата, да дојдат до Адам и да бидат блиски со него, и да не ги вознемируваат него и Ева.
9 Тогаш сите ѕверови ја посведочија верноста спрема Адам, согласно Божјата заповед; освен змијата, на којашто Бог ì беше лут. Таа не дојде при Адам со останатите ѕверови.
“Светлата природа” му е одземена на човекот.
8 1 Тогаш Адам, плачејќи, рече: “О Боже, додека живеевме во градината, и нашите срца беа издигнати, ги гледавме ангелите како пеат славопојни песни на небото, но сега не можеме да гледаме како порано; кога влеговме во пештерата, сите созданија беа сокриени од нас.”
2 Тогаш Господ Бог му рече на Адам: “Кога Ми бевте потчинети, имавте светлина во вас и затоа можевте да ги видите далечните нешта. Но, по вашиот престап, оваа светлина ви беше одземена; тоа е причината што веќе не можете да ги видите нештата што се далеку, туку само она што ви е на дофат; според телесните можности; како кај животните.”
3 Кога Адам и Ева ги слушнаа овие зборови од Бога, тргнаа по својот пат; фалејќи Го и обожавајќи Го во ожалостеното срце.
4 И Бог го заврши разговорот со нив.
Вода од Дрвото на Животот.
Малку требаше Адам и Ева да се удават.
91 Потоа Адам и Ева излегоа од Пештерата на богатството и се упатија кон вратата од градината, и стоеја пред вратата гледајќи во градината, и плачеа поради тоа што морале да ја напуштат.
2 И Адам и Ева тргнаа и се упатија кон јужната страна од градината, и наидоа на вода што ја наводнуваше градината, што извираше од коренот на Дрвото на Животот, и којашто тука се делеше на четири земни реки.
3 Тогаш тие пристапија блиску до водата и погледнаа во неа; и видоа дека тоа беше вода што извира под коренот на Дрвото на Животот во градината.
4 И Адам заплака и залелека, и се биеше во гради поради тоа што беше изгонет од градината; и ì рече на Ева: --
5 “Зошто донесе толку многу несреќи и казни врз мене, врз тебе и врз нашето потомство?”
6 А Ева му одговори: “Што е тоа што виде и што те натера да заплачеш и да ми зборуваш на ваков начин?”
7 А тој ì рече на Ева: “Зар не ја гледаш оваа вода којашто беше во наша близина додека бевме во градината и којашто ги наводнуваше дрвјата и којашто, ете, истекува од таму?
8 А ние, додека бевме во градината, не водевме сметка за тоа; но сега, откако дојдовме во оваа непозната земја, таа ни е потребна и ја користиме за нашето тело.”
9 Кога Ева ги слушна овие зборови од него, заплака; и поради големата болка, паднаа во водата; и сакаа да се удават во неа за никогаш повеќе да не се вратат и да не го гледаат создаденото; бидејќи, гледајќи ги делата од чинот на создавањето, почувствуваа дека треба да му стават крај на своето постоење.
Нивните тела, по напуштањето на градината, имаат потреба од вода.
10 1Тогаш Бог, милосрден и милостив, ги виде како лежат во водата, близу до смртта, и испрати ангел кој ги извади од водата и ги положи на брегот како мртви.
2 Тогаш ангелот се упати кон Бога, и Му рече: “О Боже, Твоите созданија се на умирање.”
3 Тогаш Бог го испрати Својот Збор до Адам и Ева, Кој ги подигна од смртта.
4 И Адам рече, откако беше оживеан: “О Боже, додека бевме во градината, не се грижевме и не ни беше потребна оваа вода; но, откако дојдовме во оваа земја, не можеме без неа.”
5 Тогаш Бог му рече на Адам: “Додека ја пазевте Мојата заповед и бевте чисти како ангели, вие не знаевте за оваа вода.
6 Но сега, откако ја прекршивте мојата заповед, вие не можете без вода, која ви е потребна за да го измиете вашето тело, или за негов раст; зашто тоа сега е земно и потребна му е вода.”
7 Кога Адам и Ева ги слушнаа овие зборови од Бога, горко заплакаа; и Адам го преколнуваше Бога да му дозволи да се врати во градината за повторно да ја види.
8 Но Бог му рече на Адам: “Јас ти дадов ветување; кога ќе се исполни ветувањето, ќе те вратам во градината, тебе и твоите праведни потомци.”
9 И Бог го заврши разговорот со Адам.

(Продолжува)

 Подготви: д-р Драган Михајловиќ

 


Друго:

 


 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная