логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 tribina.zastresot1.jpg

Вероватно најчесто употребуваниот збор во секојдневниот живот. Во оваа  дебата Проф. Санџаковски, проф. Џонов и јас ке се обидеме да ве запознаеме и внесеме во тајните на стресот во нашето секојдневие, секој од свој аспект, имено Проф. Санџаковски од теолошка гледна точка и толкување, а проф. Џонов и јас од психијатриски аспект. Темата е цивилизациска, секогаш отворена, неисцрпна, но и крајно енигматична
Според МКБ-10, (меѓународна класификација на болести) во оваа категорија се вклучени одредени растројства кои можат да се идентифицираат не само по симптоматологијата туку и по причинската поврзаност со одредени стресогени животни ситуации кои создаваат акутна стресна реакција или пак значајни животни промени, односно континуирано непријатпи околности, што доведува до растројства во приспособувањето.
Растројствата (или маладаптивнитпе одговори) настануваат како директна последица од акутниот тежок стрес или пак на континуирана траума - пролонгирана стресогена состојба.
Самиот назив потекнува од англискиот збор стрес - што значи голем   притисок или напрегнување, а во медицинската терминологија го воведува Наnѕ Ѕеlуе (во триесеттите години на минатиот век) за да ги објасни ефектите на долготрајното влијание на разни причинители на живиот организам. Според Ѕеlуе, стресот е општа реакција, односно збир неспецифични реакции на организмот па кое било барање за приспособување на изменетите услови на надворешната средина. Целта би била одржување на внатрешната хомеостаза која е неопходно потребна за преживување. Оваа реакциа тој ја нарекува и општ адаптационен синдром,кој содржи :
1. стадиум на аларм (почнува од влијанието на стимулсот на кои организмот не е адаптиран
2. стадиум на отпор (во кој организмот се адаптира на новонастанатите    услови) и
З. стадиум на исцрпување, односно кршење на одбранбените сили на организмот (кога може да дојде до развој на болеста. па дури и до смрт).

tribina.zastresot.jpg

ДЕФИНИЦИЈА

Значи, под ѕtrеѕ Ѕеlуе подразбира процес кој се одигрува во организмот кога тој е изложен на каква било агресија (било трауматска, инфективна, токсична, психичка(еgzogепа рѕihogепа traаита) итн.), која во таква мера ја загрозува и ја нарушува неговата дотогашна состојба на телесен и душевен екилибар, поточно равновесие, што одбраната од таа агресија со користење само на поединечни специфични одбранбени/(адаптативни) механизми не е можна.
Според феноменологијата, МКБ-10 разликува:
1.Акутна реакција на стрес
2.Посттрауматско стресно растројство
З.Растројство во приспособувањето (адаптацијата)

1.   АКУТНА РЕАКЦИЈА НА СТРЕС (стресна ситуација - СТРЕСОР)
Растројството е познато и под следниве термини: акутна кризна реакција, борбен замор, кризна состојба, психички шок.
На телесен план:
енормно лучење на адреналин со вазоконстрикција на крвните садови, собено на малите крвни садови, со тахикардија, зноење, покачување на    крв ниот притисок и бројни други симптоми.
На психички план:
Акутната реакција на стрес (или акутното стресно растројство, според DЅМ-IV) претставува акутно транзиторно растројство кое се јавува како реакција  на личноста на исклучителен силен физички или ментален стрес (агресор, стресор, траума,од физички или психоген карактер) кое се карактеризира со карактеристични анксиозии, дисоцијативни и други симптоми и кое трае неколку часа или неколку дена.
На стресната ситуација (стресор), односно егзогената психо траума личноста реагира, бидејки таа претставува: 
сериозна закана за сигурноста или за физичкиот интегритет на субјектот или на саканата личност (како терористички акт, воени дејства, насилство, природна катастрофа, несреќа,природни катаклизми, поплави, пожари, силување) или
невообичаена промена на социјалната и економската позиција егзистенцијата  на личноста и (или) на
начинот на живот на личноста (повеќе смртни случаи, пожар и сл.).

Ризикот од развој на растројството се зголемува од субјективни    причини: физичка исцрпеност, болест и старост на субјектот и општи причини, од егзистенцијалните социјални и економски услови во кои живее    индивидумот, КОЈ КАКО ДА ГО ПРИПРЕМААТ, СОЗРЕРВААТ ДА БИДЕ       КРЕВОК: од милљето со сите збиднувања во него, мас медиите, телевизијата, хроничен, или пролонгиран психолошки стресоген факторза обичниот граѓанин
Преваленцијата на растројството кај популација изложена на сериозен трауматски стрес-стресор, или егзогена психотраума зависи од :
1. Тежината (интензитетот на траумата)
2. Временското траење на траумата.
З. Степенот на изложеноста на траумата.
4. Теренот на кој наидува траумата, поточно личноста со сите нејзини инкорпорирани социјални, морални, етички и религиозни    норми,
5. Реакцијата на личностите се сосема различни и во корелација со интелектуалниот квантум на личноста и нејзините    карактерни особини
6.  Феномен на масовна хистерија, заради интензивни, добро осмислени, секојдневни пролонгирани стресогени убедувања и манипулации,со диктатура, во посебни социјални и економски услови, вождови со параноидни особини (ксенофобија, стварат конфликти за да се хранат и со самобендисаност и мегаломанство) го опседнуваат, инфлуираат и трујат народот, со националистички пулзии, успеваат да му ја стеснат коплективната свест, кога тој (народот) постанува опасен, руши и убива се пред себе, во име на вождот, има бројни примери во историјата (Културната револуција на Мао Це Тунг, Милошевиќ, Хитлер и бројни други, за жал, накрај, сите завршуваат со катастрофа, пак по народот (зимзелен).
7. Феноменот на тнр. МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ,во корелација со пролонгираните стресогени состојби во тек на векови Архетипови во колективното јас заради потиснување на стресогени состојби

Рудиментарно ЕГО
Ригидно СУПЕР ЕГО

Сега: деструктивни пулзии, без контрола, без Граѓански норми, социјални, морални и етинки,без грагански кодекси, на зрелост и матурација на граганските норми на однесување во интерперсоналните односи и односите према државата и државните институции, секој може, секој знае, секој е историска личност, нема никаква самоконтрола и толеранција во интерперсоналните односи, поради тоа се продуцираат два кардинални социјални симптоми во општеството (СЕГА): подобност и ерозија на интелектуалната вредност, овие два општествени симптоми ствараат лоши интерперсонални односи, со омраза, со злоба, со завист и љубомора Решение: етика, веронаука, религиозни кодекси на однесување. Сите цивилизации поминале, земале и оставиле: богатството во креативен смисол е дарбата на нашиот народ, во поезијата, во музиката, во сликарството, во сите уметности, но и во раб отоспосбноста, но за жал, кога нашиот човек е надвор од својата татковина!!!

tribina.zastresot.jpg

Клиничка слика

Симптоматологијата покажува големи варијации, сепак со доминација на дисоцијативни симптоми од лесно поматена свест (збунетост. отежнато сфаќање и дезориентација) и психомоторна активност (од повлекување до кататонен ступор или психомоторна агитираност до хаотично бегство).
Често се присутни и вегетативни феномени придружени со панична анксиозност.
Клиничката слика се манифестира неколку минути по дејството на стресната ситуација и обично трае неколку дена.
По излегувањето од таквата ментална состојба субјектот може да има парцијална или целосна (психогена) амнезија.
Според МКВ-IV, растројството се јавува веднаш по стресната траума, трае најмалку 2 дена и целосно се повлекува по 4 недели.
После извесен период на години при потсетување на настанот.
Трауматскиот настан може повторно да се преживува најмалку на еден од следниве начини: повратни слики, мисли. идеи, соништа, илузии, флешбек епизоди, чувство на оживување на искуствата. дистрес
Постои очигледно избегнување на се што би го потсетило на трауматскиот настан (мисли, луѓе, места, разговори, активности).
Покасно, можни секвели
Видливи СИМПТОМИ на анксиозност или зголемена возбуденост (пречки при спиење, раздразливост, ослабена концентрација, хипервигилитет, моторен немир). значајни пречки  во социјалните, работните или во другите видови функционирања.
Пречките траат најмалку 2 дена, односно најмногу 4 недели присутни се внатре во тие 4 недели од трауматскиот настан.
Пречките не настануваат како последица на непосредното физиолошко влијание на психоактивните супстанции или на општата лоша здравствена состојба.
2. ПОСТГРАУМАТСКО СТРЕСНО РАСТРОЈСТВО (травматска  невроза)
Растројството почнува како одложен и (или) продолжен одговор на стресна ситуација која силно ја загрозува личноста или пак е од катастрофална природа за која може да се претпостави дека може да предизвика первазивно страданве речиси кај сите луѓе. Се карактеризира со епизоди на повторно преживување на стресната ситуација во сеќавањето флешбекови (flashback-ови), лоши соништа и ноќни мори.
Анксиозноста и депресивноста се чести симптоми кои се придружени и со вегетативни феномени.
Главни симптоми:
(1) отежнато заспивање или одржување на сонот
(2) раздразливост и хостилност
(3) отежната концентрација
(4) хипервигилитет
(5) претерана плашливост
Трае подолго од еден месец.
Растројството предизвикува клинички пречки или оштетувања на социјалното, професионалното или на другото функционирање
Почетокот е неколку недели од стресната ситуација која влијаела како моќен психотрауматски фактор кој трае одредено време.

Епидемиологија

Според студии работени во општата популација, преваленцијата на растројството во текот на целиот живот изнесува од 1 до 14%, зависно од методите на статистичките студии и од мострата на изготвувањето.
З. РАСТРОЈСТВО ВО ПРИСПОСОБУВАЊЕТО (во адаптацијата) "културен шок", "реакција на тагување" "хоспитализам кај деца". МИГРАЦИОНА РЕАКЦИЈА НА АДАПТАЦИЈА
Растројството се карактеризира со состојба на субјвКТИВНО страдање и емоционално растројство кое го нарушува социјалното приспособување на субјектот, а настанува во текот на приспособувањето на некој значајни животни промени или пак како последицана стресни ситуации (вклучува и тешко соматско растројство).
Стресната ситуација (стресорот) може да го погоди интегритетот на личноста на единката (жал поради смртен случај, сепарација, брачни проблеми) или пак ги погодува семејството или поширокиот систем на социјални вредности (миграција, бегство, природни катастрофи).
Симптомите можат да се развијат во текот на 3 месеци од почетокот на дејствувањето на стресорот и траат околу 6 месеци или повеќе ако се јавуваат како резултат на хроничен стресор (хронично лоша здравствена состојба, реактивни состојби).
Се мисли дека и во развојот на растројствата во приспособувањето во голема мера играат улога и предиспозитивните фактори со кои располага  личноста.
Реактивните слики се всушиост неможност на добра адаптација на една личносг во ново настанатите услови на живеење, во една нова   средина   и   милије   содруги   услови   и   закони
Според феноменолошката доминација, МКБ-10 разликува неколку поттипови (реактивни состојби):
КРАТКА ДЕПРЕСИВНА РЕАКЦИЈА
Транзиторно, благо депресивно растројство кое трае најмногу до еден месец.
ПРОДОЛЖЕНА ДЕПРЕСИВНА РЕАКЦИЈА
Се карактеризира со продолжена блага депресивна реакција која трае најмногу до 6 месеци.
МЕШОВИТА АНКСИОЗНО-ДЕПРЕСИВНА РЕАКЦИЈА
Мешана анксиозно-депресивна реакција која не достигнува јачина за да биде класифицирана како афективно растројство.
РЕАКЦИЈА СО ПРЕТЕЖНО РАСТРОЈСТВО НА ДРУГИТЕ ЕМОЦИИ
Растројството се карактеризира со благо изразена анксиозност, депресивност, загриженост и лутина.
РЕАКЦИЈА СО ПРЕТЕЖНО РАСТРОЈСТВОТО ОДНЕСУВАЊЕТО
Главните симптоми се во растројствата на обноските, како адолесцентна реакција на жалост со агресивност или антисоцијално однесу вање.

Терапија на стресните состојби
Во терапијата на стресните состојби се користат психофармаколошки и психотераписки методи.
Од психофармаколошките средства најчесто се користат анксиолитици од бензодијазепинската група и анксиолитици со благи антидепресивни својства (алпразолам).
При стресните состојби со депресивна феноменологија се ординираат и антидепресиви од групата на трицикличните и населективните серотонински антидепресиви.
Од психотераписките методи се користат аналитички, површни и когнитивно - бихејвиорални методи.
Психосоматски  болести!?!
Емоциите (бес, гнев, лутење, страв) можат да предизвикат телесна болест, или да ја влошат веќе постоечката. Значи, тоа се болести во кој психичкиот    фактор    игра    значајна    улога.
Према Franc Aleksander (1950 г.) класични психосоматски болести:
Гастродуоденален улкус
Улцерозен колитис
ХТА
Хипертиреоза
Бронхијална    астма
Хроничен полиреуматизам    на зглобовите
Неуродерматитис
Денеска, према МКБ:
Алергиски реакции; ангина  пекторис; ангионеуротичен едем; аритмии; ХТА; бронхијална астма; гастродфуоденален улкус; диабетес меллитус; хиперинсулинизам; хипертиреоза; иритабилен колон; кардиоспазам; мигрена; болни менструални пореметувања; мукозен колитис; неуродерматитис; пилороспазам; пруритусани; реуматоидни артритис; регионален ентеритис; тахикардија; туберкулоза; улцерозен колит; уртикарија.


 Друго:

Јавна Трибина на Православен богословски факултет „Свети Климнет Охридски“ – Скопје

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2537
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная