08 август 2010, 09:32
Извор: Њу сајентист
Лондон
Вештачка интелигенција, способна за самостојна еволуција, слична на биолошките организми, веќе е создадена од светските научници, соопштува британското списание „Њу сајентист“.
Додека светските информативни гласила, политичарите и филозофите размислуваат колку е остварлива желбата за создавање на вештачка интелигенција, научници од универзитетот во американската сојузна држава Мичиген најдоа начин да создадат нови форми на интелектуален живот.
Тоа, како што посочува изданието, се сложени компјутерски програми - т.н. дигитални организми. Овие организми имаат сопствена ДНК способност кон мутација и самостојно стекнување на вештачки разум за нови својства и способности.
Дигиталните организми научиле како да ја користат стекната способност, досега карактеристично само за биолошките организми.
Започна процесот на „размножување“ на тие организми, поради што секое нивно ново поколение станува сè „помудро и поискусно“, пишува „Њу сајентист“. /крај/сај/ст
Извор: Макфакс