Од македонските домаќинства 44 отсто користат интернет, а 80 отсто од нив имаат широкопојасен интернет. Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, Македонија има најголем напредок од земјите во регионот во областа на информатичко-комуникациските технологии.
- Тоа се поткрепува со извештаите од Обединетите нации, од Европската комисија, како и од Агенцијата за електронски комуникации во кој се покажува дека во првиот квартал од 2010 година во домаќинствата имало 53 проценти компјутери - вели Ивановски. Тој нагласи дека заложбата на Меѓународната телекомуникациска заедница е што е можно поголем број граѓани да имаат можност да користат широкопојасен интернет како една алатка со која бруто-домашниот производ во една земја драстично пораснува.
- Софтвер-индустријата продолжува да расте. Ако се земе предвид дека 2006 година изнесуваше само 8 проценти од пазарот, сега е веќе над 25 проценти, а тоа е еден сектор каде додадената вредност на производот е најголема - укажува Ивановски.
http://vecer.com.mk/?ItemID=AB973C396EF0F64D8C3EB74EAA4BC17D