Премин Портал

Кожувчанка

МИА  
25.12.2007 09:31

Прв пат по неколку години насилство, илјадници христијански верници и туристи, како и локални Палестинци, минатата ноќ се собраа да го прослават Божиќ во Витлеем, на Западниот брег, родното место на Исус Христос.

Многумина велат дека собирањето го поттикна новото чувство на безбедност поради обновувањето на мировните напори меѓу Израелците и Палестинците.

По избувнувањето на палестинското востание - Интифада, во есента 2000 година во Витлеем за Божиќ доаѓаа главно само Палестинци.

Оваа година хотелите се полни и градоначалникот на Витлеем предвидува дека за празникот во библискиот град ќе дојдат околу 65.000 гости, четири пати повеќе отколку пред две години.

На традиционалната полноќна миса во црквата на Христовото раѓање од Рамалах пристигна и палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Абас оди по стапките на својот претходник Јасер Арафат, кој на полноќната миса доаѓаше се додека израелската армија тоа не му го забрани.

Абас е муслиман, како што беше и Арафат, но прославата на Божиќ е многу важен настан кој го симболизира единството на палестинските христијани и муслимани.

Абас изрази надеж дека 2008 година ќе биде година на независноста за Палестинците, но и година на безбедноста и стабилност и економски просперитет.

Во текот на целиот ден плоштадот Јасли, пред црквата, беше полн со посетители кои имаа можност, меѓу другото, да ги гледаат и слушаат палестинските извидници како свират со гајди и тапани.

Враќањето на христијанските аџиите во Витлеем го овозможи намалувањето на насилството во текот на минатата година, но целата ситуација не е значително подобрена и економијата и натаму трпи поради безбедносната бариера која Израел ја покрена за да се одвои од Палестинците.

Ѕид висок осум метри го оградува Витлеем од три страни.

За да дојде во Витлеем, високодостојникот на римокатоличката црква во Светата земја, латинскиот патријарх Мишел Сабах мораше да мине низ дебела железна врата на ѕидот.


 

Божиќната треска ја зафати и Кина

25.12.2007 11:09

Божиќната треска ја зафати и Кина, во која западниот верски празник стана добра прилика за заработка и забава.

За кинезите божиќните празници се, пред се, можност за шопинг, но претставниците на христијанската црква во Кина се надеваат дека Божиќ ќе ги заинтересира за христијанството.

Во најбројната земја на светот само 3% од граѓаните се христијани, но во неа се произведуваат повеќе од 80% од божиќните украси во светот, пишува бостонскиот „Christian Scinece Monitor“.

Во Кина се малку оние кои ја знаат причината поради која се слави Божиќ, но улиците, канцелариите и домовите се почесто се украсуваат за овој празник, додека младите туѓите празници ги прифаќаат со голем жар.

Пазарот „Тјан Ји“ за Божиќ, по растрчаните купувачи кои се туркаат пред тезгите купувајќи шарени украси, не се разликува многу од било која продавница или трговски центар на запад.

„Ние си ја сакаме нашата култура, но отворени сме и за нови работи“, вели Јуан Јонхонг, претставничка на козметичка компанија, додека купува украси за да ја украси канцеларијата, иако нема многу слободни денови за празниците.

„Ова за нас е ново“, додава таа.

Некои работи се новина. Така, пред пазарот Тјин Ји може да се види украсна табла со Дедо Мраз, кој го влечат два ирваси и кенгур.

Јуан Јонхонг вели дека Кинезите сакаат многу да слават, а еден од најомилените начини за нешто да се прослави е шопингот.

Кинезите не купуваат поклони, или тоа многу ретко го прават за Божиќ. За божиќните поклони многу малку се знае во Кина, иако младите 25 декември го слават во замена за Денот на вљубените и воедно користат прилика да разменат поклони.

Повеќето Кинези сепак уживаат повеќе во треската за шопинг пред Божиќ, која ги зафати кинеските градови во претходните години.

Тоа објаснува зошто пред трговските центри има накитени елки, а на вратите налепници со Дедо Мраз со натпис „Среќен Божиќ“ на англиски, додека во просториите ечат божиќни песни.

Гуо Гендли, претседател на Здружението на трговци во Кина вели дека Кинезите ги украсуваат просториите за да направат празнична атмосфера.

„За време на празниците луѓето повеќе купуваат, а продавачите повеќе продаваат. Затоа кинеските продавници го слават Божиќ“, вели тој.

Ан Ми, претставничка на еден од најголемите произведувачи на електроника „Гом“, вели дека продажбата во декември достигнува ниво како во мај и октомври, кога Кинезите најмногу трошат уживајќи во одморот за Меѓународниот ден на работата и Националниот ден.

Комерцијализацијата на верските празници веќе подолго време предизвикува грижа кај христијанските духовници на запад, но свештениците во Кина не се загрижени за тоа, тие се попустливи кон мотивот на купувачите, земајќи го во обзир малиот број на христијани во Кина.

Ли Јонгхонг, свештеничка на протестантската црква во Пекинг, вели дека Кинезите не знаат кое е верското значење на Божиќ, туку го користат за заработка, но дека на тоа треба да се гледа од позитивна перспектива.

„Мислам дека комерцијалните активности му помагаат на обичниот Кинез да дознае за Божиќ и да го разбере“, вели таа.

Пасторот на втората протестантска црква во кинеската престолнина, Лиу Чејмин, вели дека прославата за Божиќ може да ги приближи Кинезите до црквата.

„Ако го слават Божиќ, можеби ќе почнат да се интересираат за христијанството. Можеби овој вид на интересирање ќе ги донесе луѓето до црквата“, додава тој.

Младите, посебно од градовите во кои влијанието од запад е појако, Божиќ го доживуваат како шанса да излезат со пријатели и да се забавуваат.

Додека кинеската Нова Година останува традиционално семеен празник, Божиќ има егзотичен призвук и им дава прилика на младите да смислат нов начин на славење.

„Ќе одам на забава или во караоке бар со пријателите“, вели Јуан Јонгхонг.

„Не знаеме како да ја подготвиме мисирката, затоа можеби ќе одиме на пица или скара. Тоа е некако современо“, вели Ли.

 

Сабах, првиот Палестинец на оваа положба, апелираше за мир и љубов во Светата земја и за независност за Палестинците.

„Светата земја е земја на војни и судири, земја на понижување на еден народ од раката на друг“, рече патријархот Сабах, нагласувајќи дека Бог сакал таа да биде земја за сите Евреи, христијани и муслимани.



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 10, 2026
TVITer297Dostoevski

По патеката на една мисла: „Истражувања“

Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:
Август 04, 2026
TVITer127

Потпретседателот Милошоски по повод 2 АВГУСТ — ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Ова е место каде што пред 123 години една мала чета јунаци застанаа пред неспоредливо посилен непријател — и не отстапија! Питу Гули и неговите соборци

Македонија го доби првиот етимолошки речник – капитално дело за македонскиот јазик

Мај 08, 2026 Литература 1699
Има нешто возвишено во моментот кога еден јазик почнува да си ги истражува сопствените…

Симеон Стефковски: ЖИВОТОТ КАКО ДАР

Ное 01, 2025 Ставови 2114
SimeonStefkovski.LJubanci
Замислувам колку е тешко, тмурно и осамено во душите на тие што живеат во злорадост,…

„Денови на Јустинијан I“: Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии

Окт 31, 2025 Наука и Религија 3714
CAR.JUSTINIJAN.I
Тринаесеттиот Меѓународен симпозиум за византиски и средновековни студии „Денови на…

Руски научници го проучувале крстот од аспект на квантната физика

Окт 30, 2025 Наука и Религија 3958
TviTER995
Најинтересното е тоа што во аголот на крстот, каде што се вкрстуваат хоризонталните и…

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најново од Култура

По патеката на една мисла: „Истражувања“

TVITer297Dostoevski
Дали со сигурност може да се каже кој е авторот на овој текст:

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври  2026

Тропар на света Параскева 27 октомври/14 октомври 2026

Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот избраник во црно си тргнала

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври   2026

Тропар на Покров на Пресвета Богородица 14 октомври/1 октомври 2026

Денес, ние благоверните светло празнуваме,осенети со Твоето Богомајко Пришествие, и гледајќи кон Твојот Пречист образ,

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Тропар на Упокоение на светиот Јован Богослов 9 октомври/26 септември 2026

Апостоле, од Христа Бога возљубен,побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная