логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Економист - Лондон

Шерил Сендберг, главен оперативен директор во Фејсбук, очекува продлабочување на влијанието на социјалните медиуми во се, почнувајќи од приватните животи до претседателовата политика.

„Законот на споделување“ на Марк Цукерберг за социјалните медиуми е она што е законот на Мур за моќта на компјутерите. Смислен пред неколку години, законот на основачот на Фејсбук потенцира дека количината на информации кои дигитално се споделуваат, секоја година ќе се удвојува. Ова нема да биде поочигледно отколку во 2012. Низ целиот свет луѓето ќе споделуваат се повеќе и повеќе од нивниот живот онлајн, со што ќе ги трансформираат односите на секое ниво - и лично, и комерцијално и институционално.

Се додека се повеќе се споделуваме онлајн, ќе откриеме дека без разлика дали сме во три димензии или во две, се повеќе ќе одекнува еден глас. Употребата на социјалните медиуми оди кон сплотување на нашите виртуелни и релани ние. На една прочуена карикатура стоеше: „На интернет никој не знае дека си куче“. Сега кучињата си имаат свои профили, иако се сомневам дека некој им помага во пишувањето.

Објавувањето на нашиот автентичен идентитет ќе стане уште попроширено во годината која доаѓа. Профилите повеќе нема да бидат само матрици, туку детални автопортрети кои навистина сме, вклучуваји ги и книгите кои ги читаме, музиката која ја слушаме, далечината која ја истрчуваме, местата на кои патуваме, каузата која ја подржуваме, видео клиповите со мачки на кои се смееме, на нашите „лајкови“ и нашите линкови. И да, на овој преод кон автентичноста ќе се навикнеме и тоа ќе биде причина за плачки за загубената интимност. Но, луѓето се повеќе ќе ја препознаваат користа од таквото изразување, бидејќи силата на социјалните медиуми е тоа дека ги поттикнува индивидуалците да ги појачаат и искажуваат нивните гласови. Колку е повистинит тој глас, ќе звучи погласно и ќе стигне подалеку.

Социјалните медиуми ќе продолжат да ја истакнуваат конвенцоналната мудрост со употреба на технологиите, и повеќе ќе обединува отколку да разединува. Писателите на научна фантастика од минатиот век замислуваа свет каде модерноста ќе води кон отуѓување. Всушност, се случува токму спротивното. Технологиите го зближиваат светот - и на очигледен и на изненадувачки начин.

Еве еден очигледен пример: како и многу други, и јас постирав фотографии на моите деца за моите родтели кои живеат 5,000 километри далеку можат да гледаат како тие растат. Ги споделив затоа што тие се грижливи. Она што е помалку очигедно, но е уште попредизвиквачко, е новата парадигма каде приказната, фотографијата, молбата е постирана од странец и преку поврзувањата, многумина можат да ги видат. За возврат, информацијата провоцира силни чувства кај гледачите - симпатија, бес, солидарност. Одеднаш, „Споделувам, затоа што тие се грижат“ се превртува и станува „Се грижам, затоа што тие споделуваат“.

Превртувањето на оваа причина и нејзиниот ефект ќе имаат длабоко влијание во 2012 и понатаму. Некоја жена постира порака за откажувањето на бубрег кај нејзиниот сопруг и потребен е донатор со крвна група О. На ова и одговара некој комичар. Се испоставува дека е тој соодветен. Трансплантацијата е успешна. Но потажно од ова може да биде кога деветгодишно девојче загинува во сообраќајна несреќа. Таа претходно започнала широкограда акција за луѓето да донираат прилози за изгадба на бунари во Африка, со надеж дека ќе собере 300 долари. Луѓе од целиот свет одговараат на ова и во нејзин спомен се собрале повеќе од 1,2 милиони долари. Врските кои започнале на емоционална основа ќе се зацврснуваат се повеќе и повеќе. Она што започнало онлајн не останува само онлајн. Во следната година, додека се зголемува нашето споделување, се зголемува и грижливоста, што ќе доведе до неверојатни чинови на великодушност и храброст - и на мала и на голема основа.

Врската со грижливоста

Во 2012, годината на американските претседателски избори, социјалните медиуми ќе бидат повеќе вклучени и поангажирани отколку било кога. И тоа не само од нашите столчиња, од каде пишуваме онлајн коментари колку што можеме побрзо. Неодамнешната студија на Пју откри дека корисниците на Фејсбук сакаат двапати повеќе да учествуваат на политичките состаноци и на митинзите. Споделувањето онлајн директно води до офлајн учество и актизиам. Овој феномен ќе се повторува низ целиот свет, на локалните и националните политички дебати и избори.

Кога Исланд го донесе нацртот на новиот устав во 2011, ги користеше социјалните медиуми за да се даваат „мислења за ревизија“ од нејзините граѓани. По земјотресите на Нов Зеланд, кога беа уништени домовите и претпријатијата во Крајстчрч, со штети проценети на повеќе од 10 милијарди долари, социјалните медиуми и озвоможија на владата да ги пврзе луѓето со ресурсите кои им беа потребни за повторна изградба на нивните животи. А на Блискиот исток, египетскиот народ се спротивстави со владата која не сакаше да ги ислуша и ги користеа социјалните технологии за да се засили нивниот глас. Технологиите им даваат и име и лице - значи, вистински идентитет - на оние кои дотогаш беа невидливи, и го појачува тонот на гласот кој можеби бил премногу тивок за да се слушне.

Нема сомнеж дека додека загазуваме во 2012 и понатаму ќе гледаме потврдување на цукенберговиот закон за споделување. Исто така ќе бидеме сведоци на појавување на нешто ново - на „врска со грижливоста“ - што покажува дека додека ја зголемуваме количината на социјални информации онлајн, исто така ќе го зголемиме нашиот одговор на тие информации, и со зборови и со дела. Поголемото споделување низ целиот свет е неизбежно. Подлабоката и побогатата грижливост ќе стане уште посуштинска. ат/13:59

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1912
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2425
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная