логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Овие текстови се пишувани од крајот на 2000- та година а се објавувани во петочниот прилог на Дневник - Антена. Создавани се во времето  кога мене се уште ми се пишуваше а Вам се уште ви се читаше. Овде ќе се реемитуваат за да останат траги во онлајн космосот (искрено, затоа што ме мрзи да ги објавувам во книга), да се види колку од нив успеале да го преживеат забот на времето, а колку од нас сме успеале да ги мрднеме некаде нашите животи и темите кои не опседнуваат.

Да беше ова филм, сега ќе стоеше:

Личностите, за жал, не се измислени а секоја сличност со денешните ликови изгледа ни е судбинска. 

     со почит, Трендо 


Ете бе луѓе, попушти горештината! Џабе се буневте. Ве слушав во август како кукате, ја пцуете владата што не прогласува елементарна непогода, се криете од сонцето како од инкасатор. Како да не сме научиле досега дека за секој метеролошко-политички проблем е потребно само трпение и време - за тој да се промени со друг проблем.

Август најдобро се избива со декември. Кој тебе со тропикал хит, ти него со ванила ајс. Џабе е сега да ја колнеме својата летна инвестиоциона кусогледост и нејзините капацитети фрлени во стечај - вентилатори, ледомати и маици што не држат топло. Ги гледаме и си викаме -  како можев да бидам толкава будала да се полакомам по парче облека само затоа што ја оставало кожата да дише. Какво дишење море, што има убаво во тој преценет глагол? Секоја пора што дише, деновиве ја чувствуваме како предавник во сопствените редови. "Издаде Станиславе, курво матора" - и викаме на пората, топло изненадени што од нас конечно проговорил Радован, смртниот непријател на фамилијата Вилотиќ.

Деновиве би се брцнале во топол восок само за да го спречиме одливот на нашите тешко стекнати девизни резерви изразени во моментно најбараната валута  - целзиус. Покајнички се сеќаваме на избрзаните јунски потези кога полакомени од транзициониот период наречен лето, од дома исфрливме куп стратешки производи во вид на стари џемпери, шалчиња и капи. Солзите сами навираат кога ќе се сетиме на она браон капутче кое неоправдано го отуѓивме. Било мало, како да не! Смешно ни стоело - си го питам. Ни стоеше пасент, искрено да си признаеме. Во него ја заземавме идеалната поза за вакви денови - онаа кога рамењата ти ги допираат ушите.

Поларна болка го пресекува кортексот кога ќе ни текне дека во јуни наивно го отфрливме оној рамковен договор за нашата глава, во народот познат како волнена капа. И тоа само затоа што веќе не ни собирала на главата, големо чудо. Ебате главата, пораснала како бојлер - другарски се самокритикуваш по што го колнеш непишаниот космички закон  по кој на волнените капи уште како мали им се вади хипофизата што ги спречува да растат сразмерно со површината пер капита.

Сепак, треба да се ужива и на вакво време. Статистиката е на наша страна. Кога на човек едната нога му е во кофа со жар, а другата во кофа со мраз, статистиката тврди дека тој се наоѓа во идеална температурна околина. Затоа, слободно препуштете им се на прекрасните медитерански 24 целзиусови во просек.

Рака на срце, јас уживам и вака. Вакво Скопје го сакам до јајца. Затоа што е споро. Заробен во снег, градот добива некаква аристократска елеганција во својот ритам. Автомобилите одат гордо полека, како да се дел од погребна поворка за блаженоупокоеното лето. Скопјани чекорат грациозно, како гејши, како да е во тек една од оние камперски игри во кои треба да стигнеш до целта со живо јајце меѓу нозете ама да не го скршиш. Кој направи чекор поголем од 10 сантиметри, го прогласуваме за авантурист. Така и треба да го рекламираме зимскиот туризам во градот: Скопје - град на гејшите.     

Додека спокојно очекувам меѓународна конференција под покровителство на НАТО, ОБСЕ и ОН на која ќе се се реши дали улиците треба да ги чисти градот или општините, полека се подговотувам за на работа. За да стигнам таму, ми требаат два саата. Еден за облекување, еден за да стигне гејшата на работа.

Ама уживам во ритуалот. Единствено промрчувам кога ќе поминам покрај некој прозор дома -  ги направиле така мајсторски, мама си тракале. Толку прецизно дихтуваат, може мачка да ти влезе преку затворен прозор. Значи, прво ѕиркам накај влез да видам на овие од зграда да не им текнало баш сега да организараат работна акција "Чист влез 2001".

Откако констатирам дека и тие чекаат меѓународна конференција, се облекувам како зелка, на слоеви. Последното парче облека ми е за 7 броја поголемо од првото. Кога се соблекував за последното бањање, на себе си најдов една маица за која мислев дека сум ја изгубил. Потоа излегувам надвор и почнувам да напредувам во гореопишаните 10 сантиметарски фази. Газам како да влегувам во туѓа спална. Постојано свесен за последиците од избрзаното донесување поголеми чекори: знам дека го градов се прави масовно сиртаки со коските, знам дека Брза Помош не може секаде да стигне - додека дојдат тие, коскава сама ќе ми зарасне. На вести рекоа и дека има дефицит од штрафови и шипки. Ако скршиш нога, треба да им однесеш и пар колци за патлиџани за да ти ја зацврстат.

Ама, ниедна црна мисла не може да се спореди со задоволството од оние сцени - кога на оној пред тебе одеднаш ќе му се дислоцира точката на рамнотежа, оние две секунди во кои таквиот човек изгледа како телото да му го опседнале 4 духа па секој башка управува со по еден негов екстремитет. Е јеби га, интересни ми се таквите егзорцизми. Нормално, ова те тера да направиш сопствен ребаланс и поучен од претходникот да ја намалиш инфлаторната спирала на 7 сантиметри по чекор.

Ама, саат време и ете ме на работа. Проверувам пошта. Ми пишале извесни Светлана и Мишко. Од Ресен. Не ги познавам луѓето, ама знам како им е. Се израдувале деновиве Мишко и Светлана на снегот па решиле во двор да направат Снешко. Го стокмиле по сите правила. Утредента, Снешко исчезнал од дворот. Едноставно, го снемало! Не дека некој им го срушил. Немало никаква трага од него. По некое време го виделе својот Снешко, во дворот на првиот комшија! Нема утка, за истиот Снешко се работи - истите карактерни црти на лицето, истиот ДНК, истиот морков. Комшијата решил да го посвои нивниот Снешко и да го насади во својот двор. Баш така. Како во неговиот двор да не врнело снег. Мишко ме прашува до каде сме стигнале како луѓе кога сме почнале да си ги крадеме и Снешковците. Не знам Мишко. Ама знам дека си му рекол на комшијата дека за ова ќе го има во весници. И види - стварно го има.

Ви викам јас бре луѓе, кога тогаш - ќе им се познае илето. 


декември 2001

КОЛУМНИВЕ ПРЕД ГОДИНИ - ТВ Сеирџија
 

{moshits}



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2421
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2940
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Архива:Митрополит Струмички Наум:Тример (06.03.2022)

Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

16/04/2025 -среда


Велигденски пости;
(строг пост)

Св. Никита Исповедник; Св.ети Павле Неволник; Св. маченик Улпијан;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април   2025

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 16 април/3 април 2025

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 15 април / 2 април 2025

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 14 април/1 април 2025

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Манастирски посни рецепти

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная