Стариот театар- храм на драмската уметност во Македонија- На местото каде некогаш бил епицентарот на културните збиднувања во
македонската метропола, денес се издигна нов театар, кој ќе биде храм на
драмската уметност во земјава. Бројни и угледни луѓе од општествениот, културниот и јавниот живот, се
собраа на едно место, каде се означи новата ера во културното и
драмското живеење на Македонија. На свеченоста на која присуствуваа министри, пратеници, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, претставници на верски заедници, актери, уметници, градоначалници и претставници на бизнис-заедницата се обратија претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канчевска – Милевска, директорот на МНТ Дејан Лилиќ и театрологот Јелена Лужина.Чинот на примопредавање на новиот објект беше со изведба
на фрагменти од повеќе претстави од репертоарот на Македонскиот народен
театар, како и со изведба на делови од претставата „Вечната куќа”, по
текст на Јордан Плевнеш, со која во септември и официјално ќе биде
отворена новата театарска сезона.
Скопје, 31 Мај 2013 год.
Примопредавање на објектот Стар театар
„Да се стаса до овде не беше лесно. Но, сето ова не го направивме затоа
што е лесно, туку затоа што е тешко... и се гордееме со тоа. Во
изградбата на овој театар е вложена голема посветеност, многу енергија и
љубов, големо знаење на многу луѓе, голема поддршка на граѓаните,
големо разбирање на политичките структури и најважното, голема љубов од
сите нас заедно“, рече министерката за култура, Елизабета Канческа
Милевска, во своето поздравно обраќање на сцената на театарот.“ - Директорот на Македонскиот народен театар, Дејан Лилиќ
Министерката Канческа-Милевска истакна дека Шекспировиот Хамлет исповедал дека театарот е огледало во кое најдобро и најточно се гледаме сите ние и светот околу нас.
- Долгото патување до оваа голема и остварена цел го започнаа луѓето чии што имиња засекогаш ќе бидат запаметени во нашата историја: Војдан Чернодрински, Петре Прличко, Илија Џувалековски, Мери Бошкова, Ана Липша Тофовиќ, Тодор Скаловски, Натка Пенушлиска, Васил Иљовски, Коле Чашуле, Ѓорѓи и Кирил Македонски, Тома Владимирски и многу други...нивните соништа и нивните дострели не обврзаа да ја оствариме оваа наша голема мисија но, и да го развиваме и натаму македонскиот театар онака како што тие го замислуваа...право кон ѕвездите, рече Канческа-Милевска. Таа додаде дека од огромна важност е што нашите македонски театарски уметници по долги години поминати во импровизирани објекти од денеска ќе живеат и творат согласно највисоките светски стандарди, и ќе создаваат уште поголеми театарски остварувања.
Претседателот на Владата на РМ, Никола Груевски во обраќањето пред присутните рече дека денешниот датум ќе остане со златни букви да се бележи во поновата културна историја на Република Македонија. Тој посочи дека како предисторија на овој датум ќе се споменуваат разни историски етапи во кои како на филмска лента се градеше театарската уметност во Скопје и воопшто во Македонија.
Стариот театар е на старото место исто како во старите добри времиња, истакнувајќи дека духот на
стариот театар се сели во нов. „Постарите како во сон повторно се наоѓаат во зградата на својата
младост, објектот во кој наоѓале забава и оттргнување од секојдневните
проблеми, а ние помладите го живееме она што сме го слушале од нив и она
што сме го гледале само на слика. Тешко е денес да се најдат зборови
кои ќе го опишат ова величенствено чувство на радост и исполнетост“,
рече премиерот. Ќе се споменува ресторанот „Зрински“ изграден
во 1913 година и во чија импровизирана сцена од штици се играле тогашните
татарски претстави. Ќе се споменува и старата зграда „Арена“ изградена во 1919
година која им служела на театарските уметности се до 1925 година кога била
урната и театарот, пак, останал без своја зграда. Ќе се споменува и 1927 година
кога завршила изградбата на новиот театар и на ова исто место почнал да
функционира Народен театар во Скопје кој во тоа време го носел името „Крал
Александар“. Секако ќе се споменува и кобниот 26 јули 1963 година кога Скопје
доживеа катастрофа однесувајќи бројни градби меѓу кои и зградата на Стариот
скопски театар, рече Груевски. Тој истакна дека она што го зацртале и биле силно
решени да го исполнат го исполниле.
Денеска пред нас имаме завршено реализирано дело, зборот е исполнет.
Република Македонија доби врвна репрезентативна уметничка зграда која ќе
биде нов препознатлив симбол на Скопје. Објектот целосно ги надминува
рамките на воспоставениот театарски образец и претставува своевиден
музеј, рече Груевски, истакнувајќи дека МНТ конечно го доби својот нов
дом. Тој и се заблагодари на министерката Канческа-Милевска, која, како
што рече, „вложи многу време, енергија, труд, за ова да изгледа денес
вака“. Му се заблагодари и на министерот за финансии Зоран Ставрески,
кој, како што рече, „се потруди сите години да обезбеди средства за
изградба и довршување на овој проект од големо значење за македонската
уметност“. Упати честитки до министрите и пратениците кои го поддржаа
проектот.
Во МНТ, Скопје (31.05.2013 г.)
Позициониран е на вкупна површина од 7.200 квадратни метри, а
аудиториумот на објектот е поделен на голема сала со партер и две
галерии со вкупно 724 седишта, како и мала сала со 213 седишта.
Сценската технологија и механика, како и целокупната сценска површина се
од модуларен тип со дупло дно. Во системите на сценските технологии е
вградена опрема од најпознати врвни светски производители за ваков тип
опрема и објекти, која овозможува големи технички перформанси.
Покрај основната функција на објектот, театарот сам по себе претставува и
музеј со оглед дека преку темите на орнаментиката која ги краси ложите
во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно
наследство, а посетителите можат да се запознаат со историјата на
театарот на овие простори. Однадвор театарот го задржува својот
автентичен изглед, а има и посебно осветлување (илуминација) на
партерот, како и на целиот објект со што се истакнуваат неговите визури.
Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…
Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...
Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...
Влегуваме во периодот на Големиот пост. Почнуваме со ’тримерот‘. Во Црквата Божја ова не е само период со некој посебен ред и правила, ова е, пред сè, период на посебна...
За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...
Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...
Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто...
Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...
Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...
Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...
Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата
Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...
Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син
Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...
Болестите според светоотечкото учење
Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...
Манастирски посни рецепти
Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург
Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност. Повеќе...
Духовни поуки: „Помоли се за мене“
Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...
Живот без стрес
Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес..Повеќе...
Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет
И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака.Повеќе...
Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“
Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети. Повеќе...
ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види
Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...
Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ
Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...
За Моето име
Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња
„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...