ГОЛЕМИ СЛИКИ НА ИЗЛОЖБАТА "ПОГЛЕД НИЗ ПРОЗОРЕЦ" ВО МАЛА СТАНИЦА
Роберт Јанкулоски со фотографии од Париз
Инспирација е првата регистрирана фотографија направена како поглед од еден прозорец од Жозеф Нисефор Ниепс од 1826 година.- Фотографија на Јанкулоски на плакатот
Во Мала станица е поставена изложбата "Поглед од прозорец" на Роберт Јанкуловски, кој изложува 20 големоформатни фотографии снимени за време на неговиот студиски престој во Париз во септември и октомври минатата година. Во текстот од каталогот, Валентино Скендеровски, меѓу другото, вели дека иако Париз е неисцрпна ризница на епохални и монументални визии, на Јанкулоски не му требаат светлостите на велеградот туку малите бизарни глетки и приказни од градот во различните временски, светлосни, атмосферски и субјективни агли, во кои се одвива случувањето, навидум во едно деноноќие.
Роберт Јанкулоски е основач и директор на Македонски центар за фотографија, дипломирал на ФДУ на филмска и ТВ-камера, а фотографија предава на ЕСРА каде што ја одбрани магистерската и на Државниот универзитет во Тетово. Има одржано 26 самостојни изложби и учествувал на голем број групни изложби. Добитник е на неколку награди од областа на фотографијата и филмската камера.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и комисијата за франкофонија во земјава, а е по повод Меѓународниот ден на франкофонија.
Извор: Вест