логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 28 октомври 2012 (МИА) - Авторот на „Нишан“ - романот кој ги освои книжевните награди во Македонија и кој наскоро ќе има четврто издание на македонски јазик, покрај преводите на српски и на англиски, одново ги заинтересира читателите со најновата книга - „Црна лисица“, објавена од   „Матица“. Новинарот и писател Блаже Миневски овојпат напиша потресна приказна за македонската политичка емиграција во Европа, за што зборува во интервјуто за МИА.

Вашиот најнов роман, „Црна лисица“, и го посветивте на македонската политичка емиграција. Кои се ликовите низ 500-ината страници и од кого и кога биле прогонувани?

Да, романот „Црна лисица“ е посветен на македонската политичка емиграција, но притоа, веднаш би сакал да кажам дека не само што е посветен, туку е и напишан за неа, всушност тоа е роман за македонската политичка емиграција. Се разбира, претходно, пред да се почне со испишување на приказната, за да се сфати суштината на македонското дисидентство, за кое со децении учевме дека всушност не постои, требаше да се соберат доволно факти, документи, сведоштва, да се истражува во архивите, да се разговара со сведоци и учесници, да се анализираат настани, да се живее малку во кожата на македонските политички емигранти како во кожата на црна лисица која за да не ја фатат ќе ја одгризи својата скршена нога и ќе продолжи да живее со три нозе. Инаку, како новинар, во деведесеттите години на минатиот век објавував текстови кои  го третираа македонскиот потиснат патриотизам, анкетирав бивши политички затвореници, осудени за идејата за независна Македонија, така што генерално не ми беше туѓа темата за македонската политичка емиграција. Доколку се тргне настрана новинарското професионално љубопитство, тогаш конкретното истражување за романот траеше околу една година, а притоа поминав илјадници страници документи, сведоштва, извештаи, доушнички доставки, снимени разговори во приватни станови и телефонски контакти симнати на хартија, запленети преписки и многу оперативни  фотографии од следења и документирање на активностите на емиграцијата. Станува збор за огромен полициско-доушнички материјал, документи на УДБ-а и СДБ, кои, секако, претходно внимателно мораше да бидат селектирани и анализирани, а потоа авторски обработени како граѓа за роман, односно вградени во приказната која не е сосема вистинита, но не е ни сосема измислена, а тоа значи дека документите беа трансформирани во фикција, а фикцијата засилена со документи. Само на тој начин можеше да се „сублимира“ материјалот кој, во документите што ги имав на увид, содржи стотици вистински личности, а во романот сето тоа како „своја“ биографија го преземаат педесетина ликови. Дали е тоа добро, дали е потресно, дали  функционира како уметничка вистина, дали е успешно изведено како роман, можат да кажат само читателите.  А фактот што за десетина дена, како што ме информира издавачот на романот, се продале речиси две третини од тиражот, секако зборува за огромниот интерес што го предизвика темата што ја третира „Црна лисица“. А темата за македонската политичка емиграција ја сочинуваат стотици Македонци протерани или заминати од Македонија по Втората светска војна. Затоа „Црна лисица“ не е и не може да биде роман за еден човек, не е роман за Драган Богдановски, најпознатиот македонски политички емигрант, како што можеше да се прочита во некои гласила, но истовремено, се разбира, тој е роман и за Драган Богдановски. Сакам да кажам, „Црна лисица“ не е биографија на еден човек; „Црна лисица“ е биографија на македонското дисидентство, односно биографија на сите оние што ја сакале Македонија повеќе одошто било дозволено.

Според рецензијата, книгата нема дневно-политички паралели, но темата потсетува на тековната верификација на фактите т.е. лустрирање соработници на тајните служби. Што Ве поттикна да пишувате за политичките жртви?

Самите политички жртви. Знаете, македонскиот дисидент како личност содржи повеќе историски, политички, психолошки и социолошки слоеви. Имало периоди кога да се биде Македонец значело да се биде дисидент. Самата Македонија била дисидент, протерана од својата територија како име, како чувство, како јазик, како факт. Но, тоа е многу поширока тема од просторот предвиден за ваков разговор. Трагичноста на најновата македонската политичка емиграција беше во тоа што партиско- полициско-политичката македонска структура мислеше дека ја брани Македонија со тоа што не дозволува да се мисли поинаку од неа, а секаква идеја за назависна или обединета Македонија е кривично дело за долгогодишна затворска казна. И не само што ги затвораа, туку и ги киднапираа, ги убиваа, ги присилуваа да бидат кодоши и слично. Читајќи ги документите не можев да поверувам дека сето тоа навистина се случувало до пред десетина години. А се случувало со живи луѓе и со вистински личности. Затоа мене во голем дел потоа ми остана само да го направам уверливо, реалноста да ја пренесам така како што била, а читателите да веруваат дека тоа навистина се случило. Еден од нив деновиве ми кажа дека читајќи го романот имал впечаток дека станува збор за роман за македонските политички доушници. Веројатно има право, зашто за секој македонски патриот во странство, неговата татковина Македонија испраќала барем по пет кодоши на државна сметка. Сите што одвојувале од своите плати за разните даноци ги плаќале нивните авионски карти, хонорари, специјализации, усовршувања, ручеци и вечери, фотографски апарати за службена употреба, подароци за подмитување и слично. Сега, за среќа, мислам дека таквите состојби никогаш веќе нема да се повторат,  зашто таквата идеолошка машинерија што произведувала непријатели од сите што не мислеле како неа, според нејзините идеолошки стандарди,  мислам дека веќе никогаш нема да стане доминантна државна опција во Македонија. Македонија сега е независна држава, а плурализмот дозволува слобода на говорот и мислењето. Сега е дозволено Македонија  да се сака толку колку што секој може достоинствено да издржи. Мислам дека сега веќе нема никакви причини за дисидентство, но сметам дека докрај треба да се заврши процесот на лустрација за да може општеството да се ослободи од траумите на минатото, да расчисти со кодошлакот  и да го преболи таканаречениот синдром на самоуништување. Паралелно со тоа можеби треба да се рехабилитираат или, уште повеќе, да се афирмираат и реафирмираат затемнетите делови и личности од нашата историја за да се тргне кон  иднината, зашто без минато, без чисто минато, нема ни чиста иднина. Затоа мислам дека е добро да се  обелоденат сите кодоши, но да се соопшти вистината и за сите што биле кодошени, зашто и меѓу нив не се сите „јунак до јунака“, има и таму „плевел“ и „полжави“. Од разни причини, се разбира.

Вакви опсежни трудови, базирани на веродостојност, документарност и автентичност,  бараат одговорен пристап и многу истражување. Колку време траеше собирањето податоци и дали наидовте на бариери во тој процес?

Самиот процес на физичко, конкретно истражување, значи самиот преглед и претрес околу десетина илјади документи за македонската политичка емиграција, траеше нешто повеќе од една година. Се разбира, освен документите, мораше да се патува, да се види просторот, да се одреди топографијата на приказната според документите, а истовремено да се соберат и стотина изјави на директни учесници или сведоци на некои од настаните третирани во романот. Немаше никакви бариери, но сето тоа бараше посветеност, бараше трпение за да се состави уверлива слика на едно време и на една состојба. Секако, бидејќи романот е фикција, односно не е вистина, не е реалност надвор од себе, не морав да имам „одговорен“ пристап кон документите, но морав да бидам одговорен кон „вистината“ на романот, зашто секој роман има своја вистина и од таа вистина зависи неговата уверливост, неговата автентичност, неговата судбина. Знаете, секој роман се пишува тешко, и добар и лош. Разликата е само во талентот.   

Зошто насловот „Црна лисица“?

Заради лисицата. И сето она што е поврзано со неа. Само, знаете, и кога би сакал, не би можел да ги откријам сите значења на насловот, зашто авторот не знае сè однапред, не знае што ќе открие читателот. Затоа, секој обид писателот да го толкува насловот е само обид, и ништо повеќе. Сепак, нешто треба да се каже. Еве, на пример, ќе ви кажам едно сведоштво што го слушнав од еден мој пријател, аматер-зоолог. Според него, само лисицата, меѓу сите живи суштества на планетата, доколку ја скрши ногата и таа не може да зарасне, со свои заби ја одгризува за да не и пречи во движењето. Продолжува да живее со три нозе, но не се откажува од движењето, од смислата на животот, а смислата на нејзиниот живот е упорноста, лукавоста, потрагата и движењето. Ако се знае тоа, и ако се знае дека нашата лисица е црна, останува само уште прашањето – дали постои црна лисица, и, доколку постои, дали е црна затоа што така сака Бог, или затоа што така сака Ѓаволот; црна затоа што е црна или црна од црнилото низ кое минува. Макар и на три нозе, се разбира. Како и да е, вистинската смисла на секое дело ја дава читателот, а читателите на „Црна лисица“ го знаат  крајот на романот со сите дополнителни асоцијации поврзани со насловот.  хс/паг/11:20

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная