Зошто не ме намрази, Боже?!
До кога ќе ме рануваш
со Својата љубов... и кроткост?
Зар не гледаш , како див yвер сум,
рикам во својата нечистотија...
А Твојата искреност, до болка...
и Твојата благост,шеќерна прегратка,
зошто постојано ги нудиш ,
кога труп сум ,ништо не чувствувам!?
Зошто не ме намрази ,Боже?!
Полесно ќе беше ....да живеам.
Сега, како да се продолжи
со толкава рана на љубовта.
Сега, се преку таа болка ќе гледам ,
ќе мерам и премерувам.
Не можам да заборавам.
А да ме намразеше ќе си велев
дека тоа е така се во животот.
Но Ти и Својата облека ми ја даде,немо,
И седеше до мене кога рикав од безумност,
Кога беззаконието го битисував,
без збор...само беше до мене.
Чинам се радуваше што сепак Те гледав,
знаејќи нешто тајно и потајно радувајќи се!
А што не знам да љубам?!!!!
А што за ништо добро не знам?!!!!
Знеш ли дека можам дури и да Те убијам,распнам.
Зошто не бегаш од мене?
Зошто со Својата љубов ме рануваш?
И секогаш повторна шанса ми даваш.
Милоста Твоја како да нема никаде граници...
Посветено на мојот духовен отец.
(M. Г.)