Во рамки на Деновите на духовната култура на Русија во Македонија, на 18- ти јуни 2016 година, на сцената на Македонскиот народен театар се одржа концерт на вокално-кореографскиот ансамбл „Рус“ од рускиот град Владимир.
Раководител на ансамблот е Едуард Ахметов, заслужен уметник на Русија. На репертоарот на ансамблот се ставени нумери кои ја одразуваат богатата традиција на руската музичка култура.
Ансамблот „Рус“ е колектив со широк изведувачки дијапазон. Музиката на ансамблот „Рус“ претставува, пред сè, фолклорна основа со елементи на симфонизам и рок. Ансамблот е мошне познат во Русија и во странство како колектив кој на современ начин на сцената го интерпретира традиционалниот руски фолклор.
Со настанот на ансамблот „Рус“ завршува програмата на Денови на духовна култура на Русија во Македонија, организирани од Министерство за култура на Руската Федерација во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и со Руската амбасада во Македонија.
Според „Телеграф“