логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.angeli.so.truba 

3.angeli.so.truba

 

Македонскиот народ е постар од современата македонска држава, порача претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев на на свечениот собир што се одржа денес во чест на Димитрија Чуповски и Македонското научно-литературно другарство во Петроград. Обраќањето на академик Коцарев беше своевиден одговор на актуелниот конфликт со Бугарија, кој води кон ново вето за македонскиот евроинтеграции. Коцарев посочи дека е неспорен факт дека Македонија била окупирана од Бугарија во текот на Втората светска војна, и дека Бугарија била сојузник на Третиот Рајх, како и дека неспорно најголемиот дел од населението на тогашната Вардарска бановина се чувствувале како етнички Македонци.

    Востанието, со кое започнува ослободувањето на македонскиот народ од нацистичко-фашистичката окупација, претставува камен-темелник, меѓа во борбата за самобитност и самостојност на Македонците. Денес, за жал, сме сведоци на негирање на овој настан, на негирање на постоењето на македонскиот народ и на ослободителниот и антинацистичкиот-антифашистичкиот карактер на востанието, порача Коцарев, кој се повика на континуитетот на Разловечкото и Кресненското Востание, при кои востаниците се повикувале на слобода за Македонија и Македонците. „Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ. Парадоксално и, за жал, дел од овие права ги загубивме во потрага по античкото минатото, а дел во име на европската иднина. Време е за национален консензус за сите овие прашања“, додаде Коцарев.

3.angeli.so.truba

Професорката Катица Ќулафкова посочи дека едиствените фактори кои манипулираат „со фактите поврзани со македонската културна и национална историја, македонското име и јазик“,се оние кои имаат „некакви нелегитимни претензии спрема Македонија, оние кои имаат присвоено дел од македонската територија, народ и историја“. За создавањето на Македонското научно-литературно другарство во Петроград, кое Коцарев го спореди со создавањето на првата македонска научна академија, Ќулафкова кажа дека во неговата основа било признавањето на историскиот континуитет на македонскиот народ.

    Ова Друштво претставува најдобар пример за тоа како македонската кауза прераснала во научна парадигма. Таа подразбира меѓународно признавање на македонската самобитност и неговата словенска доминанта; правата на Македонците за автономна држава во рамки на македонската традиционална историска и етно-географска територија; територијален и етнички интегритет и по цена на останување во рамки на Отоманската империја или во составот на некоја нова словенска или друга балканска федерација; слобода и правда за сите граѓани, а не само за етничките Македонци; целовитост на македонската територија и, со тоа, конституирање на македонска нација според европскиот образец. Од друга страна, ни Чуповски, ни Мисирков, не гледаат дисконтинуитет во историскиот развиток на македонската култура. Напротив, се повикуваат на античката епоха, вклучително и на античката македонска цивилизација како на сегмент од општата историја на Македонија. На црвено-белото знаме на МНЛД, кога се пререгистрира под називот „Кирил и Методија“, поставен е симболот на коњот на Александар Македонски, а самиот Чуповски, како приврзок на својот рачен часовник носел стара монета со ликот на Александар, рече Ќулафкова.

Професорката Ганка Цветанова се осврна на меморандумот на другарството во Петроград од 1902 година, во кој се бара отфрлање на сите странски, антимакедонски пропаганди кои дејствуваат во регионот Македонија, на издигнување на македонскиот јазик на ниво на литературен јазик, обнова на Охридската архиепископија и признавање на Македонците како одделна словенска народност.

    Меморандумот на Другарството е всушност идеолошката платформа врз којашто се темели книгата на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“. Четири од петте поглавја објавени во книгата се реферати кои Мисирков ги читал на состаноците на Другарството во Русија. Оттука, може да се каже дека книгата, иако отпечатена во Софија во 1903 година, всушност била создадена во Русија, како дел од научните и политички активности на Мисирков во рамки на дејноста на Другарството. Како извонредно значаен историски факт фигурира податокот дека во книгата „За македонцките работи“ е објавена првата студија на современ македонски литературен јазик и фонетски правопис. Свесен дека во јазикот е содржано целокупно постоење и колективната меморија на народот, Мисирков ќе потенцира дека не случајно „покорителите“ – како што тој ги нарекува – инсистираат „покорените“ да се откажат од својот јазик, затоа што – да се откаже човек од својот народен јазик, значи да се откаже и од својот народен дух. Да се откаже од својот народен дух, пак, значи – да се откаже од својата народност и припадност, со еден збор: да се откаже од самиот себе, рече Цветанова.

На одново актуелизираните тврдења дека тогаш не постоела македонска народност, Цветанова посочи на цитатите на Мисирков и Ватрослав Јагич, според кои јужнословенските јазици претставуваат „верига“ од наречја и според која сè до формирањето на бугарската, српската, хрватската и словенечката држава, нивните жители се нарекувале со едно име – Словени.

    Според тоа, ако формирањето на Јужните Словени во посебни народности е механичко-политички процес, Мисирков прашува зошто истиот тој процес не би бил возможен за формирање и на посебна македонска народност: „…Тоа можит да се забелижи на тије, шчо вељат дека никога немало македонцка народност. Немало, ама ја имат сега и ќе бидит за однапред“, рече Цветанова.

 

 Извор:

https://republika.mk/vesti/kultura/cvetanova-go-citira-misirkov-da-se-otkaze-chovek-od-svojot-naroden-jazik-znachi-da-se-otkaze-i-od-svojot-naroden-duh-od-samiot-sebe/

 

Друго:

 
На собирот на МАНУ по повод денот од формирањето на Македонското научно-литературно другарство во Петроград во 1902 и 80-годишнината од смртта на неговиот претседател Димитрија Чуповски, претседателот на Академијата Љупчо Коцарев предложи идната година МАНУ да го одбележува овој датум како зародиш на постоењето на Академијата.

Истакна дека формирањето на Македонско-научното литературно другарство во Петроград (денешен Санкт Петербург) е настан кој симболично го означува почетокот на македонската современа научна мисла. Роденденот на МАНУ се одбележува на 9 октомври, денот кога е основана во 1967, но Коцарев смета дека по примерот на други академии, од идната година на 28 октомври да се одбележат 119 години на Академијата бидејќи нејзината историска основа е во Македонско-научно литературното другарство кое во Петроград го формирала македонската емиграција.

Се заблагодари за придонесот на академик Блаже Ристовски, проучувач на делото на Чуповски и Мисирков, нагласувајќи дека со своите темелни истражувања проникнал во историјата на Македонија и македонскиот народ.

– Македонското име, јазик и култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се суверено, нераскинливо и неотуѓиво, универзално право на македонскиот народ. Парадоксално и, за жал, дел од овие права ги загубивме во потрага по античкото минато, а дел во името на европска иднина. Време е за национален консензус за сите овие прашања… Се надевам дека ќе најдеме сили да излеземе од состојбата во која се наоѓа дел од македонскиот народ – поделеност, разнебитеност и разочараност, со цел достоинствено, но не по секоја цена да продолжиме во Европа, истакна претседателот на МАНУ.


Се осврна и на уште еден значен датум во октомври – Денот на народното антифашистичко востание на 11 октомври 1941, за кое рече е камен-темелник, меѓа за самобитност и самостојност, но дека, за жал, сведоци сме, како што рече, на негирање на овој настан и на постоењето на македонскиот народ и на осободителниот  антифашистички карактер на востанието.

– Тоа е востание на Македонците против ропството на Бугарија која на денот на востанието била сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија и ја окупирала територијата што се нарекувала Вардарска Бановина како дел од Кралството Југославија. Најголемиот дел од населението на Вардарска Бановина на денот на окупацијата од Бугарија се чувствувале како Македонци, рече Коцарев, додавајќи дека современата македонска држава е помлада од македонскиот народ.

Академик Катица Ќулавкова, раководител на научноистражувачкиот проект „Димитрија
Чуповски (1878 – 1940)”, во чии рамки се организираше собирот, се осврна на периодот од 1878 до 1918, како што рече, епските и драматични времиња  за Македонците, говореше за македонската интелигенција во емиграција, за подвигот на постпреродбениците Пулевски, Мисирков и Чуповски, што го нарече „клучен исчекор од стапицата на пропагандната и психолошка инвазија на Македонците кон зоната на слободата”.


Посочи дека поимањата на Чуповски на македонството, неговите чувства, зборови и дела се единствена целина и не се откажал од своето државјанство на Отоманската Империја само зашто не сакал да прими државјанство ни на Бугарското Кнежество, оти не се чувстввал Бугарин, ни се пронаоѓал во бугарската кауза која, како што рече, „се сметала за заокружена само доколку ја приграби и Македонија во своите граници, дури и не толку географски, колку етнички, јазично и историски”.

-Се работи за три култни начела поврзани со идентитетот, територијалниот и етничкиот интегритет на Македонија и нејзината политичка автономија. Другарството ги промовира во својата дипломатска дејност овие три врховни начекла – идентитет, интегритет и автономија. За да се оствари таа цел, ако не може одеднаш, тогаш постапно, Другарството доаѓа до заклучок дека во почетната фаза Македонија би требало да има признат статус на рамноправен дел на балканското семејство на народите, па дури и во составот на некоја федерација, рече Ќулавкова.


Додаде дека македонската парадигма на Другарството од Петроград и денес е актуелна и опоменува, како што рече, дека не смеат да се прават отстапки во однос на македонскиот идентитет ни по однос на македонската етничка, јазична и културна територија која ги надминува границите на актуелната држава.

– Затоа што барањата за такви отстапки се нелегитимни и непримерени за научните, демократските и цивилизациските дискурси. Ако работи според законот по кој е основана, МАНУ не би требало да дозволи да биде употребена како покритие на ексклузивни, ненаучни и прагматично-политички цели, истакна Ќулавкова.

На собирот беа одбележани 120 години од почнувањето на активностите за формирање на Македонското научно-литературно друштво во Петроград (1902-1917) односно две години пред неговата регистрација, 80-годишнината од смртта на Димитрија Чуповски (с. Папрадиште, Велешко, 8.11.1878 – Ленинград, 29.10.1940) и  30-годишнината од пренесувањето на неговите мошти од гробиштата кај црквата „Александар Невски” во Санкт Петербург во могилата на Градските гробишта во Скопје.

 Извор:

 https://www.slobodenpecat.mk/pretsedatelot-na-manu-koczarev-makedonskoto-ime-jazik-kultura-i-identitet-se-univerzalno-pravo-na-makedonskiot-narod/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1885
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2392
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная