Од дамнешни времиња познато е дека чумата не пустошела таму каде што многу и силно ѕвонеле црковните ѕвона. Ево што вели за тоа савремената наука:
Црковната музика, а особено ѕвонењето на црковните ѕвона, благотворно делува на човечкото здравје. Во руските лаборатории, со помош на експеримент, утврдено е дека осцилацијата на ултразвучниот дијапазон на црковните ѕвона ги одбива бацилите на чумата, потоа вирусите и други инфективни заболувања кои се пренесуваат преку ваздухот.
Современиот руски научник, еколог и писател, Фотиј Јаковлевич Шипунов, управник на лабораторијата за истражување на биосферата на руската Академија на науките, со години го изучувал влијанието кое на својата околина го вршат православните храмови и манастири. Ево што вели тој за исходите на своите експерименти:
“Манастир е небоземен поим. На манастирите непрекинато се спуштаат зраците на небеските сили кои оживуваат. Таму гори небескиот оган. Уште повеќе, тоа може да се провери и со помош на современите физички инструменти.
Дури и таму, каде што останале само темелите на разурнатиот манастир, во време на големите празници, со помош на инструментите, може да се чуе Литургијата”.
За ѕвоната, тие радосни гласници на црковните празници, весници на воскреснувањето и утеха за тажните, звоната кои го следат животот на Христијанинот од раѓањето до смртта, Шипунов вели:
„Ѕвоното не е толку творба на човечкиот, колку на Божјиот ум. Ниеден математичар не е во состојба да ја пресмета формулата на ѕвоното, ниту равенката на неговото ѕвонење. Се обидувале и Флоренски, Ојлер, но не успеале. Јас верувам дека ѕвоното е создадено со помош на Божјото откровение.
Исто како што е можно само така да се наслика добра икона. Така 12-октавната звучна симфонија на ѕвоната кои ѕвонеле во големите манастири какви што се Задонски, Данилов, Спаски, на растојание од седум километри, според податоците на мерењето – ги стерилизирала сите патогени организми. Тие не можат да ги издржат осцилациите на ултразвучниот дијапазон, а ултразвукот е многу силен енергетски извор со кој може да се сечат стебла, да се кршат тули. Пред дванаесет години ја истражувавме околината на Јелеховската соборна црква, за време на Божиќ. Кога ѕвонело големото ѕвоно, уништуван е вирусот на грипот.
Сите епидемии кои наидувале од Блискиот исток на југот на Стара Русија, во бранови ги заобиколувале реоните во кои биле сместени многу поголеми манастири, цркви – каде што имало многу ѕвонење.”
Во Русија до 1918 година имало 80.000 цркви и 1.250 манастири, па звукот на едно ѕвоно се претопувал во звукот на друго. Така, според прсметките на научниците, над Русија се создавало силно заштитно поле, кое земјата ја штитело од големи епидемии. Ѕвонењето е создадено со Божествените сили заради јакнење на природната звукосфера.
Црквата никогаш ништо не препорачува, ниту забранува од моралистички, прости човечки причини, туку врз основа на Божјото откровение за природата на човекот и космосот, како и за начините човекот и космосот да влезат во заедница со Бога. Во Христа, Словото и Смислата на човекот и вселената, зазвучела најубавата мелодија која човештвото отсекогаш нетрпеливо ја посакувало: мелодијата на Царството Небеско.
Преведе : М. Д.
24.07.2013