логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Детско катче

ЕДНА БОЖИЌНА НОЌ

Беше тоа некогаш многу одамна, кога никој од вас сеуште не беше роден - започна да раскажува дедото.

Наташа седеше заедно со останатите деца, кои запирајќи го здивот, ги слушаа прекрасните бајки за Снежана со сините очи, за ковачот Вакул и сл.

Светло и радосно гореа светилките на елката. Селото го опфати Божиќната ноќ, која беше свечена, ведра и тивка.

- Еве во ваква ноќ заблеска Витлеемската Ѕвезда - тивко рече Наташа.

- И се роди Христос? - љубопитно запраша Никола.

Децата прашувајќи се, погледнаа во дедото. Што ќе каже тој сега!? Дедото очигледно беше затекнат од ова прашање. Тој некое време молчеше, ја погали брадата и ги погледна децата по ред - тие почнаа да му се приближуваат.

- Таа случка, деца, беше посебна и неповторлива - чувствително започна тој.   -„Слава на Бога во висините и на земјата мир! “ - пееја ангелите во Божиќната ноќ. Таа ноќ, од љубов спрема човекот, на земјата дојде Предвечниот Бог, Господ наш Исус Христос. Го роди Пресветата Дева Марија, во Витлеем, во скромната пештера. Веста за раѓањето, смирените пастири ја слушнаа од Ангелот Господов, кои први беа удостоени да Му се поклонат на Спасителот.

Чудесната ѕвезда им го објави Христовото раѓање и на благочестивите мудреци - претставници на сиот многубожечки свет кој, не знаејќи го тоа, се поклони, заедно со нив, пред вистинскиот Бог.

Еве, таква радост на луѓето им донесе Светата Ноќ, исполнета со тајни и чуда - ја заврши приказната дедото. Потоа ги погледна децата: нивните очи беа полни со искри, образите им беа заруменети.

- Мојата мајка, ми кажуваше дека елката најмногу Му се израдувала на Христос - рече Наташа.

- Како тоа? - се зачуди дедото - раскажи ни.

Наташа слезе од колената на дедото, ги извади ракавиците, ја поправи капата и, воопшто не збунувајќи се, почна да раскажува:

- Во таа ноќ на Христовото раѓање целата земја се радуваше на Младенецот - цела природа, сите животни, но најмногу се радуваа трите дрва: палмата, маслината и елката, затоа што тие растеа покрај пештерата, во која Христос се роди. Кога Младенецот заспа, тие посакаа да влезат во пештерата и да Му принесат дарови. Но, палмата ја турна елката и ѝ рече: „ Што можеш ти да Му дадеш на Богомладенецот? - само бодликави иглички и леплива смола “. Елката не се осмели да влезе: таа добро ги виде јаслите и заспаниот Младенец, и тоа ѝ беше доволно за да се израдува. Елката виде како палмата Му го принесе најубавиот лист на Младенецот, а маслината своите гранки, од кои капеше миризлив елеј, што ја исполни пештерата со благоухание. - „ Во право се - помислила елката, како можам да се сметам рамна на нив, јас не сум достојна да Му се приближам на Христос “.

Но, ангелот Господов, кој ја чуваше пештерата, го слушна и го виде сето ова. Се сожали на елката и погледнувајќи во небото даде знак - и ѕвездите, една по друга се спуштија на елката. Таа веднаш заблеска! Од таа светлост Христос се разбуди, ја погледна елката и ги испружи Своите раце кон неа. Таа многу се израдува, но заради добрината своја, воопшто не се возгордеа пред маслината и палмата, туку напротив, ги осветли своите посрамени сестри со својата светлина, за Христос и нив да ги забележи.

- Ти си добро дрво - рече ангелот - и заради тоа, на денот на Христовото раѓање, децата секогаш ќе те украсуваат со светлина, и ќе се радуваат и ќе се веселат.

- Аха, еве зошто, вие ја украсувате елката! - извика дедото зачудено - а јас тоа воопшто не го знаев.

Тој ја пофали Наташа, извади од елката огромно лижавче и ѝ го подаде. Наташа блескаше од среќа.

- И јас знам за Христос, мојата баба ми раскажуваше за Него - рече Лариса, црнокосо девојче во розово фустанче. - Исус Христос е Син Божји. Он е најдобар, Он нѐ сака сите нас и сака и ние едни со други да се сакаме.

- Господ сака сите нас да нѐ избави од зло - додаде Никола.

- Излегува дека сите вие сте ми многу паметни - дедото ги рашири рацете и започна од елката да вади медењачиња и мандарини и да им ги дели на децата.

- После Новата Година - рече дедото - сите православни ќе го слават Божиќ. Во нашиот храм ќе можете да чуете ангелско пеење, посветено на новородениот Младенец -Христос.

- Можеби некој од вас оди на проби на хор? - запраша дедото.

- Мојата другарка оди - рече Наташа и погледна во Лариса - а јас следната година ќе одам на веронаука. Татко ми многу ми зборуваше за Божиќните празници. Колку е тоа интересно.

- Кој сега ќе ни отсвири песничка?

Во очите на Наташа заблескаа златни пламенчиња, а нејзината темносина панделка заигра како крилата на пеперутката.

- Јас ќе отсвирам! - рече таа.

- Наташа седна на клавирот и даде акорд. Држејќи се за рацете, децата вртеа околу елката и пееја: „ Во шумата се роди елкичка, во шумата и растеше “.

- Дечиња - им се обрати дедото - денеска сите ние сме весели, единствено малечкиот Андрej е тажен, бидејќи, еве, веќе втора недела како лежи во креветот, со скршена нога, а се спремаше сите нас да нѐ изненади со циркуска акробација. Одете утре кај него.

Полни со сочувство децата го опкружија дедото.

- Дедо, ние со нашата учителка Татјана  веќе отидовме кај него - рече Никола - нему му е подобро. Утрово си играв со него „ дама “, а учителката му читаше интересна книга за далечните земји, каде што ќе патуваме кога ќе пораснеме.

- Јас утре ќе му подарам блокче и боички  - рече Владимир - и поштенски марки можам да му дадам, имам многу што ми се двојни.

- Гледам дека сте добри деца - рече дедото. - Ајде сега да си одиме дома.
Детските безгрижни срца беа исполнети со љубовта Христова и тоа беше најголемиот божиќен дар за нив. Спокојство и блажена радост се гледаше на нивните лица. Изгледаше како токму во тој момент да Го гледаат чудесниот Младенец во Витлеемските јасли, Кого сега толку многу Го засакаа. Заблагодарувајќи му се на дедото со искрена љубов и со Божиќниот поздрав „ Христос се роди - навистина се роди “, малечките се фрлија во неговата прегратка, а потоа потскокнувајќи одлетаа со санките кон своите домови.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!
НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

 ===================

 

 БОЖЈИ СЕМИЊА

Една жена сонувала прекрасен сон: во сонот се нашла во продавница, а продавач бил Самиот Господ Бог.

- Господи! Ти ли си тоа? – радосно воскликнала таа.

- Да, тоа сум Јас, - ѝ  одговорил Бог.

- А што може да се купи од кај Тебе? – прашала жената.

- Овде може да се купи сé , - рекол Бог.

- Тогаш, дај ми, Те молам, здравје, среќа, љубов и многу пари.

Господ добродушно се насмеал и отишол во другата соба за да ги земе нарачаните работи. По некое време, Тој се вратил со малечка картонска кутија.

- Тоа е сé?! – разочарано проговорила зачудената жена.

- Да, тоа е сé, - ѝ  одговорил Бог и додал: Зарем ти не знаеше дека во мојата продавница се продават само семиња?

======================

БЕРБЕР
Еден човек, по обичај, појде кај берберот за да си ја скрати косата и да го избричат. Тој започна разговор со берберот. Зборуваа на различни теми и одеднаш разговорот се сврте кон темата за Бог. Берберот рече:
- Што и да кажете, јас не верувам дека Бог постои.
- Зошто? – праша човекот.
- Тоа е едноставно. Доволно е само да излезеш надвор и веднаш ќе видиш дека Бог не постои. Еве кажете, ако постои Бог, зошто има толку болни луѓе? Зошто толку многу сирачиња? Ако Тој навистина постоеше, немаше да има страдања и болка. Тешко да замислиш дека Бог, Кој е љубов, би дозволил сето тоа да се случува.
Човекот се замисли, но реши да молчи за да не влегува во во конфликт. Кога берберот ја заврши својата работа, човекот си замина. Излегувајќи надвор, тој забележа некој разбушавен и неизбричен човек (толку несредено изгледаше овој човек што се чинеше дека воопшто ја немаше истрижено косата и не се избричал целата вечност). Тогаш човекот се врати кај берберот и му рече:
- Знаете, што? Јас тврдам дека бербери не постојат!
- Како, тоа? – се зачуди берберот. – А јас кој сум? Јас сум бербер!
- Не! – извика човекот. – Тие не постојат, инаку надвор би немало разбушавени и неизбричени луѓе, како еве овој човек, кој се шета по улицата.
- Е, мил мој, работата не е во тоа што нема бербери. Ама, ете, луѓето сами не доаѓаат кај мене.
- Така е! – се согласи човекот. – Токму затоа јас велам дека Бог постои, но самите луѓе не Го барат и не приоѓаат кон Него. Затоа во светов има толку многу болка и страдање.

 ==================


ДЕТЕТО

 Во еден град настапила голема суша. Летото било во тек и едно утро градскиот свештеник ги собрал сите да се помолат во црквата за Господ да им даде дожд. Целиот град се собрал, и сите присутни почнале да му се смеат на едно дете, кое дошло со чадорче. Луѓето се смееле и му зборувале:
- Глупо момче, зошто го донесе чадорот? Ќе го загубиш. Нема да врне.
Детето, пак, им рече:
- А јас си помислив дека вие ќе се помолите и дождот ќе дојде.

=======================

 

ВОЛШЕБНИ НАОЧАРИ

Е.Т.А. Гофман

Колку жално што сега нема волшебници! Тие би ги исполнувале нашите желби, - кажа малечката Кате, разгледувајки го двогледот на мајка и која таа го добила на својот роденден. – Тогаш јас би знаела што да посакам од нив.
-Изгледа ќе посакаш двоглед како мојот? – со насмевка одговори мајката.
-Не баш ваков. Јас би посакала двоглед со кој ќе гледам не само лица и предмети , бидејќи и така доволно добро ги гледам, туку би сакала да видам што се крие позади нив. На пример, јас сакам да знам што луѓето имаат во срцето, кој од нив е добар, а кој злобен, би сакала да ги знам нивните мисли, желби.
-Многу ме радува, - рече мајката, - што ти немаш ваков двоглед; инаку ти би добила многу непријатели.
-Зошто, мамо? –праша девојчето.
-Зарем ти мислиш, мило мое дете, на луѓето би им било пријатно да знаат, дека тие ништо неможат да сокријат и дека нивните срцата се отворени пред тебе? Чекај, се сетив на една бајка. Таа ќе ти објасни тоа што ти не го разбираш.
Многу одамна живеел еден човек. Тој сакал да има наочари со стакла какви што и ти сакаш, и ги добил. И еднаш, кога тој ги ставил неможел повеќе да ги симне. Што се случило? Срцата на луѓето со сите нивни мисли се отворале пред него, но во нив тој гледал повеќе лоши работи од колку добри. Тој влегувал во срцата на најверните и најсаканите негови пријатели – и секаде наоѓал некоја мана. Тоа му донело голема тага и тој почнал да се однесува спрема нив круто и со недоверба. Тие прво се чуделе и се навредиле, незнаејќи зошто тој се сменил, па најпосле го оставиле сам. Осаменоста многу го натажила; но тој не сакал да ги гледа луѓето со обични очи, кои за него биле полоши од неговите, и во својата тага тој почнал да го моли Бога за смрт. Наместо смрт пред него се појавил ангел со кротко, добродушно лице и сини очи.
-Јас сум љубов, - му рече небесниот гласник, - и дојдов да ти помогнам да ја тргнеш својата заблуда. Ти бараш од другите совршенство. Но, дали може да го пронајде тој, кој самиот е полн со недостатоци? Како прво проучи го твоето срце, а потоа осудувај ги твоите ближни ако смееш!
Кажувајќи ги овие зборови ангелот ги допре волшебните наочари и пред тој човек се отвори неговото срце, кое било многу полошо од срцата на другите.
-Боже, каков грешник сум! Прости ми! – извикна тој, и наочарите паднаа од неговите очи.
-„Љуби го ближниот како самиот себе“, - му рече ангелот, - таква е Господовата заповед. Труди се да им ги простуваш на луѓето нивните недостатоци – ти ќе бидеш среќен во овој свет и ќе ти биде простено во другиот.
Човекот ја исполнил наредбата која му ја кажа ангелот, и цел свет, сите луѓе почнале да му се гледаат подобри од него затоа што тој го запамтил тоа што видел во своето срце. Сега, гледајќи ги другите, тој се трудел да пронајде во нив само добри работи, а благодарејќи на тоа и самиот станал подобар и посреќен.
-Дали  ја разбра мојата бајка, Кате? – ја праша мајката. – Ајде и ние да гледаме во себе преку тие волшебни наочари, а на другите да гледаме со обични стакла. Нас ни е  заповедано да ги љубиме ближните, а не да ги бараме нивните недостатоци. Доволно за нас е и тоа, што ние ги проучуваме и корегираме нашите гревови.

Извор: Бигорски манастир

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная