логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Priroda.ubava.jpg

ДОБРА ПОМИСЛА-Мирсини Вигипулу

Пркос тргна свиркајќи и пеејќи. Додека размислуваше како е старецот добар и колку му помогнал, патот просто се отвораше пред него. Му се чинеше многу едноставно постојано да мисли на добро. Не чекореше долго кога примети во далечината еден човек како го пои својот коњ. „Еве добар човек”-помисли. „Ќе застанам и ќе му се обратам”.
-Добар ти ден добар мој човеку!
-Добар ден! Каде си тргнал!
-Тргнав во Ти-Градот.
-Напорно е тоа патување.
-Па, како се земе! Не е баш толку тешко. Од нас зависи дали ќе стигнеме на одредиштето.
 Додека разговараа, Пркос го стави своето врзопче на еден камен. Се приближи до коњот и го погали.
-Го имаш најубавиот коњ што сум го видел. Нека ти е жив и здрав. Како му е името?
-Шугавко.
-Шугавко? Е, неможеше  ли да му најдеш некое поубаво име?
-Се гледа другарче, дека не знаеш ништо за коњите. Ни тоа не го заслужил!
 Пркос, сакајќи да ја промени темата на разговорот, запраша дали водата во потокот е чиста.
-Овде не е толку добра. Оди малку понатаму! Помеѓу оние камења има извор.
-Фала ти! Многу си добар.
Чекореше кон изворот. Во моментот кога се наведна да пие, слушна коњски трк. Ја подигна главата и имаше што да види: коњаникот заминува во галоп, а на грбот му виси неговиот врзоп! Исполнет со срдба, Пркос се затрча по него и повика:
-Злосторнику, застани, застани! Мојот врзоп! Врати ми го мојот врзоп!
Но, коњаникот се повеќе се оддалечуваше воопшто не свртувајќи се.
-Крадецу! Злосторнику! Никој не ми е крив што учтиво му се обратив!
Дури и твојот Шугавко го пофалив за да ти угодам. Крадецу!
 Стазата почна да се стеснува. Чекореше, разговарајќи сам со себе: „Ах, старче, што ми направи! Ти си крив за се. Да ја послушав мојата кралица, сега немаше сето ова да ми се случува. Обидувајќи се постојано да размислувам за доброто, еве што ме снајде. Но, какав совет да ти даде еден стар човек!”
 Патот се исполни со големи камења и Пркос се движеше со голем напор.
 -Да не ми беше жал за трудот кој го вложив за да дојдам до тука, би тргнал назад да ти ги вратам твоите совети! А оваа несносна патека е полна со грмушки кои ми ги изранија нозете!
 Сонцето пече. Пладне е. На сите страни ќорсокаци. Потполно исцрпен седнува на земја, не знаејќи во кој правец да продолжи. Веќе огладне. Се сети на храната која старецот му ја подготви  за по пат. Ја наведна главата и ја навали на рацете. Патчето беше полно со камења. Одеденаш од под грмушката излегува еден поголем бумбар тркалајќи една капина. Пркос ја испружи раката и ја зема капината. Ја оддува прашината од неа и ја изеде. Бумбарот неколку мигови збунето кружеше во место.
 -Залудно бараш! Ја нема, ја проголтав! Прости ми што ти го ускратив оброкот, но гладен сум. Би можел ли да ми донесеш уште една?
 Бумбарот немо го продолжува својот пат.
-Секако, моја бубачке, тоа се вика кражба. Но, гледаш, кога си гладен, забораваш на доброто однесување!
 Во тој миг, низ неговиот ум налик на молња мина ликот на човекот  што му го украде врзопчето.  „Да не гладуваше и тој? Сигурно сиротиот бил гладен, па затоа на ништо не обрнување внимание. Беше слаб и блед. А јас викав и му реков толку грди зборови!” Се покаја. „Значи, кога бумбарот  би зборувал, и тој мене би ме нарекол крадец, или можеби би си отишол молкум?” Стана и ја побара бубачката.
 -Каде си бумбарче? Зарем веќе си отиде?
 Додека се обидуваше да го најде, здогледа од својата десна страна широка стаза. Патот се расчистуваше. Пркос повторно чекори исполнет со радост. Малку понатаму наидува на смоквино дрво полно со прекрасни плодови, а покрај него тече вода. Седнува да се одмори. Додека ги јаде смоквите се присетува на мудриот старец.  „Старче, добро ми кажа ти! Но, како што се чини, јас само на зборови бев добар. Дури ти ги прераскажав твоите совети! Но, на дела се замачкав!”- призна Пркос.
  Се најаде , се напи вода, се окрепи. А, сега патот беше чист. Почна да трча се побргу и побргу, викајќи:
 -Ти-Граду, Ведрана, ви пристигам!
 Исполнет со радост, не примети дека се качи на едно високо ридче. Подзастанува за да ужива во погледот и не им верува на сопствените очи.  Помеѓу столетното дрвје, рекички и езерца, се наоѓа мноштво бели куќички, распослани како мали јагниња по ливадата. Пресреќен извикува:
 -Да живееме! Го пронајдов! Да живееме!
Удолнината за него е уште полесна. Што повеќе се ближи кон Ти-Градот, срцето посилно му чука. Расмислува за изненадувањето кое ќе и го направи на Ведрана. Штом ќе стигне ќе праша некој каде живее таа, а потоа веднаш ќе отиде таму.  Одеднаш се присети на нејзиниот татко, кој набрзина ја одведе од јас-Градот. „А, чекај малку”-размислуваше-„јас го поканив во мојата куќа, а тој одби! Затоа сега нема да трчам. Ќе пронајдам некој да ги извести за моето доаѓање. Нека се потруди нејзиниот господин-татко да ме повика. Прво ќе одбијам, а потоа...”   Уште пред да успее да ја заврши мислата, се спрепна и ....како буренце почна да се тркала удолу! Кога, после многуте лелекањ , конечно престана со тркалањето, се најде на брегот на една  широка и бурна река. Тука остана без свест.
 
 Извор: „Из Ја Града у Ти Град” (издание на Беседа-Нови Сад 2007 година)

 Подготви: Маја Белева

 

 Друго:

Мирисини Вигипулу- „Патување од Јас-Градот во Ти-Градот”

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная