логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Вториот повеќедневен пост, чијашто цел е да нѐ подготви за достоен пречек на Христовото Раѓање, е Божикниот пост. Тој ни го претставува Стариот Завет и нѐ потсетува на старозаветните патријарси и праведници, кои во пост и молитва го очекуваа доаѓањето на Спасителот.

Бидејќи Црковниот устав го смета Раѓањето Христово за втора Пасха, и Божик, исто како и Воскресение, има пред себе пост од четириесет дена и се нарекува четириесетница, но „мала четириесетница“. Според должината и значењето на празникот за кој се подготвуваме, Божикниот пост е прв после Воскресенскиот, но според строгоста во однос на храната тој се споредува со апостолскиот пост.

Историјата на овој пост е недоволно јасна, односно сведоштвата дека тој започнал да се практикува уште од древноста се многу ретки. Постои основано мислење дека тој започнал да се практикува уште од V век. Така на пр. според едно сведоштво трите четириесетници се развиле најдоцна до VII век, односно Божикниот пост се практикувал во Антиохија уште во почетокот на VI век и почнувал на 1 декември, а додека, пак во Ерусалим (VI век) тој изнесувал 40 дена. Михаил Скабаланович вели дека првите сведоштва за овој пост ги имаме во Коптскиот календар од VIII  век. Од IX век веќе можеме полесно да ја следиме историјата на постот, а тоа се гледа од каноните на Цариградскиот Патријарх Никифор, од Ипотипосисот и Дијатипосисот од IX век, каде што постојат упатства во однос на храната во четириесетницата, како и од одредбите на Цариградскиот Собор за време на Лука Хрисоверг и царот Манојло Комнен (XII век), кои зборуваат дека постот започнува на 15/27 ноември итн.

Во богослужбените особености на постот спаѓа и спомнувањето на старозаветните пророци, праотци и праведници, особено на пророкот Даниил, кој толку точно го прорече времето на Раѓањето Христово, како и на неговите тројца другари, кои во огнената печка беа праобраз на овој настан.


Особености на Божикниот пост

Типикот пропишува на 6 јануари строг пост, односно постои одредба да се прави таканаречен „сочелник“ (каша од сушени зрна) или коливо. Сето ова има длабоко значење. Имено, коливото се благословува заради спомен на мачениците и светиите, како и во деновите за спомен на упокоените. Во овој случај правењето коливо значи дека пред Раѓањето Христово ние се сеќаваме на Божествениот Младенец, Кој се раѓа за да претрпи страдања и смрт заради искупување на нашите гревови, се раѓа за да умре и Воскресне. Точката во која се сретнуваат овие два спомени, раѓањето и воскресението, е неделата. Затоа, доколку Божик се падне во недела, тогаш на утрената се пеат ирмосите на Велика Сабота: „Волноју морскоју“. Оваа на прв поглед необична мисла, уште во раѓањето и раното детство да се укажува на страдања и распетие, најпрекрасно е изразена во Богородичната иконографија, особено во иконите „Страдална“ и „Умиление“. На првата икона ангелите Му Ги покажуваат оружјата на страдањето на Христос Младенецот, а на другата е Богородица Која Го држи Младенецот Христос, прикажана со натажен изглед заради сеќавањето на смртта на нејзиниот Син. Таа Го привлекува кон себе, а Спасителот како Дете ја чувствува болката и тагата на Неговата Мајка, и ја прегрнува и со љубов ја гледа во очите. Најпосле раѓањето беше заради смртта и воскресението.Затоа, овој пост е идеална прилика да го направиме првиот чекор. Прегрнувајќи го подвигот на љубовта и молитвата, тоа оружје кое го преобразува нашиот внатрешен човек, да се помириме со Бога и едни со други за да ја привлечеме Божјата благодат во нас. Така ќе располагаме со огромна духовна сила, која ни е многу потребна, доколку сакаме да ги извршуваме добрите дела. Тогаш нашето срце ќе стане благопријатно место за во себе да ги прими мудреците, пастирите, Божјата Мајка – ќе се претвори во место на раѓањето на Христа Младенецот.


Св. Симеон Солунски вели: „Божикниот пост символично го претставува Мојсеевиот пост, кој постејќи 40 дена и 40 ноќи, го прими словото Божјо испишано на камените таблици, а ние постејќи 40 дена, Го примаме Словото на Бога Живиот од Дева, не на камен напишано, туку овоплотено и родено“.

 

Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная