логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Започна Божикниот пост. Тој му претходи на празникот Рождество Христово, трае околу 40 дена и се нарекува исто така „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип. Божикниот пост е востановен за да можеме ние, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиме себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнеме Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, нашето чисто срце и желба за последување на Неговото учење.

 

Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто како и за Петровденскиот пост. Јасно е дека во времето на постот се избегнуваат месото, путерот, млекото, јајцата, сирењето. Освен тоа, Уставот вели дека во понеделник, среда и петок во Божикниот пост не се јаде риба, вино и масло и дозволено е само примање на храна без масло. Во останатите денови – вторник, четврток, сабота и недела разрешена е храна со растително масло. Рибата за време на Божикниот пост се разрешува во саботните и неделните денови, како и на големите празници, каков што е празникот „Воведение во храмот на Пресвета Богородица“, а исто така и на храмови празници и деновите на големите светии, но само доколку тие празници се паднат во вторник или четврток. Доколку празникот се падне во среда или петок се разрешува на вино и масло. Од 2 јануари до 6 постот се засилува и во тие денови, дури и во сабота и недела рибата не е благословена.

Како да го минуваме времето на постот?

 

Според делата на благочестие, на кои ние треба да им ги посветиме деновите од постот, овој пост наликува на празничните денови. Словото Божјо сведочи дека „постот… за домот Јудин ќе бидат радост и голема веселба(Зах. 8, 19). Сепак, постот се разликува од празниците и обичните денови. За време на празниците Црквата нѐ повикува кон благодарење на Бога и Светиите за нивните благодејанија, додека во времето на постот сме повикани кон помирување со Бога и учество во животот, страдањата и смртта на Спасителот и Светиите. Празниците нѐ приведуваат кон духовна радост и надеж, постот, пак, кон духовно смирение. За време на празниците во согласност со духовната веселба, Црквата благословува побогата трпеза, во постите, пак, се пропишува умерено употребување на посна храна и питие. Сето тоа е убаво уредено во Црковниот Устав со цел да ги ослаби во нас страсните движења на плотта, кои се будат со обилните и слатки телесни задоволства; но така што да не ја заслабне сосема нашата телесна природа, туку да ја направи лесна, крепка и способна да се потчини на движењата на духот и бодро да ги исполнува неговите потреби.

Уставот на Црквата учи од што треба да се воздржуваме во времето на постот. Телесниот пост без постот духовен не придонесува ништо за спасението на душата, дури напротив може да биде и духовно штетен, доколку човекот воздржувајќи се од храна се исполни со чувство на предимство во однос на другите. Вистинскиот пост е поврзан со молитва, покајание, со воздржание од страстите и пороците, со искоренување на лошите дела, простување на навредите, и вежбање во добродетелта. Постот не е цел туку средство – средство да ја смириме сопствената плот и да се очистиме од гревовите. Без молитва и покајание постот станува една обична диета. И Светите Отци велат дека додека постиме телесно истовремено треба да постиме и духовно: „Да постиме, браќа, телесно, да постиме и духовно, да ги разрешиме сите врски на неправдата“. Вистинската суштина на постот е изразена во следната црковна песна: „Пости од храна душата моја, но од страстите не се очистува – напразно се утешуваме со нејадење. Зашто ако постот не ти донесе исправување, ќе биде примен од Бога како лажен и ќе биде како кај лошите демони кои никогаш не јадат“.

Како да се навикнеме на постот?

Основа на постот е борбата со гревот преку воздржание од храна. Значи воздржание, а не истоштување на телото, затоа правилата за запазување на постот секој треба да ги усогласи со своите сили, со степенот на својата подготвеност за пост. Постот е аскетски подвиг, кој бара подготовка и постепеност. Неопходно е во посниот подвиг да се влегува постепено, етапно, почнувајќи со воздржание од мрсна храна во среда и петок во текот на целата година. Некои непромислено и нагло го започнуваат подвигот на постот, постејќи безмерно строго. Тие само го нарушуваат своето здравје, или уште полошо, од гладот стануваат нетрпеливи, раздразливи – се гневат на секого и на сѐ и постот наскоро за нив станува неподнослив. И тие го отфрлаат. За нашето расположение кон постот да биде правилно, треба постепено да пристапуваме кон постот, внимателно и со расудување. Секој треба самиот да си определи колку му е потребно храна и питие, притоа не многу да го намалиме количеството на храната што ја употребуваме и да се доведеме до тоа да сме исцрпени и неспособни за делување. Тука главното правило ни го дава Самиот Господ: „Да не отежнат срцата ваши од прејадување и пијанство“. Оној којшто сака да го сочува и запази постот би требало да се посоветува со опитен духовник, добро да му ја изложи својата физичка и духовна состојба и да испроси од него благослов за исполнување на постот.

Преземено од: Православие

Извор: Бигорски манастир

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2076
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 538
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная