ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА
Блажен е оној човек: првата катизма.
Стихири на Господи, повикав, на 8, глас 1, самогласни.
(од патријархот Герман)
Кажи ни Симеоне, кого носиш во рацете, та во храмот толку се радуваш? Кому се обраќаш и викаш: Сега се ослободив, бидејќи го видов мојот Спасител! Тој е Оној што се роди од Дева. Тој е Бог Словото од Бога, Кој заради нас се воплоти и Кој го спаси човекот. Нему да Му се поклониме (3-пати).
Прими го Симеоне, Оној што некогаш Мојсеј Го виде во мракот на Синај, и Кој стана дете, потчинето на законот! Он е тој што беше претскажан од пророците, Кој заради нас се воплоти и Кој го спаси човекот! Нему да Му се поклониме (3-пати).
Да дојдеме и ние, со песни боествени да Го прресретнеме Христа и да Го примиме Оној чиешто спасение го виде Симеон! Овој е тој што Давид Го предвести! Овој е тој што говореше преку пророците, Кој заради нас се воплоти и преку законот ни говори. Нему да Му се поклониме (2-пати).
Слава, и сега, глас 6.
Денес нека се отвори небесната врата, зашто беспочетното Слово на Отецот, откако прими почеток во времето, не отстапи од Своето божество. Како четириесетдневно дете, од Мајката Дева доброволно се принесува во законскиот храм и Него, на своите раце, Го прима старецот кој вика: Сега отпушти го Својот слуга, Владико, зашто моите очи го видоа Твоето спасение. Господи, Кој дојде во светот за да го спасиш родот човечки, слава Ти! (од Јован монах)
Вход. Прокимен на денот и три паримии.
Од книгата Исход ( 2 Мојс. 12, 51, 13, 1-3, 10-12, 14-16; 22,29; 3 Мојс. 12, 1-4, 6-8; 4 Мојс. 8, 15-17), читање:
Од книгата на Исаија (6,1-12), читање:
Од книгата на Исаија (19, 1-5, 12, 16, 19-21), читање:
Литиски стихири, самогласни, глас 1 (Анатолиеви).
Стариот по денови, Кој некогаш на Синај му го даде законот на Мојсеја, денес како младенец се покажува и, како Творец на законот, исполнувајќи го законот, според законот се принесува во храмот, и на старецот му се предава; Симеон пак, праведниот (старец), откако Го прими и го виде ветувањето исполнето, радосно викаше: Очите мои ја видоа тајната, криена со векови, како се јавува на крајот од овие последни денови: тоа е Светлината која го изгонува мракот од неверните народи, и која на новоизбраниот Израил му дава слава. Затоа, ослободи го Твојот слуга од врските на ова тело, заради вечната младост и чудниот и бесконечен живот, давајќи му на светот милост голема.
Оној што во она време на Синај му го даде законот на Мојсеја, денес на прописите им се повинува, откако заради нас, од милосрдие, стана како нас. Денес пречистиот Бог како свето дете, откако ја отвори чистата утроба, на Самиот Себе како Бог се принесува, ослободувајќи нè од клетвата законска, и просветлувајќи ги душите наши. (Од Јован Монах)
Глас 2.
Оној Кому вишните служители Му се молат со треперење, сега долу Симеон во материјални раце Го прима, проповедајќи дека Бог се соединува со луѓето и, гледајќи Го небесниот Бог како со луѓето се соединува, разделувајќи се од луѓето на земјата, радосно извикувашеː Слава Ти, Господи, Кој што Незаодната светлина им ја откриваш на оние што се во темница. ( Од Андреја Пира )
Денес Симеон Го прима на раце Господа на славата, Кого што Мојсеј порано Го виде под мракот на Синајската Гора, кога му ги даваше таблиците ( со Божјите заповеди ). Тој е Оној што давид Го навестува, кој е страшен за сите, Кој има милост голема и богата. ( Германова )
Света Дева Го донесе Светиот ( Господ Исус ) при светиот Симеон, кој Го прими на раце радувајќи се, и повикаː Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според Твоите зборови, Господи!
Создателот на небото и на земјата, денес од старецот Симеон се носеше на раце. А тој, преку Светиот Дух, говорешеː Сега се ослободив, зашто Го видов мојот Спасител.
Старецот Симеон денес во храмот влегува радувајќи се духовно, за да Го прими на раце Законодавецот на Мојсеја и Исполнителот на законот. Тој, пак, се удостои да Го види Бога низ облак и да го слушне Неговиот глас. Потоа, со покриено лице ги изобличи неверните срца на Евреите; додека Симеон Го понесе предвечното Слово на Отецот, воплотено, и на јазичниците им ја откри Светлината, Крстот и Воскресението. Се покажа и пророчица Ана, проповедајќи Го Спасителот и Избавителот на Израила. На Христа нашиот Бог да Му извикамеː Заради Богородица, помилуј нè. (Анатолиева)
Слава, глас 5.
Испитајте ги Писмата, како што рече Христос нашиот Бог во евангелијата, зашто во нив наоѓаме како Он се раѓа и во пелени се повива, во јасли се полага и со млеко се храни, како прима обрезание и е носен од Симеона. Тоа не е ниту вообразување, ниту привидение, туку дека на светот вистински му се јави. Затоа кон Него да повикамеː Предвечни Боже, слава Ти. ( Од Андреј Критски )
И сега, истиот глас.
Стариот по денови, како дете по тело, од Мајка Дева во храм се принесува, исполнувајќи го ветувањето на својот закон. А Симеон, откако Го прими, говорешеː Сега го отпушташ во мир Твојот слуга, ( Владико ) Свети, според Твојот збор, зашто очите мои го видоа Твоето спасение. ( Германова )
Стиховни стихири, глас 7 (од Козма монах).
Украси ја твојата свадбена одаја, Сионе, и прими Го Царот – Христа! Прегрни ја Марија, небесната врата, оти таа како престол херувимски се покажа; таа Го носи Царот на славата. Дева е облакот на светлината, која на раце Го носи Синот, роден пред ѕвездата Деница. Симеон, пак, откако Го прими во своите раце, на сите луѓе им проповеда дека е Он Господарот на животот и на смртта, и Спасителот на вселената.
Стихː Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според Твоите зборови.
Оној што засветли од Отецот пред вековите, потоа и од девствената утроба, најпосле е однесен во храмот од Неговата неискусобрачна Мајка. И Оној што го даде законот на Синајската Гора, му се покорува на законскиот пропис и се принесе на старецот светител и праведник, кому му беше ветено дека ќе Го види Христа Господа. Откако Симеон Го прими на своите раце, се зарадува викајќиː Овој е Тој едносуштен Бог на Отецот, и Избавителот на душите наши.
Стихː Светлина за просвета на незнабошците и слава на Твојот народ, Израилот.
Оној што е носен на херувимски колесници, и во песни е воспеван од серафимите, Кој неискусобрачно се воплоти од Богородица Марија, Авторот на законот чиј пропис Он го исполнува, носејќи го на раце му Го подаваше на старецот свештеник кој, носејќи Го Животот, бараше разрешување од животот, велејќиː Сега отпушти ме да му јавам на Адама дека Го видов Детето, Кое неизменливо е предвечниот Бог и Спасителот на вселената.
Слава, и сега, глас 8.
Оној што е носен од херувимите и е воспеван од серафимите, денес, според законот е донесен во божественото светилиште и, како на престол, седи на старчевите раце и од Јосифа прима дарови богодолично, како две грлици – Црквата неосквернета и новоизбраните луѓе од незнабошците, две млади гулабици, како началник на Стариот и на Новиот завет. Откако го виде исполнето пророштвото за него, благословувајќи ја Дева Марија – Богородица, Симеон символично ѝ го открива страдањето на нејзиниот Син и од Него бараше ослободување, викајќиː Отпушти ме сега, Владико, како што порано ми предвести, зашто Те видов Тебе – предвечната Светлина, Спасителот и Господ на луѓето што го носат името Христово. (од Андреј Критски)
Потоа, Сега го отпушташː Трисвето, и по Отче нашː На благословувањето на лебовите, тропар на празникот трипати, глас 1.
Радувај се, благодатна Богородице Дево, зашто од тебе засветли Сонцето на правдата – Христос нашиот Бог, Кој ги просветлува оние што се во темнина. Весели се и ти старче праведни, кој Го прими во прегратките Ослободителот на душите наши, Кој ни дарува воскресение.
УТРЕНА
На Бог, Господ, тропарот (3-пати).
По првото стихословие, седален, глас 1.
Хорот ангелски нека се восхити од чудото, а ние земните, гласно да запееме гледајќи го неискажливото Божјо снисходење. Единствениот Човекољубец, од Кого треперат небесните сили, сега Го прегрнуваат раце старечки.
Слава, и сега, исто.
По второто стихословие, седален, глас 1.
Оној што седи со Отецот на светиот престол, кога дојде на земјата, се роди од Дева; и Оној што е бескраен и безвремен, стана Младенец. А Симеон, откако го прими на раце, радувајќи се, говорешеː Сега го отпушташ твојот слуга, Штедре, откако го зарадува.Слава, и сега, истото.
Полиелејни псалми
Величаниеː Те величаме, животодавче Христе, и Твојата пречиста Мајка ја почитуваме, од која, според законот, во храмот Господов се принесе.
Избран псалмː
Од срцето мое се изливаат благи зборови; Му ги посветувам на Царот стиховите мои; Јазикот ми е како перо на брзописец. Ти си најпрекрасниот меѓу синовите човечки. Препаши го на бедрото мечот Свој, о силнику. И така величествен, поитај победоносно, Заради вистината, кроткоста и правдата. Ти ја љубиш праведноста и го мразиш беззаконието. Чуј, ќерко, види, приклони го увото своеː Заборави го твојот народ, и домот на таткото твој. Зашто Царот ја посака твојата убавина, Зашто Тој е твој Господар и приклони Му се тогаш ти. И најбогатите меѓу народот ќе ја бараат твојата благонаклоност. Господ е во Својот свет храм. Господ е на престолот небесен. Го видов Твоето величествено доаѓање, Боже, Доаѓањето на мојот Бог и Цар во Светилиштето. Од светоста на Твојот храм, преку чудесни дела. На Твојот дом, Господи, му припаѓа светост за вечни времиња. Ќе го спомнуват името Твое од род во род. Пред светиите Твои, зашто тоа е добро. Слава, и сегаː Алилуја (3-пати).
По полиелејните псалми, седален, глас 4.
Стар по денови (вечни Боже), стануваш младенец заради мене; на очистување се подложуваш, најчисти Боже, за да ме увериш дека си примил тело од Дева. А Симеон, поучен од тоа, позна дека си Ти Бог Кој се јави во тело и како живот Те целива и, радувајќи се, старечки викашеː Отпушти ме мене, зашто Те видов Тебе, Животот на секое создание.
Прокименː Ќе го спомнуваат името Твое од род во род.
Стихː Од срцето мое се изливаат благи зборови; Му ги посветувам на Царот стиховите мои.
Евангелие според Лука (2, 25-32), зачало 50.
По 50-от псалм, стихира глас 6.
Нека се отвори денес небесната врата, зашто беспочетното Слово на Отецот, откако прими почеток во времето, не отстапи од Своето божество. Како четириесетдневно дете, од Мајката Дева доброволно се принесува во законскиот храм и Него, на своите раце, Го прима старецот кој викаː Сега отпушти го Својот слуга, Владико, Кој дојде во светот за да го спасиш родот човечки, слава Ти!
Канон, чиј акростих еː Старецот радосно Го прегрнува Христа.
Творба на господин Козма, глас 3.
Ирмосот по двапати, тропарите на 12.
Песна 1.
Ирмосː Некогаш сонцето ја допре сувата земја на морското дно, бидејќи водата се стврдна како ѕид од двете страни, , заради луѓето кои пеш го преминаа морето и кои богоугодно пеејаː Да Му пееме на Господа, зашто славно се прослави.
Облаците нека пуштаат дожд, зашто Сонцето е носено на лесен Облакː Тоа е Христос, носен во храмот како дете, на рацете од Пречиста Дева. Затоа, верни, да повикамеː Да Му пееме на Господа, зашто славно се прослави.
Крепете се, раце Симеонови, од староста ослабени, и нозе старчеви претоварени, побрзајте да Го пресретнете Христа. А ние, откако ќе составиме хор со небесните сили, да Му пееме на Господа, зашто славно се прослави.
Раширени небеса, разумно веселете се; и земјо, радувај се, зашто Христос, откако излезе од божествената утроба како уметник, од Мајка Дева се принесува на Отецот како дете, зашто славно се прослави.
Катавасија, истиот ирмос.
Песна 3.
Ирмосː Господи, Кој си поткрепа на тие што се надеваат на Тебе, утврди ја Црквата што си ја стекнал со Твојата чесна крв.
Првородениот од Отецот пред вековите, првороден Младенец од Дева, му се јави на Адама подавајќи му ја раката.
Првосоздадениот (Адам), кој се однесуваше како дете, дозволувајќи да биде измамен, Бог Словото пак го исправа, покажувајќи се како дете.
Нашата природа, која е излезена од земјата и пак треба да се врати во неа, Создателот, станувајќи мало дете без да претрпи промена, ја направи сообразна на Своето божество.
Седален, глас 4.
Во она време на Синајската Гора Мојсеј Го виде Бога одзади, и се удостои да го слушне тенкиот глас Божји во мракот и ветрето; но сега Симеон можеше во своите раце да Го држи Бога, Кој заради нас се воплоти неизменливо, и радосно брзаше да замине одовде во вечниот живот. Затоа викашеː Сега го отпушташ Својот слуга, Владико.
Слава, и сега, истото.
Песна 4.
Ирмосː Твојата добродетел, Христе, ги покри небесата, зашто, откако излезе од Ковчегот на светињата – од Твојата Мајка нетлена, се јави во храмот на Твојата слава, како дете носен на раце, и со Твојата похвала се исполни вселената.
Богородица викашеː Радувај се, Симеоне, чувару на неискажливи тајни, за кои Светиот Дух те извести уште одамна. Прими Го на раце Словото Христа, како дете, и повикај Муː Сета земја се исполни со Твојата пофалба.
Симеоне, прими Го со радост Христа како дете, во Кого се надеваше, Утехата Израилева, Творецот и Господар на законот, Кој го исполнува чинот на законот, и повикај муː Сета земја се исполни со Твојата пофалба.
Симеон, гледајќи Го беспочетното Слово, Кој во тело е носен од Дева како на престол херувимски, Кој е причината на сè што постои, и восхитувајќи Му се како на дете, Му викашеː Сета земја се исполни со Твојата пофалба.
Песна 5.
Ирмосː Кога Исаија, во слика, Го виде издигнат на престол Бога на славата, окружен од ангели, викашеː Тешко мене, зашто Го видов Бога Кој се воплотува, Светлината што не заоѓа, и Кој со светот господари.
Кога светиот старец ја разбра славата, која на пророкот однапред му беше навестена, гледајќи Го Словото држено од мајчински раце, радувајќи се викашеː О Пречиста, ти како престол Го држиш Бога, Незаодната Светлина, и Господарот на вселената.
Кога старецот се поклони и набожно се допре до божествените стапала на неисксобрачната Богомајка, тој речеː Ти носиш Оган, Пречиста, се плашам да Го земам во раце детето Бога, Незаодната Светлина, и Господарот на вселената.
Старецот ѝ викаше на Божјата Мајкаː Исаија се очисти кога од серафимот го прими јагленот; но ти ме просветлуваш давајќи ми го со рацете како со клешти Оној што Го носишː Незаодната Светлина, и Господарот на вселената.
Песна 6.
Ирмосː Кога со свои очи го виде спасението кое на луѓето им дојде од Бога, старецот извика кон Тебеː Христе, Ти си мојот Бог.
Сионе, ти се положи како камен, за сопнување и соблазна на неверните, но, за верните, како камен за спасение.
Ти, Кој верно го носиш печатот на Оној што Те роди пред вековите, сега се облече во немоќ, од милосрдие кон земните.
Откако се поклонив пред Тебе, Боже и на Севишниот – Сине, Кој стана дете и Син на Дева, сега во мир отпушти ме!
Кондак, глас 1.
Христе Боже, Кој со Твоето раѓање ја освети утробата на Дева, и ги благослови рацете Симеонови како што прилега, откако ни дојде во пресрет, нè спаси и нас. Но смири го во неволите Твоето население, и поткрепи ги нашите управители, единствен Човекољупче.
Икосː Да притрчаме кон Богородица, ние кои сакаме да Го видиме нејзиниот Син Кој е носен при Симеона, Кого небесните сили, гледајќи Го, Му се восхитуваа, говорејќиː Сега гледаме чудни и преславни, недостижни и неискажливи тајни, бидејќи се носи како дете Оној што го создаде Адама; Несместливиот се сместува во раце старечки; Оној што е во неописливите прегратки на Својот Отец, доброволно се опишува во тело, а не во божеството, Кој е единствениот Човекољубец.
Песна 7.
Ирмосː Тебе – Бог Словото, Кој во огнот ги пороси момчињата што Го славеа Бога, и Којшто се всели во нетлена Дева – набожно да Ти пеемеː Боже на нашите татковци, благословен си.
Одам да го известам Адама кој во адот живее, и на мајката на живите да ѝ ја пренесам веста радосна, викаше Симеон, радувајќи се со пророцитеː Боже на татковците наши, благословен си.
Бог, Кој го избавува земниот род, ќе слезе дури до адот, за да им даде прошка на сите заробени, и прогледување на слепите, а на немите – да викаатː Боже на татковците наши, благословен си.
Симеон ѝ рече на Богородицаː И тебе, Нетлена, меч ќе ти го прободе срцето, гледајќи Го твојот Син на крст. Нему да му запеемеː Боже на татковците наши, благословен си.
Песна 8.
Ирмосː Набожните момчиња стоејќи во неподносливиот оган, од пламенот неповредени ја пееја божествената песнаː Сите дела Господови, благословете Го, Господа и превознесете го во сите векови.
Луѓе Израилеви, гледајќи ја славата на Емануил, роден како дете од Дева, пред лицето на божествениот ковчег сега ликувајтеː Сите дела Господови, благословете Го Господа, и превозносете Го во сите векови.
Симеон извикаː Овој ќе биде знакот против Кого ќе се говори, Кој е Бог и дете; Нему, верни, да Му повикамеː Сите дела Господови, благословете Го Господа, и превозносете Го во сите векови.
Ова дете, Кој е Животот, Словото Божјо, ќе биде за паѓање на непокорните и воскресение на верните кои пеатː Сите дела Господови, благословете Го Господа, и превозносете Го во сите векови.
Припеви на 9-та песна.
Богородице Дево, надеж на христијаните, покри, сочувај и спаси ги тие што се надеваат на тебе.
Богородице Дево, на светот блага Помошнице, покри и сочувај од секаква опасност и тага.
Богоносецу Симеоне, дојди, земи Го Христа, Кого што Го роди Дева, Чиста Марија.
Старецот Симеон ќе Го земе на раце Создателот на законот, и Господарот на вселената.
Старецот не Ме држи Мене, туку Јас го држам него, бидејќи тој бара отпуштање од Мене.
Клешто таинствена, како носиш јаглен, како Го храниш Хранителот на сите?
О Ќерко Фануилева, дојди и застани со нас, и заблагодари Му на Христа, Спасителот и Син Божји.
Ана целомудрена навестува страшни работи, исповедајќи Го Христа, Творецот на небото и земјата.
Она што го направи ти, Мајко Дево Чиста, недостижно е и за ангелите и за луѓето.
Чистата гулабица, неосквернетата Агница, Го принесува во храмот Јагнето и Пастирот.
О, Христе, Цару на сите! На Твојот верен народ, и на управителите, дај им победа над непријателите.
О, Христе, Цару на сите! Дај ми топли солзи, да ја оплакувам мојата душа, која лошо ја загубив.
Наместо, Славаː
Трисветлото и Триипостасно Божество, набожно да Го пофалиме.
Наместо, И сегаː
О, Дево Марие, просветли ја мојата душа, тешко помрачена од животните наслади.
Песна 9.
Ирмосː Во законот на сенката и на писмата, ние верните гледаме прасликаː секое машко дете, кое ја отвора утробата, треба да Му биде посветено на Бога. Затоа, првороденото Слово на беспочетниот Отец, првородениот Син од безбрачната Мајка, ние Го величаме.
Наместо на двојката новородени птици – грлица и гулаб, во она време, светиот старец и целомудрената пророчица Ана Му служат на Родениот од Дева, Единородниот Син на Отецот, Кој се принесува во храмот, величајќи Го.
Симеон викашеː Христе, Ти ми ја даде радоста на Твоето спасение; прими го Твојот служител, преморен од сенката на законот и, како таинствен свештенопроповедник на новата благодат, да Те славам и величам.
Пророчицата Ана, која целомудрено живееше многу години, на свет начин Му принесе благодарност на Господа во храмот и, говорејќи им за Господа на сите оние што беа таму, ја величаше Богородица.
Светилен, самоподобен.
Приведен во храмот од Светиот Дух, старецот (Симеон) Го прими на раце Господарот на законот, викајќиː Ослободи ме сега од телесните врски во мир, како што си рекол, зашто очите мои го видоа откровението на незнабошците и спасението на Израилот (3-пати).
Хвалитни стихири.
Исполнувајќи го словото на законот, во овој ден Човекољубецот се принесува во храм и на своите стари раце Го прима старецот Симеон, викајќиː Сега ме отпушташ кон ондестраното блаженство, бидејќи денес, обложен со смртно тело, Го видов Господа, Кој со животот и со смртта владее (2-пати).
Господи, Сонце на правдата, седејќи на лесен облак, се јави како светлина што го изгони мракот на незнабошците, ставајќи ѝ крај на сенката на законот и објавувајќи го почетокот на новата благодат. Затоа Симеон, кога Те виде, викашеː Ослободи ме од гнилежноста, бидејќи денес Те видов Тебе.
Како Бог, не одвојувајќи се од прегратките на Отецот, Ти благоволи да примиш тело и, држен во прегратките на Приснодева (Марија), си се предал во рацете на Богопримецот Симеона, Ти, кој во Своите раце ја држиш сета вселена. Затоа тој викаше радосноː Сега го отпушташ во мир Твојот слуга, бидејќи Те видов, Владико.
Слава, и сега, глас 6.
Христе Боже, Кој на денешен ден благоволи да бидеш носен на старечки раце, како на херувимска колесница, и нас кои Ти пееме и Те призиваме, избави нè од страсните маки, и спаси нè како Човекољубец. (Германова)
Големо славословие.
По Трисвето, тропар на празникот, ектении и отпуст.
Сретение Господово
Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа сѐ, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство од ангел Господов се упати кон Мисир. Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.
The Meeting of Our Lord in the Temple
The fortieth day after His birth, the All-Holy Virgin brought her Divine Son into the Temple of Jerusalem, in accordance with the Law, to dedicate Him to God and to purify herself "Consecrate to me every first-born that opens the womb among the Israelites both of man and beast, for it belongs to me" (Exodus 13:2). "Tell the Israelites: when a woman has conceived and gives birth to a boy, she shall be unclean for seven days, with the same uncleanness as at her menstrual period. On the eighth day, the flesh of the boy's foreskin shall be circumcised, and then she shall spend thirty-three days more in becoming purified of her blood; she shall not touch anything sacred nor enter the sanctuary till the days of her purification are fulfilled. If she gives birth to a girl, for fourteen days she shall be as unclean as at her menstruation, after which she shall spend sixty-six days in becoming purified of her blood. When the days of her purification for a son or for a daughter are fulfilled, she shall bring to the priest at the entrance of the meeting tent a yearling lamb for a holocaust and a pigeon or a turtledove for a sin offering. The priest shall offer them up before the Lord to make atonement for her, and thus she will be clean again after her flow of blood. Such is the law for the woman who gives birth to a boy or a girl child" (Leviticus 12:2-7). Even though neither the one nor the other was necessary, nevertheless the Lawgiver did not, in any way, want to transgress His own Law whom He had given through Moses, His servant and prophet. At that time, the high-priest Zacharias, the father of John the Forerunner (Precursor], was on duty in the Temple ("serving as a priest before God in the order of his division"St. Luke 1:8). Zacharias placed the Virgin, not in the temple area reserved for women but rather in the area reserved for virgins. On this occasion, two unusual persons appeared in the Temple: the Elder Simeon and Anna, the daughter of Phanuel. The righteous Simeon took the Messiah in his arms and said: "Now, Master, You may let Your servant go in peace, according to Your word, for my eyes have seen Your salvation." (St. Luke 2: 29-30). Simeon also spoke the following words about the Christ-child: "" (St. Luke 2:34). Then Anna, who from her youth served God in the Temple by fasting and prayers, recognized the Messiah and glorified God and proclaimed to the inhabitants of Jerusalem about the coming of the long-awaited One. The Pharisees present in the Temple, who having seen and heard all, became angry with Zacharias because he placed the Virgin Mary in the area reserved for virgins and reported this to King Herod. Convinced that this is the new king about whom the Magi from the east spoke, Herod immediately sent his soldiers to kill Jesus. In the meantime the Holy Family had already left the city and set out for Egypt under the guidance of an angel of God. The Feast of the Meeting of our Lord in the Temple was celebrated from earliest times but the solemn celebration of this day was established in the year 544 A.D. during the reign of Emperor Justinian.
За Преминпортал, подготви: Т.С.