логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ГОЛЕМА ВЕЧЕРНА

Обично стихословие (катизми).
На Господи, повикав, земаме 10 стиха, и пееме 3 стихири самогласни од Малата вечерна, повторувајќи ја првата. Потоа пет стихири, глас 2, повторувајќи ја првата. Глас 1:

Да ја празнуваме Педесетницата, и слегувањето на Светиот Дух, и исполнувањето на ветувањето, и остварувањето на надежта – тајната која е голема и чесна. Затоа Ти викаме: Создателу на вселената, Господи, слава Ти. (двапати)

Со јазиците на незнабожците си ги обновил Твоите ученици, Христе, та на овие јазици да Те проповедаат Тебе – бесмртниот Бог и Слово, Кој на душите наши им дава милост голема.

Светиот Дух дава сѐ: Он е Изворот на пророштва, ги усовршува свештениците, неписмените на мудрост ги учи, рибарите ги направи богослови, го утврдува целото црковно собрание. Едносуштен и сопрестолен на Отецот и Синот, Утешителу, слава Ти.

Глас 2: Ја видовме вистинската Светлина; Го примивме Духот небесен, ја најдовме верата вистинска, на Троица неразделна ѝ се поклонуваме, зашто Таа нè спаси нас. (двапати)

Преку пророците ни го навести патот на спасението, а преку апостолите ни засветли благодатта на Твојот Дух, наш Спасителу, зашто Ти си Бог од вечноста, Ти остануваш тоа и потоа, и Ти си нашиот Бог во вековите.

Во Твоите дворови Те воспевам Тебе, Спасителот на вселената, и, со преклонети колена, се поклонувам на Твојата непобедлива сила, навечер, и наутро, и напладне, и во секое време ќе Те благословувам Тебе, Господи!

Со песни Ја славиме Троица едносуштна: Отецот, и Синот, со Светиот Дух, зашто така проповедаа сите пророци, и апостоли со мачениците.

Слава, и сега, глас 8. Творба на господин Лав.

Дојдете луѓе, да се поклониме на Триипостасното Божество: на Синот во Отецот, со Светиот Дух; зашто Отецот безвремено Го роди едносуштниот и сопрестолен Син; и Светиот Дух беше во Отецот, прославуван со Синот: една сила, едно суштество, едно божество. Нему поклонувајќи Му се, сите говориме: Свети Боже, Кој создаде сѐ преку Синот, преку содејството на Светиот Дух; Свети Крепки, преку Кого Го познаваме Отецот, и преку Кого Светиот Дух дојде во светот; Свети Бесмртни, утешителен Духу, Кој исходиш од Отецот, и почиваш во Синот: Троице Света, слава Ти.


Вход. Светлино тивка: Прокимен на денот, и читања.
Паримии: Од книгата Броеви (4 Мојс 11,16-17,24-29); од книгата на Јоил (2,23-32) ;
од книгата на Езекил (36,24-28)
Вака вели Господ: Ќе ве земам од кај народите, ќе ве соберам од сите страни и ќе ве доведам во вашата земја. Ќе ве поросам со чиста вода и вие ќе се очистите од сите ваши осквернувања, и од сите ваши идоли ќе ве очистам. Ќе ви дадам ново срце, и нов дух ќе ви дадам; ќе го земам од вашето тело каменото срце и ќе ви дадам срце од месо. Ќе го внесам во вас Мојот дух и ќе направам да одите по заповедите Мои и да ги пазите и да ги исполнувате наредбите Мои. И ќе живеете во земјата, која им ја дадов на татковците ваши, и ќе бидете Мој народ и Јас ќе бидам ваш Бог.


Стиховни стихири самогласни, глас 6:
 
Не разбирајќи ја силата на Пресветиот Дух Кој слезе врз Твоите апостоли, Господи, размената на јазиците собраниот народ ја сметаше за пијанство. Ние, пак, утврдените со нивните зборови, непрестајно говориме вака: Твојот Свет Дух не одземај Го од нас, Ти се молиме, Човекољупче.

Стих: Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.

Господи, слегувањето на Твојот Свет Дух, кое ги исполни апостолите, ги оспособи да говорат други јазици. Неверните тоа чудо го сметаа за пијанство, но на верните тоа им носи спасение. Ти се молиме, Човекољупче, удостој нѐ и нас за Неговата светлина.

Стих: Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.

Цару небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сѐ исполнуваш, ризницо на добрини и Животодавче, дојди и всели се во нас, и очисти нѐ од секаква нечистотија, и спаси ги, Благи, нашите души.


Слава, и сега, глас 8:
Некогаш народите беа расеани поради дрскоста на градителите на кулата, а сега народите се исолнија со мудрост поради славното Богопознание. Таму Бог ги осуди безбожните поради нивниот грев, а овде Христос со Духот ги просветли рибарите. Тогаш наместо казна беа измешани јазиците, а сега се обновува едногласноста за спасение на душите наши.


Тропар, глас 8:
Благословен си, Христе Боже наш, Кој рибарите ги направи премудри ловци, кога им Го испрати Светиот Дух, и преку нив ја улови вселената. Човекољупче, слава Ти. (трипати)

 

 

 

 

 Подготви: Т.С.

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3224
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7717
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная