логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

May be an image of text

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец
Кондак 1
Избран и верен меѓу јереите Божји,те фалиме богоносен оче Јоване! Чекорејќи по евангелската Вистина,Ти со Христа се сораспна и на сите верни исцеленија им изливаш,кон спасение упатувајќи ги.Ние,пак,по твоите молитви во верата,надежта и љубовта закрепнати,благодарно Ти воскликнуваме:
Радувај се,Коване,на Православието прекрасен молитвениче!
Икос 1
Како ангел на молитвата и проповедник на покајанието те познавме блажен оче;не застапуваш нас пред Престолот Божји,да дојдеме до познавање на вистината и животот свој да го насочиме на патот на покајанието,воскликнувајќи ти:
Радувај се,саду избран на благодатта Божја!
Радувај се,Премудроста Божја како мајчино млеко,слатко си ја пиел!
Радувај се,Ангелот свој чувар,како некогаш Товије,со сета своја душа си го следел!
Радувај се,на богољубивите родители целомудрен и беспрекорен плод на чистота!
Радувај се,во покорување на своите родители благослов Божји си стекнал!
Радувај се,од младоста своја на раководство на Духот Свети си се предал!
Радувај се,со сето срце Бога си го возљубил!
Радувај се,по мерка на растот Христов Богомудро си растел!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 2
Предвидувајќи дека многу соблазни и неволји доаѓаат на Црквата Православна,и дека чедата Божји ќе бидат возмутени,како пастир добар,готов да ја положиш душата своја за овците свои,си зборувал на луѓето:”Бегајте од соблазните,стојте во верата Православна,храбрете се и јакнете и славете го Господа,воскликнувајќи Му:Алилуја!
Икос 2
Со разумот Божји просветен,животочни струи на богословието изли,себлажен оче Јоване,во пост и молитва зборовите Божји со солзи во срцата на верните сеејќи ги,кон светлината на вистинското богопознавање чедата на нашата земја ги повика.Тие пак,утврдувајќи се во љубовта Божја,воспеваа:
Радуавај се,на Евангелската Вистина огнен ревнител!
Радувај се,на словото за вечен живот незамочлив благовесник!
Радувај се,со равноангелниот живот свој достојно украсен!
Радувај се,застапник на верните луѓе пред престолот Божји!
Радувај се,од младоста кон Црквата Божја со сето срце прилепен!
Радувај се,со сета душа си се разгорел да се распнеш со Христа!
Радувај се,со Христовата љубов своето срце како плодна нива го обработи!
Радувај се,на луѓето кои од тага и неволја изнемоштуваат,со сочувство и молитва олеснување си им дарувал!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 3
Со силата на Божествената благодат,како пламен јаглен покрај жртвеникот Божји вжарен,светилник светол во градот Кронштад засветли,оче Јоване,на отците наши пофалбо.Затоа оние од бурата развиорени во темнината на гревовите и од мракот на богоборството поколебаните ги просветли,и ги научи да пеат:Алилуја!
Икос 3
Имајќи голема љубов кон луѓето,со крвта на Синот Божји искупени,си поитал кон оние кои немаат побожност,трезвеноумност и страв Божји и кон развеаните од бурата на очајанието,пастиру Божји Јоване.Покорувајќи се со кротост и смиреномудрие на Христа,ги научи благодарствено да воскликнуваат:
Радувај се,на оние во темнина и сенка смртна премудар просветител!
Радувај се,за спасението на луѓето кои ги виори бурата на гревот,благ покровител!
Радувај се,оние кои не знаат за Бога и на скаменетите по срце на покајание ги разбудуваш!
Радувај се,со Божествената Премудрост во Своите списи не осветлуваш!
Радувај се,на злите и суров срца благо омекнување!
Радувај се,на мрзливите и дремливите со совеста сочувствителен разобличител!
Радувај се,на Словото Божјо и Неговата правда неплашлив проповедник!
Радувај се,со добродетелното свое живеење замките на поднебесните духови на злобата ги уништи!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 4
Бурата на расипаноста која беснее против нашата света Црква ја препозна,оче Јоване,како верен чувар на домот Господов,си ги учел овците Христови да бдеат и да одат право во вистинската вера и во заповедите Негови непорочно да пребиваат,за со чисто срце непрестано да воспеваат победничка песна:Алилуја!
Икос 4
Слушајќи за тебе дека си избран сад со благодатни дарови преполн,на подвигот на милосрдност и љубов кон сиромаштвото ревнител,на вдовиците и сирачињата,страдалниците и обременетите утешител и за непокајаните грешници со солзи молитвеник не само од Кронштат,туку и од сите страни на земјата поитаа луѓето Божји и исцелување од Тебе добиваа.Со нив,и ние каејќи се за гревовите свои како на наш топол застапник пред Бога,со умиление Ти воскликнуваме:
Радувај се,сејач на правдата,кој со солзите свои земјата Руска ја освети!
Радувај се,разобличител на неправдата,душите на верните од прелеста ѓаволска ги ослободи!
Радувај се,со светлина на кротките срца и на разумните,патот кон Бога им го покажа!
Радувај се,со учењата свои,како кротка хранителка,си не греел и хранел!
Радувај се,на сите тажни и преоптоварени вистинска надеж!
Радувај се,на болните и од злите духови страдалниците излекување!
Радувај се,сад избран,даровите на Светиот Дух на верните бесплатно си им ги точел!
Радувај се,милосрден не само кон луѓето,туку и кон животните!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 5
Како небесносветла ѕвезда со свештенокрасивиот живот свој засвете,пастире Христов,Јоване!
Од Бога даруваното наследство од душегубните волци со словото Божјо си го штител,пастирски повикувајќи:”Земете го крстот Господов,на кој Христос,Царот на Славата,ракописот на нашите гревови го уништи,во Кого е вечното воскресение на светот.”А ние,осенувајќи се со него,со тебе Му пееме на Бога победничка песна:Алилуја!
Икос 5
Гледајќи те рускиот народ како прекрасно блескаш на свеќникот на Цркквата,Правдата Божја барајќи ја,кон тебе прибегнуваше,и како на пријател Христов ги исповедуваа своите гревови.Ние пак,од многуте гревови обременети,кон Тебе,Јоване,блажен прибегнуваме и зборуваме:
Радувај се,со силата на благодатта,која е во тебе,слабите по дух во љубовта Божја се утврдуваат!
Радувај се,со твојата молитва покајниците од гревовното ропство се ослободуваат!
Радувај се,со тудовите твои,гладните и жедните за Христова правда се наситуваат!
Радувај се,со твоето блеговештение непријателите Христови се посрамуваат!
Радувај се,од твоите молитви сите сили на адот треперат и се тресат!
Радувај се,со подигнувањето на рацете твои небесните двери на верните им се отвараат!
Радувај се,за умилостувување на народот православен,молитва,како темјан миомирисен,херувимски на Бога си Му принел!
Радувај се,не поттикна нас да се молиме за оние кои не ја познаваат Божјата љубов и правда!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 6
Како проповедници на чудесни дела Божји,Јоване блажен,многумина се јавија:сиромаси и богати,стари и млади.На сите љубовта своја си им ја изливал.Затоа не само православните туку и друговерците,со силата на твоите молитви,милоста Божја ја наоѓаа,пеејќи му на Бога:Aлилуја!
Икос 6
Засвете животот твој во Црквата Православна од поларната светлина поблескаво,со светлината на Евангелието Христово земјата наша просветувајќи ја и од замките ѓаволски чедата нејзини оградувајќи ги.Затоа и сега го молиме Господ на силите Неговата света љубов да се утврди во срцата наши:ни неволја,ни тешкотија,ни смрт да не можат да не разделат од љубовта Христова.И достигнувајќи го ова,да ти воскликнуваме:
Радувај се,со Божјо внимание го прорече она кое на нас доаѓа!
Радувај се,си не научил нас да одиме по тесниот пат на заповедите Божји!
Радувај се,на оние кои се во тага и неволји изворот на радоста во Бога им го покажа!
Радувај се,во десницата и левицата оружјето на Божјата правда си го држел!
Радувај се,со зборови на вистина и љубов,нелицемерно на Синот на Громот се уподоби!
Радувај се,во порфира на покајание сите ги облече!
Радувај се,со дијадема на благодат славно си овенчан!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 7
Сакајќи благиот Господ да ги спаси луѓето на земјата Руска,и да ги очисти како злато во огнена топилница,стави во устата твоја,блажен,дух на премудрост и ти даде разум предвидувачки,низ срдечно окајание и скрушеност со солзи,во непоколеблива вера,да ги подготвиш на пожртвувано служење,за да со сите светии кои во Руската земја засвелеа,ангелски повикаат кон Бога:Алилуја!
Икос 7
Гледајќи те како нов Божји избраник,блажен Јоване,како во олтарот со солзна мнолитва за сите со Христа се сораспнуваш,богољубивите луѓе со вера кон тебе приоѓаа и душевно и телесно се исцелуваа.Затоа и ние слабите усрдно те молиме:подигни ги рацете свои и застапи се за нас пред Господа,како таткото за своите деца,да ја умножи Господ Својата милост кон нас,кои ова ти го принесуваме:
Радувај се,ти кој за нас пред Престолот Божји плачиш и усрдно се молиш!
Радувај се,на покајание со солзи усрден посредник!
Радувај се,пример за непрестано подвизување,кој не упатуваш нас на Христа Бога усрдно да Му служиме!
Радувај се,нас не утврдуваш на божествена стража на верата апостолска!
Радувај се,образец на целомудресност и воздржливост прекрасно си покажал!
Радувај се,презноверието,ересите и хулите од своето стадо си ги отсекол!
Радувај се,славен просветител на оние кои се во темнината на незнаењето!
Радувај се,мудар чстач на душите човечки од земната суета!
Радувај се,Јоване,на Правослвието прекрасен молитвениче!
Кондак 8
Големо чудо остварено врз Тебе гледаме,прекрасен пастиру Христов Јоване! Бидејќи самата Пречиста Мајка Божја блажен те нарече тебе и твоите следбеници и со радост на сите вам ви го објави Божјото благоволение:”О,најмили деца на Отецот Небесен!”Така радост на Црквата Небесна поради подвигот на земните им извести.Така и ние,загреани со надежта во застапништвото на Мајката на Господа на Силите за нас,Му повикуваме на Царот на сите векови:Алилуја!
Икос 8
Целиот со Божествен копнеж разгорен,како носител на љубовта Христова се јави,пастиру добар.Во неа милоста и вистината се сретнаа,правдата и мирот се целиваа,секоја лага беше победена,еретичкото зломислите како трулеж,запалено,неволјите човечки со елејот на милосрдието Твое се ублажија.Ние,пак,мрзливците не ги стекнавме овие ризници,и по праведниот суд Божји на многу неволји и јад достојни станавме.Но знаејќи те како неупислив помошник,со умилениe те повикуваме:
Радувај се,на љубовта Хрситова неуморен носител!
Радуавај се,ревносен сејач на мирот и правдата!
Радувај се,непоколеблив чувару на верата православна!
Радувај се,сеач на побожноста и православната вера!
Радувај се,за сиот свет се грижиш и со солзи се молиш!
Радувај се,на отците наши пофалба а нам надеж и тврдина!
Радувај се,од Бога избран пастир,на Русија Света благодатен украс!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 9
На радост на сите кои се во неволји и животни грижи,Господ им го подигна прекрасниот пастир и чудотворец Јован,хромите и раслабените,слепите и од зли духови мачените да ги исцели,оние кои се наоѓаат во погубното пијанство и брачно неверство на непосрамен живот да ги повика и оптоварените од грижи кон Бога да ги приведе и така во душите на верните Царството на Божјата правда да го засади и сите да запееме спасоносна песна:Алилуја!
Икос 9
Благоговорливите говорници не можат да ја објаснат силата на твоите молитви,прекрасен Јоване,кога тројцата момчиња кои се осмелија тебе и молитвата твоја да ја исмеат,ги казни за нивно спасение.Гледајќи ги како се каат и со солзи се молат,исцелување за хулителот од Бога испроси.Тие пак познавајќи ја чудотворната сила на твојат молитва и љубовта на твоето најтопло милосрдие,како Божји прозорливец,блажен те нарекоа,и те фалеа:
Радувај се,добро икономство на својот чин богомудро си сочувал!
Радувај се,дадениот залог,Телото Христово,цел и надопрен до последниот здив го сочува!
Радувај се,Богонапишаните табли на двата Завета достојно ги проповеда!
Радувај се,Црквата Христова ја просвети со побожноста на добар пастир!
Радувај се,на грешниците кои се каат,на сираците и бедните милостив покровителе!
Радувај се,на вистинската просвета и христијаснка побожност ревносен градинару!
Радувај се,мудар патеводител,патеката на правдата на младите им ја покажуваш!
Радувај се,нелицемерен судијо:оние кои зло мислат со љубов ги прекориваш!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 10
Сакајќи да ги спасиш душите на своите ближни,изложени на олуи од ереси и маловерие,се вооружи со воздржание и смирение против ѓаволските сплетки,оче Јоване,апостолското и светоотечкото исповедание на верата цврсто си го сочувал.Со љубов пожртвувана сораспнувајќи се со Христа,својата душа за спасение на народот Божји ја положи и Царство Небесно достигна,каде со ангелите и хоровите на светиите непрестано го славиш Бога.Спомни си и за нас,кои го празнуваме славниот твој спомен и на Бога пееме:Aлилуја!
Икос 10
Цврста ограда беше љубовта твоја кон Господа,во која срцето твое се утврди,богоносен оче Јоване.Поради тоа на сите кои со вера ти приоѓаат им се откри како прибежиште и утврдување;сите кон Христа да ги приведеш.Затоа и нам,кои ти припаѓаме,биди ни силна ограда и неодолива заштита,да не ни се смеат оние кои зло ни посакуваат.Во мирот и љубов Христова да пребиваме и овие пофалби да ги принесуваме:
Радувај се,неугасив светилниче со Огнот на Духот Свети вжарен!
Радувај се,крин кој секогаш мирисаш,со росата на благодатта Божја напоен!
Радувај се,богоплодна родо,која со благодатни дарови на верата оживуваш!
Радувај се,сол на земјата,која нас не штитиш од трулежот гревовен!
Радувај се,тивко пристаниште на оние кои ги виори бурата на животното море!
Радувај се,помош Божја измолуваш за душевно и телесно изнемоштените!
Радувај се,прекрасен познавач на срцата човечки кој верните од лажните мудрувања ги оградуваш!
Радувај се,со својата чиста молитва сојузот на сопружниката верност го зацврствуваш!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 11
Достојна пофална песна ти принесуваме,себлажен оче Јоване,кој со целиот свој живот Бога го прослави.Како што те видовме долу на земјата пред Престолот Господов како за сите и за се го молиш Владиката на сите,така и сега горе на Небесата вознеси ја молитвата своја,непоколеблива да биде Црквата наша,од поколение во поколение благочестиво да се слави Името на Триединиот Бог во нашата татковина меѓу оние кои воспеваат:Алилуја!
Икос 11
Како светлозарна свеќа на оние кои се во темнината на животот,те гледаме Богоизбран оче Јоване,бидејќи ти секогаш нас во соборот на светиите и Силите Небесни пред престолот Божји не застапуваш.Погледај на нас,чедата свои,олесни ни ги неволјите и исцели ги нашите болести,да ти воскликнуваме:
Радувај се,во подвигот твој ,Името на Пресвета Троица прекрасно се прослави!
Радувај се,со побожноста на твојата вера Црквата Христова се украси!
Радувај се,со сочуство кон ближните,нивните неволји,болести и секакви болки се ублажуваат!
Радувај се,по твоите молитви покаените грешници за Царството небесно се подготвуваат!
Радувај се,на спасоносни небесни и змни блага штедар дарителе!
Радувај се,од видливи и невидливи непријатели сигурен избавител!
Радувај се,во земниот Едем,Црквата Христова,со добар подвиг засветли!
Радувај се,рајските убавини,за праведните подготвени,ги доби!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 12
Како кладенец преполн со благодатни дарови на Светиот Дух,те јави Господ,оче наш Јоване,и ние да бидеме нивни причесници преку тебе,и така да ја спознаеме Божјата милост кон нас,да не отстапи Господ од нас ниту да не посрами,кога со благодарни усни и чисти срца надевајќи се на милоста на Неговата добрина,ќе запееме:Aлилуја!
Икос 12
Воспевајќи пофалби за достојното твое живеење на земјата,и славата која си ја добил на Небесата,те молиме,Јоване блажен,вознеси кон Бога молитви за нас,да бидеме помилувани во денот на Судот и спасени со твоите молитви,да ти воскликнуваме:
Радувај се,Богоизбран и Богопрославен пастир на руската земја!
Радувај се,го запеа Божјото име како милозвучна свирка!
Радувај се,си ревнувал слично на апостолите и пророците!
Радувај се,за нашиот народ и Татковина топол молитвеник!
Радувај се,на верата православна вистински исповедник!
Радувај се,пресветол зрак кој патот на вечниот живот го осветлуваш!
Радувај се,ти кој нам Божјата благост ни ја откриваш!
Радувај се,обилна трпезо,од која монасите и мирјаните се хранат!
Радувај се,учител на Правдата Божја,со кој и старите и младите се украсуваат!
Радувај се,оние кои Бог Ти бги подари на радоста Божја ги изгради!
Радувај се,од небесните жители целив во Господа прими!
Радувај се,Јоване,на Православието прекрасен молитвениче!
Кондак 13
О,себлажен оче Јоване,блескав руски светилниче и прекрасен чудотворче!Прими ја оваа пофална песна и моли Го Христа Бога да ја утврди Црквата Своја во мир и побожност,а нас од сите несреќи да не избави и во едномислие на верата и сојузот на љубовта Христова да не сочува,за да со едни усни и едно срце Му запееме со тебе на Бога:Алилуја!
(Овој кондак се чита три пати,потоа се чита Икос 1 и Кондак 1)
Молитва прва светом праведном оцу ЈОВАНУ КРОНШТАТСКОМ
О велики угодниче Христов, свети праведни оче Јоване Кронштатски, пастиру дивни, брзи помоћниче и милостиви заступниче! Узносећи славословље Триједином Богу, молитвено си вапио:
Име Ти је Љубав: не одбаци ме заблуделога.
Име ти је Сила: оснажи ме, јер изнемажем и падам.
Име Ти је Светлост: просветли душу моју, помрачену животним страстима.
Име Ти је Мир: умири пометену душу моју.
Име Ти је Милост: не престани да ме милујеш.
Христоименити и праведни угодниче Божији!
Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих и невидљивих избави. Светлошћу лика свога, служитеље и предстојатеље Олтара Христовога на свете подвиге пастирског делања покрени, деци даруј васпитање, младост упути, старост подржи, светиње храмова и свете обитељи обасјај! Умири, чудотворче и прозорљивче најизврснији, народе земље наше, благодаћу и даром Духа Светога избави од међусобне борбе, расејане сабери, обмануте обрати и приведи Светој Саборној и Апостолској Цркви. Милошћу својом бракове у миру и једнодушности сачувај, монасима у добрим делима напредак и благослов даруј, малодушне утеши, оне који страдају од нечистих духова ослободи, оне који су потребити и у тешким околностима помилуј и све нас на пут спасења усмери. У Христу живи, оче наш Јоване, приведи нас Невечерњој Светлости Живота Вечног, да се удостојимо с тобом вечног блаженства, хвалећи и преузносећи Бога у све векове. Амин.
Молитва друга светом праведном оцу ЈОВАНУ КРОНШТАТСКОМ
О, велики чудотворче и предивни угодниче Божији, богоносни оче Јоване! погледај на нас и добросрдно почуј мољење наше, јер те великих дарова Господ удостоји, да заступник и свагдашњи молитвеник за нас будеш. Јер, гле, страстима греховним узвихоравани и злом нагрижени, заповести Божије пренебрегосмо, покајање од срца и уздисање сузно не принесосмо и невоља се достојни јависмо. Ти, оче праведни, имајући велику смелост пред Господом и састрадање према ближњем, умоли свештедрог Владара света да пројави велику милост Своју према нама и да потрпи неправде наше, да нас не погуби због безакоња наших, него да нам време за покајање милостиво дарује. О, свече Божији, помози нам да веру православну непорочну сачувамо и заповести Господње побожно извршимо, да нама не овлада неко безакоње, да се не посрами Правда Божија у неправдама нашим, него да се удостојимо достићи хришћанску кончину, без бола, непостидну, мирну и да се Тајнама Божијим причестимо. Још те молимо, оче праведни, да Црква наша света буде утврђена до краја века. Отачаству нашем мир и опстанак испроси и од свих зала га сачувај, да тако народи наши, Богом штићени, у једномислију вере и свакој побожности и чистоти, у лепоти духовнога братства и сагласју сведоче да је са нама Бог! У Њему се крећемо, и живимо, и јесмо, и бићемо заувек. Амин.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1425
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1648
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3826
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/06/2025 - петок

Светиот апостол Ерма; Светиот маченик Ермиј; Светиот маченик Философ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная