Во луѓето, зборот не е празен звук- туку е отпечаток и слика на нивниот дух.
Ако нашите зборови ги собереме заедно, ќе ја видиме нашата сопствена слика.
Архимандрит Кирил (Павлов)
Друго:
ЗА НАШИТЕ ВРЕМИЊА. Архимандрит Кирил (Павлов) - руски Старец
Архимандрит Кирил се смета за еден од најпознатите руски Старци во крајот на XX - почетокот на XXI век. Современиците му ја даваат следната карактеристика:
Како во дамнешно време што е Преподобен Сергеј Радоњешки, така во наше време отец Кирил е чувар на чистотата на Православието и традицијата на руското монаштво. Кај него во Сергиевиот манастир, се собираат верници од цела Русија. Овде во малата соба пред ќелијата на отецот или во тесниот ходник на крилото на резиденцијата на Патријархот во Переделкино, со трепет и надеж со часови чекаат луѓето со радост за можноста да го видат доброто, светло, мило лице на Старецот и да добијат негов благослов.Сите да ги прими отецот не може: впрочем денот не го прошируваш, но додека силно не изнемошти, примал понекогаш и по 50 луѓе и приемот траел до полноќ, со само не голема пауза за краток ручек и дневна молитва. Луѓето доаѓаат кај отецот со своите таги, барања, проблеми и сите добиват утеха, помош, совет, насока и заминувајќи, притиснуваат кон срцето хартиено иконче, книшка или бонбонче- скапоцен Отчев благослов.
Изреки на Архимандрит Кирил (Павлов) Што е тоа Љубов? ...
ЗА НАШИТЕ ВРЕМИЊА- Архимандрит Кирил (Павлов)
Старци - † Архимандрит Кирил Павлов (21.02.2017)
Овие топли и мили очи се на великиот руски старец (Архимандрит) Кирил (Павлов) кој почина вчера, на 20 февруари 2017 година.
Тој е еден од најпочитуваните Старци во Русија во наше време. Со текот на изминативе многу години, архимандрит Кирил имаше висока и одговорна служба како духовник во манастирот Света Троица-Сергиева Лавра и дарежливо го делеше својот богат пастирски опит со студентите од Московското Теолошко училиште.Кон мудриот совет и срдечната утеха прибегнаа не само монасите на манастирот, но, исто така и многу верници брзаа да стигнат до вратата на ќелијата со надеж дека ќе можат да се приклучат на бесконечната љубов Христова.Архимандрит Кирил (Павлов) е роден 8 Септември 1919 година во селото Виселки, Михајловски регион, Рјазанска област, Русија, во христијанско семејството.
✥✥✥
ПП