Мир на тебе, почитуван…!
…Што се однесува до внатрешниот поредок, ќе ти го кажам следново: не поставувај си себе големи задачи, не одредувај никакви рокови, туку секогаш и во сè воздржувај се од зло, од нарушување на надворешните и внатрешните заповеди и присилувај се да правиш добро, т.е. макар и со голем напор и борба; и труди се да постапуваш не како што ти сакаш, туку како што заповеда Господ во светите Свои заповеди. Не е напразно речено: „Царството небесно се добива со напор“. А ова е пропратено со уште нешто – „трпејќи жалости и болести“. Тебе те посетила големата Божја милост на Оној Кој не ја посакува смртта на грешникот.
Ти си пропаднал духовно, по смртта на тој пат те очекува бездната на адот. Советите не ги послуша зашто толку ти се силите. Потребно било некое моќно средство, за да те врати од погибелниот пат. Господ бил принуден тоа средство да ти го прати во вид на болест. Затоа немој да негодуваш на Бога, не бегај со духот, но благодари Му на Бога за милоста кон тебе и грижата за твоето спасение. Во Зборовите Божји (Светото Писмо) се вели: „Господ го сака секого, иако го кара, и го подучува секој син што го прима“. И така ти си му мил на Бога, не навредувај Го со својата неблагодарност и нарушување на Неговите свети заповеди.
За да се стекнеш со нерасеана молитва, треба да се смириш пред Бога и луѓето и многу да вежбаш. Без смирение човекот секогаш ќе биде расејан. Но, не бегај со духот и не очајувај, туку трпи, почекај, и сметај се себе за недостоен за какви било дарови. Навистина сме сите недостојни за каква било милост, па дури и да го призиваме Името Божјо!
Помолете се за мене и јас ќе си спомнувам за Вас. Потруди се! Не паѓај со духот, сè истрпи, за сè благодари Му на Господа!
Извор: Бигорски манастир