„Луѓето што се во болка честопати изговараат едно мачно прашање: „Зошто, Господи, зошто?“ Мислам дека не постои човечки одговор на ова прашање. Има само еден одговор: Бог зеде учество во нашата болка на Крстот Христов. Ние веруваме во распнат Бог, што значи Бог Кој беше понижен, навредуван и мачен. На џамијата на Омар, во Ерусалим, го има следниов натпис: „Никој да не изрече хула дека Бог има син“. Не многу далеку оттаму се издига ридот на Голгота, каде што Божјиот Син страдаше за сите нас. Не се срамиме да кажеме дека веруваме во Бог Кој стана Човек, Кој беше распнат и повторно воскресна, во Бог Кој, од безмерна љубов, зеде учество во нашата болест и ја зеде на Себе нашата смртна и страдална плот за да нѐ направи бесмртни.
Би било невозможно да се верува, да се сочувствува и да се прифати еден недостапен, затворен и саможив Бог. Еднаш, една студентка ми рече: „Му се восхитувам на Сократ што прифатил смрт со философска безропотност, но Го љубам Христос зашто умрел со човечка смрт“. Да не го заборавиме Христовиот крик: „Боже мој, Боже мој, зошто Ме остави?“ - старец Георгиј Капсанис
Избор од фб профил на
Monika Nikolova