На прашањето кои подвизи се поважни за спасението, надворешните или внатрешните, монахот Агатон одговорил: „Човекот е како дрвото, надворешното или телесното занимавање носи лисја, а духовното заземање дава плод.
Но, бидејќи во Светото писмо се говори дека „секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“ (Мат. 3, 10), од ова е јасно дека треба да се посвети поголемо внимание на овошјето.
Но, на дрвото исто така му се потребни лисјата за да ги поддржат виталните сокови и сенката на лисјата дава заштита на стеблото и нејзините плодови од силната топлина. “
4ти декември 2019 лето Господово
(Преминпортал- к/т)
Извор:
Друго:
-
15/март Лето Госповово
Голем мисирски подвижник од 5 век. Современик на Св. Макариј и на неговиот ученик Св. Лот. Се грижеше да ги исполнува сите Божји заповеди. Некој од браќата му го пофали ноженцето со кое сечеше прачки за плетење кошници. Кога го слушна, светителот со радост му го подари ноженцето на братот. Говореше Св. Агатон: „За мене би било задоволство да можам на себе да го земам телото на некој лепрозен, а нему да му го дадам моето“. Ете за совршената љубов...
Меѓу великите монаси, познати египетски подвижници беше и авва Агатон. Тој особено се одликуваше со смирение и трпение. Сакајќи да го проверат тоа, еднаш во посета му дошле неколкумина браќа.
Тие го прашале: „Авво, слушнавме дека си горд, дека ги презираш другите и дека си блудник?“
Авва Агатон им одговорил: „Да, тоа е вистина.“
„А дали си озборувач и клеветник?“ И на тоа прашање, тој им одговорил потврдно.
Но, кога го прашале: „Авво, дали си еретик?“
Тој им одговорил: „Тоа не! Јас не сум еретик.“
Потоа го прашале: „Авво, те молиме кажи ни зошто ги признаваш претходните особини, а третата не ја признаваш?“
Тој им одговорил: „Тоа првото го прифаќам, бидејќи тоа е корисно за мојата душа, но да се биде еретик значи да се биде одвоен од Бога, а јас не сакам да бидам одвоен од Бога.“
(од Старечникот)