логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

свештеник Јани Мулев


 

Црквата е болница и фабрика за светост



Архимандрит Јасон Кесен

Мнозинството од народот смета дека добар поп е оној кој прави милосрдни дела. Некои ќе го ублажуваат попот кој се труди во добрите дела, иако потоа ќе го споредуваат со некој друг кој не прави, или на крајот од краиштата, не ги покажува.

„Работата“ на попот не е да го храни народот, ниту да им ги плаќа сметките на оние кои не можат да си ги платат.

„Работата“ на попот е да служи Божествена Литургија и да го проповеда Евангелието. Останатото, човекољубивите дела, се средства за пренесување на Евангелието: како би можел да проповедам а да не извршувам?

Човекољубивите дела не се самоцел на нашето служење. Во Делата на апостолите, кога народот гладуваше, а апостолите се грижеа да ги нахранат, видоа дека тоа ги назадува во пренесувањето на Словото. Така, апостолите им го доверија ова значајно служење на седумте ѓакони, така што да продолжат самите тие неуморно да проповедаат.

Денес народот смета дека Црквата е корисна во општеството бидејќи врши социјални дела. Тоа дело е важно, но останува споредно дело.

Народот ја смета единствено корисна во ова, бидејќи суди врз основа на тоа што го гледа. Во Црквата го живееме она што не се гледа: невидливите, мистичните, наднебесните, кои човечкиот ум не може да ги собере.

Ако останевме на милосрдието, тогаш ќе бевме нешто како министерство за социјални грижи.

Црквата е болница и фабрика за светост. Ако останеме во милосрдните дела, тогаш ја губиме нашата цел, која не е ништо друго, освен светиот Путир (причестувањето). Значи, светињата е за светите. Воздишка од земјата која оди кон небесата.



Не ја осудувај Црквата



Архимандрит Павлос Пападопулос

Црквата често пати соблазнува бидејќи има луѓе кои не се совршени, херои, беспрекорни, туку грешни, неморални, острастени.

Тоа е исто како да одиме во една болница и да се соблазнуваме, бидејќи во болницата постојат болни луѓе. Па токму затоа се наоѓаат болните во болницата, за да бидат излечени.

Да не забораваме никогаш, дека Христос не очекува од нас безгрешност, бидејќи знае дека тоа е неостварливо. Она што ни го вели Христос е, да ја препознаеме нашата болест, нашето несовршенство, и да побараме помош од Него, да го следиме Неговиот начин на исцеление.

Се разбира, луѓето кои сакаат да Го напаѓаат Христос, бидејќи не наоѓаат ништо лошо во Него, ги изложуваат грешките, страстите на христијаните. Но тоа е повторно грешка.

Не ја гледаат Црквата, туку некои членови на Црквата, кои можеби направиле гревови и грешки, и водат живот кој не е својствен за нивното христијанство. Но грешка е да се осудува целата Црква и да се дискредитира, дискредитирајќи Го Самиот Спасител Христос. Тоа е како да се обидувам да ја осудувам болницата, бидејќи постојат многу болести општо во светот.

Мислам дека многу луѓе ја осудуваат Црквата и ја отфрлаат бидејќи се плашат. Се плашат затоа што таа може да ја зборува Вистината, дека може да ја има Вистината. Но, бидејќи Вистината не им е по волја, подобро да ја анатемисаат, отколку да ја следат.

И бидејќи не можат да ѝ најдат кусур на Вистината, им наоѓаат кусур на оние кои веруваат во Вистината така што да се убедат „самите себеси и другите“ дека оправдано не веруваат.

Не можат да разберат дека нашите кусури, нашите гревови, не нѐ лишуваат од Вистината. Од Вистината се лишуваме кога не ги признаваме нашите кусури, нашите гревови.

Христос во неговиот земен живот не беше во друштво на совршени луѓе, туку со луѓе кои имаат кусури и слабости. Учениците станаа апостоли, не затоа што беа совршени, туку бидејќи имаа едноставност и смирение.

Ако ги видиме житијата на Црквата, полни се со бунтовници, неморални, грешни, острастени луѓе кои се покајаа, кои се бореа со демоните и со Бога.

Потребно е едно мало семе на себеукорување, за да се закопа во мракот-пеколот на нашето его, за да ја плодоноси слободата – рајот на покајанието.

(Православна светлина бр.50)



Вистинската мисија на свештеникот



Митрополит Дионисиј Козански

„Оној кој не учествува во Литургијата, нема ништо со Црквата“

Дваесет и пет години непрестајно служиме во Козани, и проповедаме усно и писмено. И не сакаме да ги учиме христијаните „со човечки повелби и науки“ (Мат. 15,9). Таквата проповед секогаш ја избегнуваме, бидејќи никогаш не сме имале за цел да поучуваме на лажна побожност, туку да придонесеме за луѓето да сфатат што е Црквата и што е Светата Литургија. Не само во овогодинешните проповеди, туку во сѐ што проповедаме усно и писмено. Бидејќи не правиме ништо друго, освен што литургисуваме и проповедаме. Ги извршуваме овие две дејства заедно, зашто поинаку нашето дело би било инвалидно и без една нога. Сѐ друго, активностите за покажување, и т.н. дејности на активизмот, за нас не само што се излишни, туку и штетни. Тоа се дела политички, а не црковни, кои го изразуваат духот на модернизмот, кој сака да го извади свештеникот од Светиот Олтар за да скандира по улиците. Бог го испратил Господа Исуса Христа „благословувајќи нѐ“, а Он им рекол на Своите апостоли: „Како што Отецот Ме испрати, така и Јас ве испраќам“.

Зборовите овде стигнаа до лизгав под, затоа и не сакаме да се плашиме да го кажеме она што треба да се каже. Цел еден живот, еве цели педесет години, се трудевме да ѝ служиме на Црквата, и да ѝ бидеме ако не од полза, тогаш барем да не ѝ нанесуваме штета. Дојдовме до овие години, педесет години клирик и триесет епископ, и сѐ уште се прашуваме кое е всушност нашето дело. И се срамиме и нажалуваме поради тоа. Бидејќи не е мала работа да работиш и да се измориш и на крајот да имаш сомнеж дали си направил нешто, или можеби, како епископ и пастир на Црквата, си застранил. Бидејќи многумина тоа така го гледаат и не се снебиваат со иронија да дофрлат и да речат: „Ти си неприлагодлив. Многу си заостанат. Остави ја Светата Трпеза и Амвонот и излези на улица, да скандираш и да шеташ. Направи ограда, стани претприемач. Црквата треба да го остави тоа „Господи, помилуј“, и да дејствува социјално“.

Сето ова е многу евтино, и се срамиме што го повторуваме. Но, така се зборува од нас самите (црковни служители), кои сме честољубиви, имаме амбиции да бидеме сѐ друго, само не свештеници, служители на Литургијата, кои го благословуваат народот. Дури и проповедта на Евангелието не ја земаме за Црковна служба, туку за политичко дејствување и демагошка прилика. За овие нешта цел живот пишуваме, и дојдовме дотаму веќе да се прашуваме: Можеби и не е така? Можеби навистина треба да го оставиме Светиот Олтар и да излеземе на улиците? Да тргнеме по туристите на плажите и планините, та небаре да го најдеме и спасиме „загубеното“? Да слеземе од Амвонот и да направиме кампови, или да организираме митинзи и прошетки/демонстрации? Да почнеме да зборуваме и пишуваме со јазикот на новинарите, да правиме масовни протести и да испраќаме телеграми, да правиме неред и да удриме на штрајкови со глад?

Така сака да нѐ научи и такви нѐ сака нашето време. И веќе сме малкумина кои се спротивставуваме и одлучуваме дека не сакаме да се прилагодуваме. Инсистираме и сакаме да останеме свештеници, свештенослужители на Евангелието, бидејќи веруваме дека такви нѐ сака Црквата. Во светот, во кој сите трчаат и викаат, треба да има и некои кои се научиле и можат да молчат. На сите страни сите трчаат и викаат, зарем и свештенослужителите не треба истото да го прават, за да не заостане Црквата, туку да се модернизира, за да го стигне светот во современиот титански полет… Но, овде не се работи за ништо друго, освен за очигледното трето искушение (Мат. 4,8-10), кое тргнува да ја пороби Црквата и да ја натера да се поклони на духот на заблудата. Но тогаш, што ќе му е на светот Црквата, и што ќе сум ѝ јас, како таков поп, на Црквата? Велат: Поинакви луѓе ѝ се потребни, служители од поинаков вид; не со црни мантии, туку со бели блузи!

Извадок од книгата „Толкување на Божествената Литургија“, од митрополитот Дионисиј Козански, изд. Повардарска епархија

Превод и подготовка: Свештеник Јани Мулев
Преземено од Ортодоксија и ортопраксија

Извор: https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/crkva-bolnica-liturgija/

 4ти декември 2019 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная