Старецот Јосиф, кога ја виде големата ревност на послушникот Харалампие, го повика еднаш кај него.
- Онаму на врвот на оние карпи кои ги гледаш има една мала пештера. Те уварувам дека таму е рај. Ќе појдеш таму и ќе останеш сé додека не те повикам. Во ред?
- Како ќе благословите, отец.
"Направив поклон пред Старецот, - раскажува отец Харалампиј, - и почнувам да се искачувам по карпата.
Приближувајќи се кон пештерата.... и, што може да се каже... Совршено диво место каде што можат да живеат само змии. Пештерата е толку тесна што само можеш да влезеш внатре свиткувајќи се.
Отпрвин, како човечко суштество, ме фати страв и си реков: Отецу, зошто ли ме прати овде? Зарем е ова рај? Да, ова е пекол, а не рај. Ќе видам како би можел овде подобро да се сместам, за да го исполнам правилото, додека Старецот не ме викне да се симнам. Ако тој така нареди, нема да се повлечам дури и да умрам: ако Старецот не ме повика назад, нема да се вратам. Подобро да се умре за послушание, отколку да се дезертира".
Така започнувам да го извршувам правилото. Поклони, поклони, молитва. Полека стравот почна да одминува и почнав да се чувствувам поудобно.
"Така, - си велам себеси, - ако овде те прати Старецот за молитва, моли се Харалампие, цврсто, колку те држи силата".
Се принудувам себеси, се принудувам... Наскоро, срцето почна да се загрева и да извира плач, славословие и благодарност. Таму јас за прв пат бев удостоен на созрцание, кога, како што говорат оците, умот замрзнува, ја прекинува својата работа и се движи со Светиот Дух кој го носи него каде сака и го воздигнува дури до небесата.
Си дојдов при себеси, а потоа ново восхитување во други небесни обители. Така се повторуваше два- три пати. Јас се чувствував себеси точно како Христовите ученици на Тавор и си велев: "Добро ни е да бидеме овде. Навистина, овде каде што ме испрати мојот Старец е рај. Само кога тој не би ме повикал да се симнам од овој рај.
После два- три дена, слушам од доле од страна на ќелијата, познат глас.
"Харалампиј, старецот те вика да се симнеш".
Нема да верувате колку бев тажен кога го слушнав овој благослов. Поинаку не можев да постапам освен да послушам.
Кога се вратив, сé што ми се случуваше, јасно се забележиваше на моето лице.
Старецит праша: "Јас сакам Харалампие, искрено да ми кажеш. Таму каде што те пратив, рај е или не?"
Длабоко возбуден со наведната глава и очи исполнети со солзи одговарам: "Да, отец, навистина таму е рај". Тогаш отец Јосиф не издржа, ме прегрна и бакна.
Во принцип тој беше строг во искаживање на чувства. Но, понекогаш кога ќе го забележи духовниот напредок на своите монаси, тој не може да се воздржи од радост. Тогаш Старецот ни се покажуваше таков каков што тој всушност е: тој нé прегрнуваше нас и од преголема возбуда не можеше да ги задржи солзите.
Подготви: Снежана Корнет