логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 „Денес круната на царството земно ја одлага Царот на сите градови, на мачење предаден се очистува со оган Константиновиот дар, Градот на Богомајката и од рацете на Творецот на вековите венец пресветол на слава вечна прима домот на светите и Градот возљубен“

    (од Богослужбата за падот на Константинопол)


Царот Константин со копје ги зацртува новите граници на неговиот сè уште раскошен град Византија, by Roger Payne.

Можеби ниеден друг град, почнувајќи од почетокот на историјата, па сè до денес, не оставил толку силен белег врз човечката цивилизација како „Царот на сите градови“, Градот основан од Светиот Рамноапостолен Цар Константин Велики – Константинoпол. Овој преславен „Град на Светиите“, „на Христијаните пофалба, на Православните слава“, „светило на светот“ и „веселие на целата земја“, повеќе од 11 века бил центар на едно возвишено Христијанско општество, кое израснало врз античка почва, во себе ја вклучило и источната култура и сето тоа го одухотворило со верата Христова, принесувајќи прекрасни духовни плодови – богословие, богослужение, философија, наука, уметност.

3.angeli.so.truba
„Фатална опсада на градот во 1453 година од н.е.“ Church of Moldovita, Romania.

Но, по Божјо допуштение, поради гревовите и неслогата на православните, која, за жал, е присутна и денес, величествената престолнина на Источното римско царство – Византија, паднала во рацете на Османлиите. Оваа тажна реалност и ден денес им е потсетник на Христијаните, кој силно ги повикува на покајание и меѓусебно соединување во духот на Христовата љубов.

Денес, кога навршуваат 567 години од падот на Константинопол, нашата Свештена Бигорска Обител со благодарност молитвено си спомна за сите оние што ги положиле своите души во одбрана на Светата православна вера, за оние што до наши дни како овци биле заклани за Вистината, победоносно посведочувајќи Го со својата света крв Словото Божјо, Кое вели: „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат“ (Јн. 15,20). Овие зборови постојано се потврдуваат, а вековите покажуваат дека Црквата Христова, таа најголема Маченица, е секогаш распнувана, подобно на својата Глава – Христос. И денес многубројни се Христијаните, особено оние на Блискиот Исток, кои, според сведоштвото Христово: „Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене“ (Мт. 16,24), смирено го носат својот маченички крст и невино страдаат за вистинското Откровение Божјо. Но, залудно се трудат сите непријатели на Црквата православна, сакајќи да ја уништат, зашто таа отсекогаш била и до крајот на вековите ќе остане единствена Светлина во овој свет, сокровиште на Божјите тајни, чувар на Божествената Вистина. И до крајот таа победоносно ќе повикува: „Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“

Еден од современите исповедници и страдалници за Богооткриената Вистина и сведок за непобедливоста на Црквата Христова, е и Светиот Отец наш Лука Војно-Јасенецки, Архиепископ Симфериополски и Кримски, чијшто спомен, исто така го славиме денес. За неговото чудесно Житие постои еден прекрасен документарен филм што можете да го погледнете на нашата страница во категоријата ‘документарни филмови‘.



Ова е текстот на псалмот за којшто е создадена мелодијата:

Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство,

го осквернија светиот Твој храм,

мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни,

а телата на Твоите светии – на земните ѕверови;

ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе.

Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас;

До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано,

до кога ќе гори лутината Твоја како оган?

Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат,

и врз царствата, кои не го признаваат името Твое,

не спомнувај си за нашите стари гревови,

туку помогни ни скоро и помилуј нè.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=WjxEhucr24k&feature=emb_logo

 Извор:

https://bigorski.org.mk/vesti/nastani/konstantinopol-simbol-za-hristijansko-velichie-i-poraka-za-pokajanie/

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная