логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ЖИВОТО ПРЕДАНИЕ И СПАСЕНИЕТО ВО ГРАДОТ (2)
 
Сега би сакала накратко да се задржам на она, што ги обединувало древните христијани и што денес нè обединува нас во вид на „традиција“, т.е. Предание. Очигледно е дека ние се собираме и го доживуваме своето заедништво во Евхаристијата. Сепак, навраќајќи се на катедралниот чин што претходно го споменав, чинот на градовите, секојдневната Евхаристија во историјата на Црквата се појавила релативно неодамна. Во реалноста на древната Црква, Евхаристијата се случувала релативно ретко: христијаните се собирале по неделите. Едноставно, во најраните времиња тоа било многу опасно.
Што ги обединувало христијаните во другите денови од седмицата? Некое општо поимање, предание што пред сè се предавало преку Словото Божјо, т.е. живиот спомен или сеќавањето за тоа предание што ги обединува христијаните, коешто живее во срцата и умовите на христијаните секој ден. Таквиот вид на сеќавање се нарекува ἀνάμνησις (анамнеза), а тоа и е целта на Евхаристијата. Кога Христос објаснува што всушност е целта на Евхаристијата, Он вели: τοῦτο  ποιεῖτε  εἰςτὴν ἐμὴν ἀνάμνησιν (правете го ова во Мој спомен). Понекогаш ова ни бега од нашето внимание, затоа што ние не ги слушаме евхаристиските молитви и не слушаме што точно се споменува во тој случај, и поради тоа не секогаш го доживуваме тоа „сеќавање“. Без оглед на оваа појава во нашата современа литургиска пракса, таквото општо предание/сеќавање што обединува, денес е заложено во нашиот богат црковен календар, бидејќи секој ден кај нас е нечиј спомен или некаков празник, или истовремено се споменуваат неколку светии и настани.


Како што веќе кажав, првично општото предание се среќава во Светото писмо, а потоа во Црковниот календар. Во моите видеа се стремам да го споделувам имено тоа живо доживување на црковниот календар, во атмосфера на градски живот, во стан. Оние од вас што ги гледаат тие видеа знаат за што станува збор… Суштината е во тоа дека јас со вас го споделувам тој опит, бидејќи иако сум монахиња, јас живеам во град, секој ден одам на работа, како и повеќето од вас.
И така решив дека можеби е полезно со сите вас да го споделувам тоа, затоа што секојдневно погледнувам во Црковниот календар и тоа ми помага да ја одржувам врската со она што се случува во литургискиот живот на Црквата. И како што можете да видите, покрај другите нешта, тоа претставува уште и храна за размислување или, да бидам попрецизна, храна за молитва. Тоа го нарекуваме созерцание или „медитација“. Иако понекогаш на православните христијани овој збор не им се чини добар: „Ах, медитација, тоа е нешто источно.“ Но целата наша химнографија нè повикува нас да ги созерцуваме искупителните вистини на нашето спасение.
И покрај распространетото мислење, во нашата химнографија често се среќаваат повици на созерцание на одредени образи или полезни претстави: „да се искачиме на Гората Елеонска“ или „да појдеме во Витлеем“ или „да одиме заедно со Богородица“ итн. Така што ние сепак мисловно си претставуваме одредени слики, за да ја воведеме во живот реалноста на евангелските вистини, за да се повикаме себеси во таа реалност и да не ја забораваме. Повторно, тоа е ἀνάμνησις, она исто споменување. Тоа ни помага да бидеме причасни на Бога секој ден.

Така што, сакам да истакнам дека многу е погрешна мислата небаре вистински духовен живот има само кај монасите и дека јас треба да почекам подобар момент, кога ќе можам да започнам духовен живот. Ова е крајно деструктивна и неправилна претпоставка. Можеби вие не мислите така, но јас знам дека таквата мисла сепак постои. Сум имала разговори од ваков вид со луѓе.
А, во суштина, не треба ништо да се чека. За да се започне духовен живот, не се потребни некакви надворешни настани. Да се измислува таква пречка или да се мисли дека духовниот живот го има само во монаштвото или некаде во пустината, едноставно е неправилно и не го рефлектира она како Христијанството живеело и се распространувало во историјата на Црквата.

3.angeli.so.truba


Вреди да се спомене уште нешто: за Црквата секогаш било проблематично и комплицирано со полна точност да определи, од што се состои „преданието“. Тоа е сосема нормално и денес, кога одделни периоди од црковната историја се преосмислуваат, се преосмислува погледот на она што било во минатото, каква била реалноста на Црквата, како таа се раководела.
На пример, премногу острото прашање за ерархискиот примат на вселенско ниво, кој различно се разбира во различни православни Цркви. И тоа е само едно од прашањата. И воопшто не е катастрофално или крај на светот, тоа што историјата се преосмислува или дури и оспорува. Ние сме живи луѓе, а Црквата е богочовечки организам, и таа сè уште не ја тргнала прашината од сè. Има нешта коишто земната Црква сè уште не ги разрешила.
Еден од ваквите постојани проблеми е тоа како и до кој степен да се вмешува културата? До кој степен може, така да кажеме, да се мешаат Христос и цивилизацијата? Или до која граница е допуштено? До која мера богословието и Литургијата можат да го употребуваат, на пример, јазикот на улицата? До која мера може да се употребува современата музика? Ваквите прашања не се решаваат идеално.


Би ви предложила дека најважно е да се запомни, дека ништо од она што го правиме без содејството на Светиот Дух, во принцип не може да биде идеално. Едноставно со смирение се обидуваме да разбереме и да го проживееме нашиот живот осмислено, и да го предадеме овој жив спомен на Црквата од поколение на поколение. Впрочем, наоѓајќи се тука и сега во одредена културна средина, во одреден град и во конкретен свет, ние сме повикани да го живееме нашиот живот тука и сега, но во тесна врска со традицијата што ја имаме.
Затоа она што го правам, макар и да не е идеално, но сепак како што можам ја активирам и културата, и велам: „Гледајте, ние сме тука и сега, токму во вој град.“ Затоа споменувам надворешни луѓе, понекогаш додавам музика (се разбира, неа ја поставуваат луѓе што работат со мене). Смислата е во тоа дека традицијата не се предава во некаков (изолиран) меур/вакуум, таа е многу реална и е поврзана со дадената ситуација.
Не е потребен овој дуализам: кога се создава еден свет – Црквата, а постои и уште еден реален свет, бидејќи тогаш сме во опасност, особено за децата, да почнеме да ја восприемаме Црквата како некаква бајка или театар, во кој улоги имаат и родителите. Тоа е многу жива реална традиција. Така што нема потреба да се создава меур, потребно е да се направи традицијата реална тука и сега, и да не очекуваме да се најдеме во некое друго време, а и нема потреба да се бега во минатото.

Monah.osvetuva.voda


Неодамна забележав… се празнуваше Богојавление и за време на Литургијата одеднаш забележав (знаете, понекогаш се случуваат такви моменти на откровение) кога се пееше „Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во сите векови. Амин“. И во тој момент разбрав (нешто што порано не сум забележувала), дека во таа фраза фокусот е имено на „сега“. За минатото има само некаква индиректна референца. Фокусот сосема очигледно се поставува на „СЕГА“ – денес.
Тоа едноставно ме потресе, затоа што нашиот духовен живот би можел да стане толку крепок и длабок, доколку би имале сили да живееме во сегашноста, и да не се надеваме на нешто во иднината, или да жалиме за нешто во минатото, или да се споредуваме себеси со некого и постојано да бидеме незадоволни. Благодарноста и живата вера се нешто многу силно за живот во сегашноста, и мислам дека ова кратко славословие, што толку често се повторува на секоја служба, е многу поучно.


И така, по еден малечок чекор секој ден. Понекогаш кај нас во Православието се среќава таков максимализам, кој може да ни нанесе голема штета. Пред неколку недели разговарав со својот внук и го прашав што прави наутро. Тој студира на факултет, оваа година му е последна. Му велам: „Имаш молитвеник“. Знаете, во рускиот молитвеник има многу молитви. А тој секое утро ќе погледнел на молитвеникот и помислувал: „Ај, не“ – и како резултат воопшто не се моли. Овој жалосен резултат е поради тоа што тој започнува од крајот.


Му реков: „Како воопшто можеш да не се молиш? Како се справуваш без молитва? Тажно е тоа што не сакаш да ги читаш тие молитви и, на крајот на краиштата, ќе сфатиш дека веројатно вреди да се читаат. Но, тоа не е она што Бог го очекува од нас, во смисла: или тие молитви, или никакви. Нема да слушам никакви други молитви, обратени кон Мене.“
Ваквиот однос – или молитвеник, или ништо – одделува од Христа, од молитвата. Еве зошто во едно од своите излагања реков дека „неправилноста не е пречка за молитва“, бидејќи молитвата е најважна од сè. А многу често ние во нашиот секојдневен живот не ја гледаме шумата зад дрвјата. Се разбира, ова не се однесува на сите. Прекрасно е кога човек веќе има таква навика, т.е. нормално молитвено правило. Но, некои луѓе се наоѓаат во таква ситуација, кога тие всушност се обидуваат да ја превратат традицијата во нешто што таа не е.


Па, му реков на внукот: „Едноставно клекни на колена и моли се секој ден со свои зборови, ако не може поинаку. И наскоро ќе видиш дека без тоа веќе не ќе можеш да живееш.“ Но, нешто не му дозволува така да прави, бидејќи така бил научен. Не велам дека не треба да се молиме со молитвеник. Она што сакам да кажам е дека ние го испуштаме од вид наједноставното и најважното, бидејќи се фокусираме на она што, всушност, е вторично. Ова се нешта со кои мирјаните секојдневно се справуваат.


сестра Васа Ларин

Превод- You Tube: Јереј Георгиј Глигоров

 

За Преминпортал подготви: Дејан Блажески

 

Друго:

 

 


   



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7708
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

25/12/2024 - среда

Божикен пост (пост на масло)

+Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримифунтски; Светиот свештеномаченик Александар, епископ Ерусалимски; Светиот маченик Разумник; Преподобен Герман Алјаски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная