Се изначитав коментари и се изнагледав слики од типот достоен, недостоен, короноверци и уште што ли не. Си велам, среќа што Facebook немало во времето на св. Јован Златоуст и во златниот период на Црквата, оти ќе пропаднел уште првата недела. Зошто?
Затоа што тие луѓе тогаш, го гледале Христа, ближниот и својата слабост и се воздржувале од осуда на другите. Биле златни духом. А ние? Ја гледаме својата праведност, вредност, ученост и кога тогаш Христа. Осудата никого нема да го одмине, освен оној кој искрено се кае.
Затоа, дури имаме време да клекнеме и да се покаеме, оти смртта и одговорот кој треба да го дадеме пред Бога нема никого да одмине.
Избор на фб профил од
Dejan Apostolovski