Како што навикнувајќи се на усната молитва умот внимава на зборовите и посетепено нурнувајќи се во молитвата стекнува навика во неа така и при умствената молитва, кога таа ќе се вкорени во умот, во одговор на овој труд почнува постепено да се загрева срцето.
Со други зборови, кога умот е постојано зафатен со молитвата и човекот целиот свој живот го насочил кон тоа дејствување, тогаш внатрешните чувства почнуваат да се орасположуваат за молитва и се нурнуваат во неа, соучествуваат во молитвеното дејствување на умот и бивајќи восхитени од името Божјо, не го одвлекуваат повеќе умот од молењето. А срцето притоа почнува сочувствително да се одѕива, содоживувајќи со умот.
(Архиепископ Антониј, Гољинско-Михајловски)
За Преминпортал:
Дејан Блажески
Друго:
(Од архивата на МПЦ-ОА)
Архиерејска Божествена Литургија (26.10.2004)
Денес, кога Црквата Божја го слави споменот на Светата великомаченичка Злата Мегленска, во параклисот на Преподбните Григориј Палама и Јосиф Спилеот во женскиот манастир на Свети Леонтиј во Водоча Божествена Литургија отслужи Струмичкиот Митрополит г. Наум.
„Кога ќе ти се случи неуспех, немој да бидеш малодушен. Не подлегнувај на помислата дека ќе го постигнеш тоа и тоа и тогаш и тогаш. Тие работи се во рацете Божји. Он ни ги дава даровите тогаш кога сме го заслужиле тоа со исполнувањето на волјата Божја и кога сме способни да ги примиме, а во спротивно новото вино ќе истече од нашите стари мевови. Бог не нѐ дарува пред соодветното молитвено устројство, туку бара од нас постојано самоосудување. Твоето дело е секогаш да се принудуваш себеси во секој поглед да ѝ се предаваш на волјата Божја, којашто за нас промислува, и пребивајќи во трпеливо очекување, за ништо да не ја оставаш молитвата.“ (Архиепископ Антониј, Гољинско-Михајловски)