логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Aleksandar.N.sv.Haralampij

Моќта на Светата тајна Исповед


„За човек да почувствува спокој, треба да ја исфрли нечистотијата од себе, а тоа се случува нa исповедта. Човекот, отварајќи му го срцето на духовникот и кажувајќи му ги своите гревови, се смирува и со тоа ги отвора небесните врати, низ кои му доаѓа богатата Божја благодат и го ослободува“.
Човекот со исповедта се ослободува


– Старче, во првите години на христијанството, христијаните се исповедале јавно. Помага ли тоа?
– Поинаку било во првите години од христијанството. Сега тоа не помага.
– Зошто, старче? Затоа ли, што тогаш имале повеќе ревност?
– Имале и повеќе ревност и ги немале сите овие проблеми што денес луѓето ги имаат. Денес брачни парови се разведуваат туку така, не како во старите времиња. Денес луѓето се отуѓени од светата Тајна Исповед и затоа се гушат во помисли и страсти. Многумина денес доаѓаат и бараат од мене помош кога имаат проблеми, а не се исповедуваат и воопшто не одат на црква! „Одиш ли на Божјата богослужба во црква?“, ги прашувам. „Не“, велат. „Си се исповедал ли некогаш.“ „Не. Дојдов ти да ми помогнеш.“ „Но, како? Треба да се покаеш за своите гревови, да се исповедаш, да одиш во црква на Света Литургија, да се причестуваш, кога ќе добиеш благослов за тоа од духовникот, а јас ќе се молам да ти биде подобро. Забораваш ли дека постои и друг живот и дека треба да се подготвиме за него?“ „Види, оче, мене сето ова за што ти ми зборуваш, црква, друг живот и така натаму, не ме интересира. Тоа се прикаски. Бев и кај бајачи, кај медиуми и тие не можеа да ми помогнат. Слушнав дека ти можеш да ми помогнеш.“ И, што сега? Им зборуваш за исповед, им зборуваш за идниот живот, а тие ти велат дека се тоа прикаски, а од друга страна: „Помогни ми, пијам апчиња.“ Е, како? Со некоја магија ли да им биде подобро? И многумина, иако имаат проблеми кои ги предизвикале со своите гревови, не одат кај духовникот, кој може, сосем сигурно, да им помогне, туку завршуваат така што се исповедуваат кај психијатар. Им ги раскажуваат своите приказни, ги прашуваат за совет, и ако треба да ја поминат реката, фрлени се во неа, па се удавуваат, или излегуваат, но каде излегуваат… А ако отидат кај духовникот да се исповедаат, лесно би преминале на другата страна преку мостот, бидејќи преку Светата Тајна Исповед дејствува Божјата благодат и тие преку неа добиваат ослободување.
– Старче, некои велат: „Не можеме да најдеме добри духовници и затоа не одиме да се исповедаме.
– Тоа е само барање на оправдување. Секој духовник, со самото тоа што носи епитрахил, е овластен од Бога. Извршува Света Тајна, поседува Божја благодат и кога ќе ја прочита разрешителната молитва, Бог ги брише сите гревови што сме ги исповедале по искреното покајание. Од нас зависи колку помош ќе добиеме преку Светата Тајна Исповед. Така, еднаш кај мене во колибата дојде еден човек, кој имаше психолошки проблеми, со помисла дека јас поседувам благодатен дар на прозорливост и дека би можел да му помогнам. „Што би можел да ми кажеш за мене?“ – праша. „Дека треба да најдеш духовник и да се исповедаш, па да спиеш, лесен како птичка и да не земаш апчиња“ – му реков. „Денес нема добри духовници. Некогаш имаше.” – вели. Доаѓаат со добра помисла да добијат помош, но не го прифаќаат она што им го кажуваш, па штета е што се истрошиле и дошле тука. Но, гледам дека тука има и нови ѓаволски вештини. Им става на луѓето во глава помисла дека се духовно здрави, ако донесат заветен дар и ако отидат некаде на поклонение. И така, гледаш многу луѓе како со свеќи и со ветени дарови одат во манастирите на поклонение, ги оставаат таму даровите, се крстат, малку и плачат и со тоа се задоволуваат. Не се каат, не се исповедуваат, не се поправаат и ѓаволот се радува на тоа.
– Може ли, старче, да има внатрешен спокој човек што не се исповедува?
– А, како да има спокој? За да почувствува спокој, прво мора да ја отфрли од себе сета нечистотија. А тоа може да го стори само преку исповедта. Отворајќи му го своето срце на духовникот и доверувајќи му ги своите гревови, човекот се смирува и така ја отвора небесната капија, па богато го осенува Божјата благодат и тој се ослободува. Пред исповедта, хоризонтите му се во магла, човекот не гледа јасно и наоѓа оправданија за своите гревови. Зашто, кога умот му е помрачен со грев, погледот му се смутува. Со исповедувањето, како со свежо ветре, се разгонува маглата и на хоризонтот му станува ведро и јасно. Заради тоа, сите што доаѓаат да разговараат со мене за некој проблем, или да бараат некој друг совет, ако никогаш не се исповедале, прво ги испраќам да се исповедаат, па дури потоа доаѓаат да разговараме. Некои ми велат: „Но, старче, ти знаеш што треба да направам за да го решам проблемот. Кажи ми.“ Им велам: „Јас и да знам што треба да сториш, ти нема да го разбереш она што ќе ти го кажам. затоа прво оди, исповедај се, па потоа дојди да разговараме.“ Како да стапиш во контакт и да се разбереш со човек, кој се наоѓа на друга бранова должина?

Со исповедта човекот од себе исфрла сè што е некорисно и станува духовно плоден. Еден ден копав во бавчата, со намера да посадам домати. Токму тогаш дојде еден човек и ме праша: „Што правиш, старче?“ „Ете, што правам, ја исповедувам својата бавча“ – му реков. „Ех, старче, зарем и на бавчата ѝ е потребно исповедување?“ – прашува. „Сигурно дека е потребно. Се уверив дека, кога ја исповедам, ги вадам од неа камењата, трњата, коровот и така натаму. Ако не го сторам тоа, доматот ќе пожолти и целиот е некако закржлавен.“


Старец Пајсиј

 

 Извор од фб профил на

Николај Филотеев

 

 

 

 

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная