логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVITER13

Мар 22, 2021 | Актуелно, Богословие
Професор Јован Фундулис – За литургијата на претходноосветени дарови    
Кога постои особена причина, дали е возможно да се отслужи Литургија на претходно осветени дарови во други денови од Великата Четириесетница, односно во понеделник, вторник или четврток?

 

Според денес важечкиот типик, Литургијата на претходно осветени дарови се служи секои среда и петок од Великата Четириесетница, во четврток на Великиот Канон, и во првите три дена од Страстната седмица. Исто така, се служи и во деновите на светителските празници: свети Харалампиј (според стариот календар), Прво и Второ наоѓање на главата на свети Јован Крстител и на денот на светите Четириесет маченици. Во случај на празнување на локални светители (света Филотеа Атинска, свети Георгиј Митилински итн.) пак се служи Литургија на претходно осветени дарови, доколку нивниот спомен не се погоди да биде во сабота или во недела. Според типикот на свети Сава, Литургија на претходно осветени дарови се служи на денот пред Благовештение, во кој било ден од седмицата да се погоди, освен во сабота и недела. Поновите типици на Великата Црква (од Константин и Виолакис) неоправдано не предвидуваат служење на Литургија на претходно осветени дарови во овој ден, дури и ако е во среда или во петок.


Генерално, ова е денес важечкиот поредок во однос на деновите за служење на Литургијата на претходно осветени дарови. Овој поредок произлегува од ерусалимскиот манастир на свети Сава, како што се гледа од неговиот типик и од Триодот што е во употреба, кој во основа ја претставува праксата на тој манастир. Поради тоа, како што е познато, во редовните денови за служење на Литургија на претходно осветени дарови (секои среда и петок), вечерната богослужба се прекинува кај библиските читања. Значи, тие вечерни богослужби немаат стиховни стихири, како што има во понеделник, вторник и четврток. Попрецизно, стиховните стихири од вечерната богослужба на среда и петок не се изоставаат, туку им се додаваат на стихирите на „Господи воззвах“.
Во овој поредок на служење Литургија на претходно осветени дарови, односно редовно секои среда и петок и вонредно во денови на светителски празници, може лесно да се препознае древниот обичај на литургиски собранија и редовно причестување на верниците четирипати седмично (сабота, недела, среда и петок) и вонредно во деновите на светителски празници, што паѓаат во други денови. За тој обичај сведочи и свети Василиј Велики во неговото писмо кон патриција Кесарија: „Ние се причестуваме четирипати седмично. Во недела, среда, петок и сабота, како и во други денови доколку е спомен на некој светител“.


Паралелно важел обичајот за секојдневно служење Литургија и, следствено, за секојдневно причестување. За тоа сведочат многу отци и црковни писатели, а за што и свети Василиј Велики кажува во спомнатото негово писмо: „Секојдневното причестување со светите тело и крв Христови е добро и полезно, како што и Тој самиот вели: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв има вечен живот. Кој се сомнева дека постојаното причестување со животот не е ништо друго, освен многукратно живеење?“ Според овој поредок, во периодот на Великата Четириесетница секојдневно се служела Литургија на претходно осветени дарови. Така, според 52. канон на Трулскиот собор е определено да се „служи Литургијата на претходно осветени дарови во сите денови од Великата Четириесетница, освен во сабота, недела и на светиот ден на Благовештението.“


Меѓутоа, и во сочувани манастирски типици, или изрично се определува, или се подразбира секојдневното служење Литургија на претходно осветени дарови. На пример, типикот на Евергетидскиот манастир предвидува служење Литургија на претходно осветени дарови секој ден во Четириесетницата, освен во понеделник од првата седмица: „Во понеделник од првата седмица навечер ги читаме стиховите од катизмата Кон Господа и единствено во тој ден не се служи Литургија. А, од вторник и во тек на целата Велика Четириесетница… секој ден ја служиме Литургијата на претходно осветени дарови“.
Исто така, типикот на Криптоферскиот манастир определува служење Литургија на претходно осветени дарови во сите посни денови на Великата Четириесетница, иако го познава стариот обичај, што се држел во парохиските цркви и во други манастири, за служење само во среда и во петок: „Треба да се знае дека според стариот обичај Црквата не пее Литургија на претходно осветени дарови секој ден во деновите на Великата Четириесетница, туку само во два дена…, но ние пееме Литургија на претходно осветени дарови секој ден, освен во сабота, недела и на празниците на светите четириесет маченици и на Благовештение“ . Меѓутоа, и во други типици постојат посредни показатели. На пример, типикот од Барберинскиот кодекс му обрнува внимание на свештеникот кога ќе служи Литургија во сиропусната недела „да зачува три претходно осветени (агнеци) за Литургијата на претходно осветени дарови што треба да ја служи во трите дена од таа седмица, односно во среда, четврток и петок“.

Но, и настојувањето на горенаведениот типик и на многу други, како и на Триодот, дека специјално во понеделник и во вторник од Чистата седмица не се служела Литургија на претходно осветени дарови „поради тоа што по предание пости целото братство“, укажува дека во сите други денови „по предание“ се служела Литургија на претходно осветени дарови. Барберинскиот типик III 69, што го спомнавме погоре, наведува и друга причина: „Треба да се знае дека во манастирите во двата дена од првата седмица на Великата Четириесетница, односно во понеделник и во вторник, не се пее Литургија на претходно осветени дарови. Само епископите и архиепископите ја пеат (во тие денови) во нивните епископии и во големите цркви“. Така, овој типик ни дава уште едно сведоштво за служење Литургија на претходно осветени дарови во други денови, освен во среда и во петок.
Резимирајќи го ова предание, свети Симеон Солунски вели дека „ни е предадено да се служи Литургија на претходно осветени дарови во петте дена од седмицата“. Спомнувајќи го, пак, древниот обичај за служење Литургија на претходно осветени дарови и во среда и во петок од Сирната седмица и на Велики Петок, што значи да се служи Литургија (потполна или на претходно осветени дарови) во сите денови од годината, додава: „Со оглед на тоа дека, пред сѐ, најнеопходно е и за сиот свет спасително е најстрашното и свештено служење, не се сметало за праведно да се прекине со тоа, ниту во периодот на таканаречената и навистина Велика Четириесетница… Затоа што на отците никогаш не им било прифатливо да помине некој ден, а да не Го видат Господа преку светите Тајни. И Тој рекол дека преку нив е едно со нас и ете, Јас сум со вас во сите денови до свршетокот на светот .


Значи, согласно 52. канон на Трулскиот собор и преданието на Црквата посведочено од отците и од древните типици, „не само во среда и петок, туку, оние кои сакаат, непречено служат Литургија на претходно осветени дарови и во понеделник, вторник и четврток“, како што прецизно забележува преподобниот Никодим Светогорец, коментирајќи го горенаведениот канон во неговото дело „Пидалион“ . Одредбата на поновите типици за редовно служење Литургија на претходно осветени дарови во среда и во петок од Великата Четириесетница не значи дека го забранува нејзиното вонредно служење и во останатите денови. Тоа е исто како што неопходното служење потполна Литургија во сабота, недела и на празници во тек на годината не значи дека го спречува нејзиното служење вонредно и во другите седмични денови.
Во случај на служење Литургија на претходно осветени дарови во понеделник, вторник или четврток ќе треба да се примени типикот што важи за вечерната богослужба, поврзана со Литургија на претходно осветени дарови, во среда и во петок. Стиховните стихири ќе се испеат со стихирите на „Господи воззвах“. Врз оваа основа, во изданието „Велика Четириесетница“ многу прецизно се содржани одредните на типикот за „Вечерна со Литургија на претходно осветени дарови во понеделник, вторник или четврток“.


Професор Јован Фундулис

______________________

[1] Ιωάννου Μ. Φουντούλη, Απαντήσεις εις λειτουργικάς απορίας, том 4, Αποστολική διακονία της Εκκλησίας της Ελλάδος, 1994, стр. 11 – 15.

[2] Атински кодекс 788, од 12. век.

[3] Кодекс на Криптоферскиот манастир АII 7, од 1300 год.

[4] III 69, 1205 год.

[5] Првата седмица од Великиот пост. (заб. на прев.)

[6] Последната подготвителна седмица пред почетокот на Великиот пост. (заб. на прев.)

[7] Одговор на 56. прашање од Пентаполскиот епископ Гаврил.

[8] Грчкиот збор πηδάλιον значи кормило (заб. на прев.)

[9] Од издавачката куќа Βας. Ρηγοπούλου, Солун 1977 год., стр. 385 – 386.

 

Извор:

https://www.tiveriopol.mk/%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b5%d1%81%d0%be%d1%80-%d1%98%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%bd-%d1%84%d1%83%d0%bd%d0%b4%d1%83%d0%bb%d0%b8%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d1%82%d1%83%d1%80%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0/

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная