логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

НЕЗАДОВОЛСТВОТО КАКО БОЛЕСТ НА ДУХОТ
Да погледнеме околу себе и во лицата на луѓето кои не опкружуваат. Непрестајно и насекаде  гледаме уморни и незадоволни лица, потиштени од  многу нешта - неправди во животот, недостаток на правила или чисто човечко недоразбирање од страна на ближните, роднините и партнерите. Тие се толку многу искрени во своите признанија и убедливи во своите аргументи што е навистина тешко за објективниот набљудувач да не се согласи со нив. Нивните очи се полни со болка, нивните гласови се полни со страдање, а нивните уморни зборови предизвикуваат сочувство и загриженост.
Кој не би се согласил со ова? Вкусот на животот  навистина е горчлив и малку се вистинските радости во него. Така било, така е, така и ќе биде. За ова пишуваат класиците на светската литература, тоа го потврдуваат мудреците но го сведочат и светите отци на Црквата Христова. Духот на овој свет е обележан со печатот на неполнотата и тагата. Откако го извршил,Човекот веднаш го познал гревот,талкајќи по противречните патеки на своето битие, губејќи го рајското блаженство и довербата на Отецот.
Ако лепрата на незадоволство ги ‘’јаде’’ огромен број од луѓето кои немаат вера,тоа можеби е разбирливо, па дури и оправдано. Тие го немаат откровението на верата, утехата на Божјото присуство и невидливото сведоштво на Духот во секојдневието. За нив, Христос е едноставно еден од многуте верски водачи, а христијанството е една од светските религии. Но, колку е болно да се види оваа непријатна попреченост во духот на верните христијани! Оние кои биле “запалени” од небесниот оган, допрени од Небото и повикани по благодат во реалниот живот преку личната вера во Спасителот! Луѓе кои би требало да знаат во кого веруваат, што исповедаат и зошто живеат!


За жал, храмовите и христијанските општества се полни со незадоволни мирјани кои постојано се жалат и роптаат на секојдневните ситуации, луѓе со уморни погледи и истоштени светогледи кои се здружуваат и неутешно ја споделуваат болката на денот. Тие секогаш се жртви на околности и предмет на незаслужени озборувања и навреди. Тие се очајни во своите усилби и бедни во своите стремежи и поради тоа се неразбрани и инфериорни. Тие не се во можност да се радуваат на вистинската духовна радост и да ја поднесат длабочината на духовната тага.
Христос нè учи токму на спротивното. Царот на мирот ни остави учење, исполнето со благодат и љубов кон ближниот и непријателите,учење кое го потврдува и го инспирира животот. Проткаено е со радоста и желбата да се сподели чудото на животот со победоносниот Богочовек и со секое друго Божјо создание, откупено со Неговата чиста и скапоцена крв. Кога изјавувате дека верувате и ја признавате Неговата света жртва за гревовите на сите поколенија,а особено сопствените, тогаш немате право да очајувате и да тонете во мочуриштето на безнадежноста. Со Неговото свето Воскресение, Спасителот ги победи силите на пеколот, го уништи ѓаволот и го отвори патот кон Рајот за сите што веруваат во Него.
Исус Христос не е само пробив кон Универзумот, мост меѓу небото и земјата, туку и Оној кој го разби печатот на проклетството и смртта и ја утврди Вечноста и непроменливоста на Животот. Православниот човек е Божјо дете и мора во својот дух да ја носи радоста на љубовта, без да има потреба некој да му ја докажува природата на Творецот и подробно да му ги опишува знаците на Неговата семоќ. Православието, повеќе од сите други христијански деноминации, е „пасхоцентрично“, ја исповеда Христијанската Пасха - Воскресението, како најголем и најзначаен празник во својата доктрина. Празникот над празниците, денот на победата за сите христијани. Триумф на животот над смртта, на надежта над безнадежноста, на светлината над темнината.
Затоа, православниот човек не треба да биде само оптимист, туку постојан носител на духовната радост и просветлување за сите околу него, независно од нивниот однос кон него. Спасителот ги повика своите следбеници со едноставни зборови: „Вие сте светлината на светот“ (Мат. 5:14) и на тој начин им  довери света должност, да ја излеат небесната светлина и да ја осветлат секоја педа од оваа Земја, вечно исушена и распукана од неправди и омраза. Грижата за животот и тежините на денот не можат да бидат изговор и оправдание  за оној што го прифатил светиот повик да биде христијанин по дух, бидејќи тој го поседува најважното - заветите на Спасителот и светите тајни на Неговата црква. Христос ја вети својата помош насекаде, пред сите и за сè. Тој засекогаш се обврза, на личен план да ги води животите на сите што ќе поверуваат во Него, и  не постои ситуација од која Тој не може да нè избави. Затоа победата е веќе извојувана а од нас едноставно се бара да го следиме Победникот. Да се ​​живее и нешто повеќе - да се доживее Неговата радост, и да се пренесе на другите нејзиното “тивко лудило”.
Блаженствата, како носители на надежта и утехата во тагата за секоја душа што верува, завршуваат со триумфалниот повик: „Радувајте се и веселете се“ (Мат. 5, 12). Оној што се подвизува среде исцрпувачки страданија, искушуван и непрестајно напаѓан од бесовите, не само што треба да ја очекува наградата во царството Божјо, туку и да го носи длабоко во себе стремежот кон духовната радост додека е сè уште во тело на земјата.
Духот на Новиот завет никаде не звучи толку вдахновен и животодавен како во Првото послание на Светиот Апостол Павле до Солунјаните (5: 16-18): „Секогаш радувајте се. Молете се постојано. Благодарете за се. " Тоа е повик за секојдневно и непрестајно доживување на Пасхалната радост, континуирано лично богослужење и славословие  на оние кои ја победиле моќта на законот и се потопени во полнотата на Благодатта. Исполнет живот, вистински и обожен, издигнат над конвенциите на обичното постоење и суштествување!
Векови наназад, Светите Отци на Црквата велат дека незадоволството е дефект - пречка во духовниот живот и сигурен знак на отпадништво. Болест на духот предизвикана од маловерие и неразбирање на вистинското значење на Христовото учење. Присуството на душевен немир и ментален хаос се знаци на губење на благодатта и недостаток на целосна заедница со Светиот Дух. Поднебесните духови го користат секое душевно превирање на личноста за да го оттргнат преку нивните опсесивни ментални влијанија од целосна заедница со живиот Бог.
Спротивно од сето тоа, честото славословие и благодарноста кон Создателот ги радува ангелите и ја враќа вистинската слика на човекот, зајакнувајќи ја неговата желба за подвиг и донесувајќи леснотија во надминувањето на секое искушение на патот кон спасението на душата. Тие создаваат благопријатно опкружување за чиста комуникација со Божествените енергии. Дури и најмалата непријатност  лесно ја трауматизира повредената душа на подвижникот, а најскромно изразената благодарност ги умножува плодовите на Духот.
Кога се сретнал со поклоници од различни делови на Грција, еден од познатите подвижници на благочестието на дваесеттиот век - старецот Пајсиј од Света Гора, гледајќи ја нивната очајна духовна состојба, честопати ги вразумувал со зборовите: „Колку повеќ човекот е незадоволен, толку повеќе си наштетува себеси..незадоволството и роптањето носат униние“ (Зборови, т. 4, стр. 129-130). На овој начин тој се обидувал на светоотечки начин да ги заштити од пропаѓање во духовниот живот и  губење на Благодатта. Постојано во личните разговори со нив, тој им укажувал на практичната духовна потреба од позитивен став во секоја животна ситуација. Тој во своите поуки истакнувал дека на сè што се случува треба да се гледа од неговата добра страна, без паника,неспокојство  и вознемиреност.
Низ призмата на чистата православна духовност, секое незадоволство и роптање е бунт против Божјата промисла за секоја душа. Нашиот Творец и заеднички Татко во највисок степен проценил што да му даде на секое од неговите деца, до кој степен да се дозволи некое искушение со цел да всади во него одредена добродетел. Секој што води духовен живот, во своето лично духовно искуство сфатил дека понекогаш злото што нè погодува,се покажува дека е за добро и обратно - првично ни се случува добро, кое последователно носи лоши плодови. Никогаш не можеме вистински да судиме за скриеното значење на Божјата интервенција и премногу често нашите реакции го покажуваат недостаток на зрелост и духовна мудрост во нашиот живот. Бог знае што е спасително за нас  многу повеќе отколку што можеме да замислиме во нашите патетични претстави и безначајни судови. Затоа, да останеме верни на небесните завети, да благодариме за сè, избегнувајќи го на секој начин духот на незадоволство и да го замолиме Севишниот да освети сè во нашиот внатрешен свет со полнотата на Божјата благодат во името на Отецот и синот и Светиот Дух. Амин.


о. Јасен Шинев
Извор: bogonosci.bg
Превод и обработка: Симеон Стефковски
Текстот е објавен во 151/152 број на списанието "Премин"

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная