Раскажува отец Рафаил Нојка:
Еден монах ми раскажа: „Еднаш се скарав со еден монах (од друг манастир), но потоа се покајав и сакав да му побарам прошка.
Но тој не сакаше ни да чуе за мене, толку беше повреден.
И си размислував, утре, задутре ќе заминам и сакам да се причестам. Го повредив мојот брат и како би можел да се причестам. Но и како да го продолжам патот на покајанието, штом не ме сака повеќе мојот брат. Јас сакам да му се извинам, а тој не сака ни да чуе за мене.
И тогаш се сетив на една реченица од Василиевата Литургија: „…Господи, зборни им во нивните срца за Твојата Црква и за сиот Твој народ“. Овој монах се сети на тоа „зборни“ и се помоли: „Господи, зборни му во неговото срце за моето покајание, кажи му дека се покајав за сѐ што сторив, и дека му барам прошка и дека јас му простувам“.
И потоа продолжи со раскажувањето: „И следниот пат кога го видов, како да не постоеше ниту еден облак на небото, сѐ исчезна, а пријателството се обнови!“
Од книгата „Обработка на Духот“, од отец Рафаил Нојка.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев