логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

TViTer444

 

Никогаш не треба да очајувате. Ако не сте постигнале нешто, тоа не значи дека не сте успеале. Нема грев кој е поголем од Божјата љубов; не постои грев кој не може да го надвладее Божјата љубов. Исповедајте се, причестувајте се и не повлекувајте се од Црквата. Подобро е да бидеш грешник во Црква, отколку добродетелна личност надвор од неа. Подобро е да бидеш хулиган и да бидеш со Христос, отколку да бидеш добар и да бидеш со ѓаволот. Нашата добрина нема да  нѐ спаси, но ќе нè спаси љубовта која ја имаме кон Христос и духовната борба која ја водиме заради Него.

Еднаш еден монах заспал за време на богослужењето. Монашкиот живот е строг, душата може да копнее кон височините, но телото понекогаш нема сила да ја следи. Службата заврши и ја напуштивме црквата. Додека чекавме да бидеме повикани во трпезаријата, друг монах, за да го задева својот брат, во шега му рече:
„Оче, видов дека заспа во црквата.“
А тој одговори:
„Подобро да спијам во Ноевата арка, отколку да бидам буден надвор од неа!“

Подобро да ве спаси Христос, дури и ако заспиете во црква, отколку за време на поплава да се разбудите на улица. Покајанието е она што ќе нè спаси, а не нешто друго. Затоа мора постојано да се каеме. Зошто е тоа така?
Затоа што постојано грешиме и затоа што не треба да бидеме врзани за гревовите кои ги правиме. Свети Доротеј вели дека дури може и некого да го вознемирувате со начинот на кој го гледате и така да направите грев. Па, што да правиме тогаш? Да се скриеме во јама и неподвижно да чекаме таму додека не умреме?

Штом наутро ги отворите очите, кажете:
„Господе Исусе Христе, помилуј ме! И „Слава на Бог!“. Правејќи така, ќе отидете на Небо, не се сомневајте во тоа. Бидејќи кога личноста вели „Господе Исусе Христе, помилуј ме!“, тоа покажува дека сака да биде со Христос дека нема да греши по своја волја, а ако греши, тоа ќе биде против волјата.

Старец Никон Светогорец

извор- https://zivereci.com/8850

 

Извор:

https://www.tiveriopol.mk/ke-ne-spasi-qubovta-kon-hristos-i-duhovnata-borba/?fbclid=IwAR2mRbCu-pT01WFNY0G2ncY_r55QuXMYxU1_ZaLGvzsTAheUEOS0yXV1HoE

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3408
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3239
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…