логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer638

Знаете ли како ќерката на Бил Грем, во едно ток-шоу, посветено на настаните од 11 септември, на прашањето од водителката Џејн Клејсон: „Како Бог можеше да дозволи да се случи такво нешто?“ Ана Грем ѝ дала многу длабок и проникнувачки одговор.


            Таа рекла: „Верувам, дека Бог исто како и ние, длабоко жали за тоа што се случило. Но, ние со години го прогонуваме Бога од нашите школи, од нашите држави, од нашиот живот. И мислам, дека Бог, како вистински џентелмен, едноставно отстапи. Можеме ли да очекуваме од Бога благослов и заштита, ако притоа бараме да нè остави?“
             Да се сетиме на некои работи… Според мене, сè започна кога Медлин Мјуреј О’Хара (беше убиена, нејзиното тело беше пронајдено неодамна) изјави дека во училиштата нема место за молитва, и ние рековме: „Добро“.
            Потоа, некој рече дека подобро е во училиштата да не се чита Библијата (Библијата, во која е речено: „Не убивај“, „Не кради“ и „Возљуби го ближниот твој, како себеси“!).
И ние рековме: „Добро“.
           Потоа, кога доктор Бенџамин Спук рече дека не треба да применуваме телесни казни кон нашите деца, кога се однесуваат лошо, затоа што со тоа ќе ги повредиме нивните малечки личности – можеме да го повредиме чувството на нивното лично достоинство (синот на доктор Спук го заврши животот со самоубиство). И ние рековме: „Тој е специјалист и знае што зборува“.  И пак рековме: „Добро“.
            Потоа некој рече, дека учителите и директорите не смеат да ги казнуваат нашите деца. А администрацијата во училиштата најстрого им забранува на своите учители да ги прекоруваат непослушните ученици, затоа што не им треба лоша реклама, и дека не сакаат да одговараат пред судот за тоа (постои голема разлика помеѓу казна и прекор, понижување, тепање).
И ние рековме: „Добро“.
             Потоа некој рече: „Ајде да им дозволиме на нашите ќерки да абортираат, ако тоа го сакаат. Така не ќе мора дури ни да им кажуваат на родителите“.
И ние рековме: „Добро“.
             Тогаш, некој умен член на школскиот совет рече: „Момчињата секогаш ќе бидат момчиња и секогаш ќе го прават тоа. Така што, да им дадеме на нашите синови презервативи колку што сакаат, за да можат да се забавуваат колку сакаат. А ние не ќе мора да им раскажуваме на родителите, дека ги добиле во училиште“.
И ние рековме: „Добро“.
              Потоа, некој од, од нас избраната власт, рече дека не е важно што се случува во нашиот личен живот, ако си ја вршиме добро работата. И согласувајќи се со тоа, ние рековме дека не е важно кој (вклучувајќи го и претседателот) со што се занимава во личниот живот, доколку имаме работа и сè е во ред со нашиот финансиски живот.
          Тогаш некој рече: „Ајде да печатиме весници со слики на разголени девојки и тоа да го нарекуваме здрава практична висока оценка на убавината на женското тело“. И ние рековме: „Добро“. Тогаш, некои отидоа со таа висока оценка уште понатаму и почнаа да објавуваат фотографии од разголени деца, а потоа уште понатаму, да ги ставаат на Интернет.
И ние рековме: „Добро, тие имаат слобода на говор“.
            Потоа индустријата на забавите рече: „Ајде да правиме филмови и емисии кои пропагираат насилство, богохулство и забранет секс. Ајде да снимаме музика која ја охрабрува употребата на наркотици, силувања, убиства, самоубиства и сатанизам“.
И ние рековме: „Тоа е само забава, музиката нема негативни ефекти, никој не ја сфаќа сериозно, така што, продолжувајте во тој дух“.

TViTer645
          И сега се прашуваме, зошто нашите деца немаат совест, зошто не можат да направат разлика меѓу доброто и злото, зошто, без да се замислат, убиваат непознати, своите школски или себеси. Можеби, доколку сериозно и долго се замислиме, и ќе си најдеме одговор. Јас мислам дека тука станува збор за тоа: „што ќе посееш, тоа и ќе пожнееш“.
Еден млад човек напишал: „Драг Господи, зошто не го спаси малечкото девојче, кое го убија во нејзината училница? Искрено Твој, вознемирен студент“.
             Еве го одговорот: „Драг вознемирен студенту, Мене не ме пуштаат во училиште. Искрено твој, Бог“.
- Смешно е, колку лесно луѓето се избавуваат од Бога, а потоа се чудат зошто светот се претвора во ад.
- Смешно е, кога веруваме на сè што пишат весниците, а се сомневаме во тоа што пишува Библијата.
- Смешно е, кога сите сакаат да стигнат во рајот, притоа не верувајќи, не размислувајќи, не зборувајќи и не правејќи ништо од она што го вели Библијата.
- Смешно е, кога некој вели „Верувам во Бога“, а го следи сатаната, кој исто така „верува“ во Бога.
- Смешно е, кога ни е толку лесно да судиме, а толку тешко да бидеме судени од другите.
- Смешно е, кога глупите шеги се распространуваат со брзина на светлината, но луѓето двапати ќе размислат дали да споделат со пријателите статус, во кој се зборува за Бога.
- Смешно е, кога сè непристојно, грубо, похотливо и вулгарно, многу лесно може да се најде на Интернет, а во училиштата или на работа, отворената дискусија за Бога е невозможна.

 

Избор од фб профил на Александар Дојчинов

 

Делември 2022 лето Господово

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная